Контакт

Соопштенија

ДУИ по Брвеница, се сретна со граѓаните на Боговиње

Објавено пред

Демократската унија за интеграција по општина Брвеница ја посети и општина Боговиње каде што пред граѓаните на општината се појасни важноста од гласањето на референдумот на 30 септември.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека овој е моментот кога сите заедно, Албанци и Македонци, се во иста линија за зачленување на земјата во НАТО и Европската Унија.

„Најголемата вредност на договорот од Преспа е што конечно нема веќе сонувања за нови конфликти, конечно земјата и регионот чекорат кон една одржана стабилност зачленувајќи се во најголемата политичко-воена организација НАТО и Европската Унија. Не сакам да создадам илузија дека нема да се случи зачленувањето во Европската Унија, бидејќи е процес што може да одземе многу време, но не и бескрајно, бидејќи клучот е на 30 септември, затоа што по овој датум се отвораат вратите на НАТО каде по 15 месеци ќе бидеме полноправна членка, и за ова ви гарантирам. На 30 септември се отвораат вратите и за влез во Европската Унија, за што во јуни следната година ќе почнат преговорите за членство. Затоа ајде сите заедно  на 30 септември да гласаме за иднината на новите  генерации”, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во Боговиње, освен претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред граѓаните се обратија и пратеникот Џеват Адеми и  вицепремиерот Хазби Лика, кои исто така упатија повик да се гласа за европска Македонија на 30 септември.

Соопштенија

(Видео) Манасиевски: Студентските домови се руина, а студентите се оставени сами на себе

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден студентите од „Стив Наумов“ на овие ладни температури беа оставени без парно греење. Системот за греење откажа кога пукнаа цевките по што вода се разлеваше низ ходниците на студентскиот дом, а студентите смрзнуваа цела ноќ, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Студентските домови се руина, а студентите се оставени сами на себе да живеат во нехуманите услови. Не само што состојбата не се подобрува, туку условите никогаш не биле полоши. Мувлосана храна, ладна вода за капење, без струја, без греење, ужасни санитарни јазли, расипани лифтови и тон ѓубре се слика од секојдневието во студентските домови.

Владата покажа колку ѝ се важни студентите и условите во кои живеат со ребалансот на буџетот, со кој скрати дури 100 милиони евра предвидени за изградба и реконструкција на студентски домови. Студентскиот стандард и условите во кои живеат студентите за власта беа уште една изборна измама. Да потсетиме дека Владата во јуни годинава донесе одлука за итна реконструкција на „Стив Наумов“, па му требаше 4 месеци на директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски, да изработи техничка документација за санација. Па шест месеци подоцна повторно прашуваме: До каде се новите лифтови, до каде е решението за новите тоалети, до каде е репарацијата на покривот на „Стив Наумов“? До каде е обезбедувањето човечки услови во домовите?

Наместо студентски град и хумани услови за живеење, имаме влада што ЌЕ изгради, ЌЕ реновира, ЌЕ санира и ЌЕ обезбеди услови за подобар живот на студентите. Неспособноста на студентските челници оди дотаму што важно за нив е само нивниот кариезирам, а не обезбедувањето човечки услови во студентски домови. Функционерите од власта, доколку еден ден поминат во студентскиот дом „Стив Наумов“, ќе сфатат зошто над 70 отсто од младите си заминуваат.

Студентските домови не блескаат, туку тонат во мизерија. Блескаат само лагите за студентските градови, кои власта велеше дека ќе ги гради во Скопје, Штип, Битола и во Тетово. Со лагите што блескаат и мизерниот живот на македонскиот студент нема да се вратат младите. Напротив, тие заминуваат во сè поголем број затоа што власта не успеа да обезбеди човечки услови во студентските домови и подобрување на студентскиот стандард. Со промена на власта студентите ќе го добијат заслужениот достоинствен стандард“, вели Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што финансирале фирмите на Камчев

Објавено пред

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со денови молчат на јавно поставени прашања поврзани со кампањата на Гордана Силјановска за претседателските избори, соопшти СДСМ.

„Наместо бледи соопштенија од белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред јавноста и да одговорат: Што финансирале фирмите на Орце Камчев за ВМРО-ДПМНЕ?

Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ? Најновата афера во ВМРО-ДПМНЕ мора да се расчити до крај од надлежните институции, особено што е поврзан и со фирмите на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО“, се додава во соопштенеото на партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ФРОДЕМ: Господине Макрон, спијте мирно, реформите се во полн ек

Објавено пред

По денешното рочиште на случајот „Рекет” од однесувањето на судијката и обвинителката за организиран криминал при испитувањето на сведоците и обвинетите станува сè појасно дека целата постапка ќе заврши со пресуди само за Боки 13 и Катица Јанева. Станува сè поочигледно дека надлежниот обвинител сé уште нема намера да ја прошири истрагата и да обвини други лица кои директно или индиректно учествувале во аферата „Рекет”. А оваа афера е само капка во морето наречено ,,македонско дабл постранзициско политичко-судско милје”, соопшти ФРОДЕМ.

Според партијата, ова пасивно однесување и очигледно засега селективен пристап во целиот случај дава сериозен сомнеж дека надлежното обвинителство нема намера да ја истера правдата и вистината до крај и дека сé ќе се сведе на судска пародија.

„Истовремено овој случај ја покажува и гнилосата на целокупниот правосуден систем поради вкоренетата и втемелена политичко-бизнис наместо професионална и законита и уставна ориентираност на индивидуи инволвирани во процесот. Поради личното директно или индиректно замешеталството и лукративни цели на поединци од обвинителствата, судството, адвокатурата и политиката сè повеќе се доразградува и онака разградениот правосуден систем и докрај се рушат идеалите за вистина и правда.

Сијамските близнаци (власта и опозиција) позади сцената со широко насмеани усти ги тријат рацете бидејки сè оди според планот и зацртаното сценарио. Важно е некој од нив повторно ќе биде на власт по изборите во април наредната година и ќе продолжи таму каде што застана близнакот кој досега беше на власт. Тоа што народот сè повеќе останува со подзината уста и со сé попразен стомак, а системот е до „коска” руниран и не е така битно прашање, затоа што најважна е забавата за широките народни маси, посебно кога по толку време во главниот град се репризира (по којзнае којпат) политичко-судискиот циркус“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека додека трае оваа реприза на циркуската претстава најважно е судиите и понатаму да дозволуваат да застаруваат кривичните дела, обвинителите малку потајно да рекетираат и да соработуваат со обвинетите, адвокатите и судии да си ги зацврстат меѓусебите односи и спреги доколку ги запоставиле или им попуштиле во меѓувреме, а амнестираните пратеници да го надополнат сопственото чекмече. Министрите слободно можат да продолжат со истото темпо, бидејќи и така никој нив не ги гони за ништо.

„ФРОДЕМ јавно му порачува на француски претседател Емануел Макрон да не се инаети повеќе и мирно да спие бидејќи ‘реформите’ се во полн ек. Во Република Македонија тече мед и млеко за сите оние кои го поддржуваат и кои се дел од ‘Македонското дабл постранзициско политичко-судско милје’. Затоа господине претседателе Макрон, морате веднаш да нè примите во Европа вакви какви што сме, бидејќи за никаде сме“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија3 часа

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Свет3 часа

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија3 часа

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет5 часа

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион5 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија18 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија18 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет20 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион20 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија23 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија1 ден

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија1 ден

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија1 ден

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет1 ден

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет1 ден

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Досие