Контакт

Соопштенија

ДОМ: Премиерската функција не е весела математика

Објавено пред

За зелената партија ДОМ, барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч е неприфатливо затоа што води кон поделеност на македонското општество, подем на национализмот и претставува закана за општествениот систем и современиот граѓански концепт – едно општество за сите.

Премиерската функција не смее да се претвори во весела математика од типот 1+3, 2+2, 3+1. Дополнително, ротацијата на премиерската позиција би можела во иднина да стане пракса и за други политички функции, што би довело до нефункционалност на институциите, соопшти партијата.

ДОМ смета дека сите политички субјекти треба да покажат одговорност и конструктивност, да ја остават зад себе предизборната популистичка реторика и да ги стават интересите на граѓаните и државата пред партиските интереси.

„Евроинтеграцијата, владеењето на правото, справувањето со здравствените и социо-економските предизвици од корона-кризата како клучни приоритети на идната влада, презентирани од мандатарот Заев, претставуваат принципиелна основа за обединување разни политички субјекти и формирање парламентарно мнозинство и нова влада. ДОМ бара во програмата на идната влада да бидат вградени и принципите на Европскиот зелен договор на Европската Унија за ефикасна борба против климатските промени и загадувањето на животната средина и заштита на биодиверзитетот“, се додава во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека тонeме во економска криза

Објавено пред

Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека Македонија тонe во економска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на тврдењата од владејачката партија дека и во време на пандемија земјата е атрактивна дестинација за инвестиции.

„Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека поради нивната неспособност без работа останаа над 40.000 граѓани. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата и денот го поминуваат со помалку од 50 денари. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека даноците енормно растат. Во првите денови од нивното доаѓање на власт, СДСМ ја покачи струјата за 7,4%“, се нагласува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека наместо нови инвестиции, СДСМ донел повеќе криминал и корупција во Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: И во време на пандемија сме атрактивна дестинација за инвестиции

Објавено пред

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека процесот на реализација на директните странски инвестиции се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.

„За тоа зборува вториот инвестициски проект на компанијата ‘ВИК (WIK) Македонија’ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка. Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица“, се нагласува во соопштението во кое се додава дека тоа е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата, како и предност од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Советот на Европски полициски синдикати бара брза реакција од властите за нападите врз македонски полицајци

Објавено пред

Претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас (каде што Македонскиот полициски синдикат е рамноправнен член), со писмена реакција се обрати до македонскиот премиер Зоран Заев, до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и до директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, по повод нападите врз македонски полицајци кои се случија во последните неколку денови.

„Ние како CESP најостро го осудуваме насилството врз полицијата, што претставува сериозно кривично дело и ваквите постапки и однесување нема да бидат толерирани. Секој што напаѓа полициски службеник или друг службеник за безбедност треба да се соочи со законот и да сноси сериозни правни последици“, стои во обраќањето на Валадас.

Во него се наведува и дека Советот на Европски полициски синдикати очекува брза реакција од сите релевантни институции во земјата.

„Силно веруваме во ефикасноста на македонските надлежни институции и се надеваме на брзо решавање на ова прашање. Ние ќе продолжиме да бидеме ваш европски партнер и внимателно ќе ги следиме случувањата во вашата земја“, вели претседателот на Советот на Европски полициски синдикати во обраќањето до македонските власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија32 минути

Викенд без ДДВ од 10. до 12. октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ2 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа2 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет2 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ4 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа5 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет6 часа

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија19 часа

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа21 час

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија23 часа

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет1 ден

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет1 ден

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ1 ден

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ1 ден

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија1 ден

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет1 ден

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет1 ден

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Досие