Контакт

Соопштенија

ДУИ оснива 35 општински штабови за референдумот

Објавено пред

Централниот Штаб на Демократската Унија за Интеграција за референдумот на 30 септември одржи состанок во седиштето на партијата во Тетово со 35 – те шефови на општинските штабови на ограноците на ДУИ.

Шефот на Централниот штаб , др. Атила Рецепи, го утврди основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ и им додели одлуки на избраните шефови на општинските штабови пожелувајќи им успешна работа.

На овој состанок се усвои и агендата на средбите на претседателот Ахмети со граѓаните, стратегијата на делување на терен од нашите структури како и се сподели политичката платформа за референдумот усвоена на седницата на Централниот одбор на ДУИ.

Централниот штаб на Демократската Унија за Интеграција оцени дека на 30 септември се одлучува за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, додека собирите со граѓаните ќе ги почне во понеделник во Тетово а ќе ги заврши во Скопје.

Соопштенија

СДСМ: Дали на Стоилковски му пречи Русковска затоа што е жена?

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, познат по шовинистички статуси и денеска продолжува да шири лажни вести и невистини, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на која тој рече дека три месеци повикува да се расчисти случајот во врска со тендерот на владиниот генерален секретар, Драги Рашковски, а обвинителката Русковска одговара само со содржински празни соопштенија.

„Дали на Стоилковски му пречи обвинителката Русковска затоа што е жена“, прашуваат од владејачката партија.

„Наместо да рециклира стари и веќе демантирани лаги, Стоилковски треба да го повика Мицкоски да одговори дали Орце Камчев, тајкун на режимот и обвинет во предмети на СЈО, преку негови фирми, бил финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во партиската реакција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата во случајот ,,Рекет” е фарса

Објавено пред

Истрагата во случајот „Рекет“ е фарса, која има цел да го одвлече вниманието на јавноста од Зоран Заев и врвот на власта, без кој милионскиот рекет и воопшто не би бил можен. Случајот е пријавен уште во април по што требаше да се случи медиумски притисок за власта да се реши да жртвува две пипки од октопот, Боки 13 и Зоки Кичеец, само со цел заштита на Јанева и Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, на Јанева смислено ѝ беше оставен 1 месец по апсењето на Боки 13 и Зоки Кичеец за да има доволно време да скрива докази и да влијае врз сведоци и истрагата како би се уништиле трагите што водат кон неа и кон главата на октоподот – Зоран Заев.

„По еден месец откако Јанева е во притвор, истрагатa тапка во место. Нови приведени нема. Има само најави од Владата за формирање тим и наводна акција на УЈП со задоцнување од три месеци. Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат? Дали се работи за тоа каде завршувале парите и за што тие биле трошени!? Дали се крие дека можеби парите завршиле на Илинденска и со нив е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?
ЈО со ваквиот начин на работа само дополнително се компромитира. Граѓаните очекуваат ефективна и ефикасна истрага. Импровизации на сметка на правната држава не смее да има. Никој, па ни Заев не смее да биде поштеден. За нормално функционирање на државата, потребен е пад на оваа власт. Потребни се предвремени парламентарни избори што побргу“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ : Нови мерки со ребалансот на буџетот за ново покачување на платите

Објавено пред

Нови мерки со ребалансот на буџетот за ново покачување на платите, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандардСДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и имплементација на реални и развојни економски мерки кои економијата ја движат напред и носат се повеќе пари во семејните буџети, соопшти партијата.

Со ребалансот на Буџетот којшто од денеска влегува во собраниска процедура предвидени се нови мерки за покачување на платите, за повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

,,Ребалансот на буџетот обезбедува дополнителни 400 милиони денари за субвенционирање на придонеси за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари.Дополнително обезбедени се 200 милиони денари за вработување со што се потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ да ја намали невработеноста која веќе е на историски најниски досега 17.5%.

Бројни економски параметри покажуваат дека имаме активна, конкурентна и силна економија која нуди еднакви шанси за сите.Просечната нето плата годинава е повисока за 3.5 отсто.Минималната плата порасна до 12.507 денари и е еднаква во сите стопански гранки, се разговара и за ново покачување.Од септември годинава покачени се платите на сите вработени во јавната администрација за 5 отсто.Доказ за успешноста на економските реформи на Владата предводена од СДСМ се официјалните податоци кои потврдуваат дека во првите два квартали од 2019 година имаме над 3 проценти раст на БДП.Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на условите во економијата со цел да се обезбеди економски раст, повисоки плати, помали трошоци и повеќе пари за сите граѓани, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет4 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија10 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија10 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија11 час

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион11 час

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ12 часа

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија12 часа

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ12 часа

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет13 часа

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет13 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет13 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија14 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија15 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт1 ден

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија1 ден

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија1 ден

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија1 ден

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Досие