Соопштенија
ДОМ: Секој пратеник да се изјасни дали е за здрав живот, или за нови рудници со цијаниди и сулфурна киселина
ДОМ преку соопштение изразува големо разочарување од текот на собраниската седница на која на дневен ред беше ставен Законот за минерални суровини.
Наместо поддршка на благороден закон кој ја штити животната средина и здравјето на граѓаните, велат од ДОМ се случи тивок бојкот од страна на поединечни пратеници, и како што додават во соопштението само тие си ја знаат причината за тоа.
„Поминаа девет месеци од поднесувањето на Законот од страна на 11 пратеници со различна политичка припадност: Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Мери Лазарова, Кети Смилевска, Диме Велковски и Сашо Атанасов од СДСМ, Горан Милевски од ЛДП, како и независните пратеници – Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, Павле Богоевски и Ферид Мухиќ. По јавната дебата во Собранието со присуство на сите заинтересирани страни, по безброј дебати на медиуми и собири, по вградување на амандмански измени според заклучоците на собраниската комисија за економија, Законот беше спремен за гласање. Во целиот овој процес постоеше соработка и недвосмислена поддршка за Законот од СДСМ и коалицијата, како и од над 40 граѓански еколошки организации и иницијативи“, стои во соопштението на ДОМ.
Од ДОМ исто така во соопштението потсетуваат дека со законот се предлага забрана на употреба на цијаниди и сулфурна киселина при флотација или лужење во нови рудници од отворен коп, и дека тоа не ги засега постоечките рудници. Во соопштенито додаваат со законот се бара и депонирана финансиска гаранција од идните концесионери во случај на еколошки катастрофи, како и јасно наведување на постапката во техничко-технолошки елаборат. А дополнително, се предлага и продолжување на рокот за одговор од локалната самоуправа и државните институции од 15 на 60, односно 30 дена, заради поголема транспарентност, посочуваат од ДОМ.
Преку своето соопштение тие ги повикаа пратениците што поскоро да го изгласаат Законот за минерални суровини, во интерес на сите граѓани, независно од партиска, етничка или верска припадност.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
(Фото) Audi Q5 – Најпосакуван автомобил во Македонија
Со убедливи 43.2% од гласовите, Audi Q5 ја освои главната награда на „Златно Тркало“
Audi Q5 е прогласен за Најпосакуван автомобил во Македонија на годинешното издание на „Златно Тркало – Национален избор за најпосакуван автомобил“, освојувајќи импресивни 43.2% од вкупните гласови. Ова признание претставува силна потврда за довербата и интересот што македонската публика го има кон овој премиум SUV модел.

„Златно Тркало“ претставува уникатен концепт на избор, каде што победникот го одредуваат самите љубители на автомобили – преку онлајн гласање, отворено за јавноста. На овој начин, резултатите директно го одразуваат вистинскиот интерес и желби на пазарот.
Audi Q5 повеќе од 15 години е еден од најуспешните SUV модели во сегментот со средна големина во Европа и Германија. Со најновата генерација, Audi дополнително ја зацврстува оваа позиција, носејќи уште поизразен дизајн, напредна технологија и подобрена ефикасност.

Новата генерација на Audi Q5 е првиот SUV модел базиран на Premium Platform Combustion (PPC) – платформа која овозможува високи технички стандарди, флексибилност и развој на модели со уникатен карактер. Моделот е придвижуван од современи бензински и дизел мотори, дополнително оптимизирани со MHEV plus технологија, која обезбедува подобра ефикасност и пониска потрошувачка.
Дополнително, новата генерација ја надополнува и спортската верзија Audi SQ5, додека во блиска иднина, гамата ќе се прошири и со plug-in хибридни модели.

Со интеграцијата на новата електронска архитектура E³ 1.2, Audi Q5 ги носи најновите можности за поврзување и дигитализација, поставувајќи нови стандарди во сегментот на премиум SUV возила.
Освојувањето на оваа престижна награда уште еднаш ја потврдува позицијата на Audi Q5 како модел кој совршено ги комбинира дизајнот, перформансите и иновативната технологија – токму она што го бараат современите возачи.
(ПР)
Соопштенија
„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA
Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија.
Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“.
Највисоките награди на натпреварот ги понесоа вината Barovo Rosé 2024 и Vranec Luda Mara 2022. Притоа, Barovo Rosé 2024 освои двоен златен медал и Гран-при награда за најдобро розе вино, а Vranec Luda Mara 2022 освои златен медал и Гран-при награда за вино што најдобро се комбинира со корејската кујна.
Останатите наградени вина се: Bela Voda Red 2021, кое освои двоен златен медал, Domaine Lepovo Chardonnay 2023, Babuna Red 2022 и Alexandria Premium Cuvée Rosé 2024, кои освоија златни медали и Barovo Red 2021, кое освои сребрен медал.
„Овие признанија се резултат на нашата долгорочна посветеност, како кон квалитетот, така и кон создавањето вина со јасен идентитет и тероарска автентичност. Нашата амбиција е македонското вино да биде препознаено не само по вкусот, туку и по карактерот што го носи“, истакнуваат од „Тиквеш“.
Винскиот натпревар SAKURA е специфичен по својот уникатен пристап во кој вината ги оценуваат повеќе од 400 сертифицирани жени сомелиери и вински експерти од Јапонија, со особен фокус на нивната компатибилност со азиската гастрономија. Со над 4.000 вина пријавени секоја година, овој натпревар претставува релевантна платформа за позиционирање на вината на еден од најдинамичните светски пазари.
Со овој резултат, „Тиквеш“ дополнително ја зацврстува својата позиција како еден од најрелевантните вински производители од регионот и значаен претставник на имиџот на македонското вино на глобалната сцена.
(ПР)
Соопштенија
За зелена иднина – Mozzart повторно засадува надеж!
Mozzart по втор пат реализира голема еко акција и ја потврди својата посветеност кон здрава животна средина.
Овој пат, вработените со заеднички сили засадија 2990 садници во селото Кучково, на површина која беше зафатена од пожар.

Во соработка со ЈП Национални Шуми, беа засадени даб, црн бор, јасен и багрем – симбол на нов живот и свежа енергија.
„Со оваа акција не само што придонесуваме за пошумување, туку и градиме зелена иднина за новите генерации. Тимската енергија и заедништвото уште еднаш покажаа дека Mozzart е победнички тим – и на теренот, и во општествената одговорност,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

За својата заложба, компанијата доби благодарница од ЈП Национални Шуми – признание за искрена грижа и вложен труд.
Mozzart со вакви акции ја зацврстува својата лидерска позиција и испраќа силна порака: кога работиме заедно, создаваме подобро утре.
(ПР)