Контакт

Соопштенија

Донев: Георгиески предлага нови 40 административни вработувања што ќе ја чинат Општината речиси 110 илјади евра

Објавено пред

Наместо проекти за охриѓани, СДСМ и в.д. градоначаликот Константин Георгиески спроведуваат партиски вработувања. За Георгиески, важни се партиските интереси, а не да се грижи за интересите на граѓаните, изјави денеска Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Крајно несериозен и скандалозен е ваквиот однос на градоначалникот Георгиески.
Од една страна, Георгиески нема пари за улично одржување во зимски услови и го остави Охрид неисчистен од снегот, а од друга, преку Општината како основач на ЈП „Охридски комуналец“, на следната седница на Советот предлага нови 40 административни вработувања, од кои 16 унапредувања во претријатието.

Овие партиски вработувања ќе ја чинат Општината над 6.600.000 денари или околу 110 илјади евра на годишно ниво. Наместо нови товарни моторни возила со опрема за чистење снег, парите ќе се трошат за партиски вработувања.

Требаше да поминат само неколку недели за да му го видиме вистинското лице на Георгиески. Не може да се претставува како в.д. градоначалник на сите граѓани, а спротивно на тоа приоритет му се теснопартиските интереси.

Систематското решавање на проблемите треба да биде приоритет, пиењето чај е добар потег, но на тие луѓе им треба современа механизација за успешно завршување на работата и што побргу да се вратат во своите топли домови“, изјави Донев.

ВМРО-ДПМНЕ, додава тој, бара од градоначалникот Георгиески како предлагач веднаш да ја повлече точката за нови 40 вработувања во ЈП „Охридски комуналец“.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги пушта низ вода сите, само за да се амнестира себеси

Објавено пред

Заев е очаен и заглавен во криминал, искусните кадри го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа оние со кои ја креираше коалицијата за криминал и мафија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ.

„Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција. И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека со ваквите одлуки Заев покажал дека нема намера да ја реформира СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, премиерот се обидува да се дистанцира од актуелните случувања, иако, како што велат, тој е главата на криминалниот октопод.

„Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот ‘Рекет’, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод“, порачуваат од опозициската партија, од каде велат дека СДСМ го трча последниот круг на власт.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ги напушта седниците на советот на општина Аеродром

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изјавија дека нема да учествуваат во работата на советот на општина Аеродром сè додека претседателот на општинскиот комитет на опозициската партија, Дејан Митевски, е во притвор во затворот Шутка.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром сè додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка“, изјави денска Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.

Тој нагласи дека Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници.

„Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митевски, е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев“, посочи Антовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Борбата против климатските промени да стане врвен приоритет, бара младинската организација на ДОМ

Објавено пред

Младинската организација на зелената партија ДОМ (МОДОМ) се приклучува на протестот организиран од Fridays for future („Петоци за иднината“) во борбата против климатските промени.

Од таму информираат дека се свесни за катастрофалните последици од климатските промени и бараат надлежните интституции да преземат итни мерки за справување со климатската криза.

„Апелираме преку користење на обновливите извори на енергија, исфрлање од употреба на фосилните горива, подобрување на јавниот транспорт и органското производство на храна, итната борба против климатските промени да почне веднаш“, повикуваат од МОДОМ.

Од таму апелираат до Советот на Град Скопје да ги поддржи барањата поднесени од иницијативата Fridays for future и активно да се вклучи во светската борба за заштита на планетата.

Воедно, ги повикуваат и сите млади на 20 септември да се приклучат на маршот против климатските промени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет53 минути

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија11 час

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија13 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Свет14 часа

Сточари и дрвосечачи поттикнати од бразилскиот претседател ги прават пожарите во Амазонија, тврдат еколозите

Пожарите во Амазонија ги предизвикале сточари и дрвосечачи, кои, охрабрени од политиката на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сакаат да ја...

Европа15 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ20 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ21 час

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија21 час

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија22 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија22 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет23 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија23 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа24 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија1 ден

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион2 дена

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија2 дена

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија2 дена

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија2 дена

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија2 дена

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Досие