Соопштенија
ДУИ: Нова двојазична химна најдобро ќе го одразува нашето општество

Еден од врвните приоритети на првиот премиер Албанец ќе биде усогласување на државните симболи, особено на химната на нашата земја, која секако треба да претставува репрезент и на мултиетничкиот состав на населението, велат од ДУИ.
Според партијата, тоа би значело вклучување и на дел од културното наследство и традицијата на Албанците во рамките на химната, како и употреба на албанскиот јазик соодветно на учеството на Албанците во заедничкото општество.
„Онака како што со имплементацијата на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија се гради надворешната интеграција на земјата, така и со заокружување на општествената рамка од Охридскиот договор, ќе ја засилиме и внатрешната интеграција и ќе го зацврстиме унитарниот карактер на земјата“, објаснуваат од партијата на Ахмети.
Од таму порачуваат дека еден од партиските приоритети во следниот мандат ќе биде целосното интегрирање на Албанците, на албанската традиција, култура и јазичен израз во сите сфери на општественото живеење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: НАТО им удри дипломатска шлаканица на Шекеринска и Пендаровски

„Угледот на македонската армија и на Република Македонија го рушат Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски. Македонија 2,5 години нема воен претставник во седиштето на НАТО затоа што НАТО го одби кандидатот што Шекеринска и Пендаровски го испратија. Тоа е дипломатски скандал од највисок степен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, самиот факт што пулените на Шекеринска и Пендаровски не ги поминуваат НАТО-филтрите говори дека власта го руши угледот на државата.
„Ова отвора и ново прашање – дали кадарот на Шекеринска и Пендаровски е вратен од страна на НАТО затоа што бил соработник на странска тајна служба од земја што не е стратешки партнер на Македонија? Залудни се обидите на СДСМ да ги исперат Шекеринска и Пендаровски и вина да бараат во други. НАТО даде потврда на нивната неспособност и аматеризам со дипломатската шлаканица што им ја удри“, се додава во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Пописот е важна статистичка операција, повикот за бојкот е повик за кршење на законите

„Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис во согласност со меѓународните стандарди и прописите на Евростат. ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно“, соопшти СДСМ.
Според партиите, бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Мицкоски, значи и повикување на кршење на законите.
„Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во Европа и светот. Да биде појасно, пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот. Победници од пописот ќе бидат граѓаните, компаниите, институциите, кои конечно ќе имаат на располагање точни и веродостојни податоци, неопходни за планирање, креирање политики и стратегии. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, но нема да спречат одржување попис во согласност со меѓународните стандарди и пракси“, се вели во соопштението.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лаже за фрижидерите за чување на вакцината против коронавирусот

„Венко Филипче сега лаже и за фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините против коронавирусот. Додека граѓаните во Европа и светот се вакцинираат против коронавирусот, избираат со каква вакцина сакаат да се вакцинираат, Филипче не може да набави фрижидери за чување на вакцините, а нема ни вакцини“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, кон средината на декември, односно на 13 декември минатата година, Филипче изјави дека потребните фрижидери за чување на вакцината против коронавирусот ќе стигнат кон средината на јануари годинава, а викендов вели: „два фрижидера се веќе тука, уште три во текот на следните недели“.
„Повторно лаже! Фрижидери уште нема! Филипче рече дека ќе има речиси милион и двесте илјади вакцини или 800 илјади дози од ‘Фајзер’, приближно толку и од Ковакс-механизмот и преку Европската делегација. Ама и нив ги нема. Освен лаги, од Филипче нема ништо друго. Нема ни трага ни глас и од долгонајавуваните вакцини. Филипче вели не стигнале доволно колични вакцини од ‘Фајзер’ во земјите челенки на ЕУ, затоа немало и за нас. Си кажа и дека нема сè уште ни договор со ‘Фајзер’ или за кратко време договорот ќе биде склучен. Според Филипче, целосно е подготвен системот во однос на складирање, план на дистрибуција, идентификување критични групи според приоритет. Како тоа сè е подготвено кога нема доволно фрижидери за складирање, а нема ни што да складира – нема вакцини!
Филипче не го подгототви ни здравствениот систем да одговори на пандемијата, не набави соодветни лекови, лаже за вакцините, лаже за фрижидерите во кои треба да се скалидираат тие. Цената за неспособноста и лагите на Филипче е многу голема и ја плаќаат граѓаните со својот живот, затоа одговорност и оставки мора да има“, се додава во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира