Контакт

Соопштенија

ДУИ: 72,5% од граѓаните ја поддржуваат идејата за премиер Албанец

Објавено пред

Oд Демократската унија за интеграција информираат дека петицијата за нивната иницијатива „Јас верувам“ за избор на првиот премиер Албанец во Северна Македонија добила широка поддршка од албанските, но и другите гласачи.

„За само 24 часа петицијата е потпишана од повеќе од 5.000 лица кои силно ја поддржуваат иницијативата за избор на првиот премиер Албанец во Северна Македонија“, истакнуваат од партијата.

Од таму додаваат дека на страницата www.kryeministrishqiptar.mk граѓаните продолжуваат силно да ја
даваат нивната поддршка.

„На последните анкети објавени денес, повеќе од 72,5% од граѓаните ја поддржуваат идејата за премиер Албанец“, тврдат од партијата на Ахмети.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ предвидува нови градинки за најмалите и засилена грижа за најранливит

Објавено пред

Благостојбата на сите граѓани е еден од најважните сегменти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Во програмата Проект Обнова се предвидува реална помош на ранливите групи граѓани.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба на нови детски градинки со кои ќе ги зголемиме капацитетите за згрижување на децата. Ќе се отворат детски градинки во Битола, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Кочани, Кичево, Ресен, Гостивар, Маврово-Ростуше, Аеродром. Отворање на градинки во состав на државните институции, како и финансиска помош на приватни компании коишто би сакале да го направат истото. Со овој проект ќе се отворат и нови работни места. Заради зголемена безбедност на децата, како и поголема контрола и надзор над вработените во овие установи, ќе се воведе видео надзор чиј начин на употреба и располагање ќе биде усогласен со Законот за заштита на лични податоци и нема да се дозволи злоупотреба. Бесплатни градинки за сите деца од семејства со минимални приходи.

Дополнително за ранливите групи на граѓани предвидуваме субвенционирање на трошоците за потрошувачка на енергенси да биде во висина на износот по фактура, а најмногу до 1000 денари месечно за платените сметки во тековната година. Ветуваме бесплатна возачка дозвола за лица со статус деца без родители и родителска грижа“, соопшти партијата.

Еден од најважните проекти на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде отворање на дневни центри за деца и лица со пречки во развојот. Овие центри ќе даваат услуги за дневно згрижување, престој, нега, исхрана, психо-социјална рехабилитација и ресоцијализација, советодавна работа и организирано поминување на времето на децата со пречки во развојот кои живеат во своите биолошки семејства или се сместени во згрижувачки семејства. Предвидуваме бесплатна бањско-климатска рекреација за лица со инвалидност. Бесплатна рехабилитација на деца и млади со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци и возрасни лица со телесен инвалидитет. Стипендии за студенти со телесен инвалидитет. Ослободување од давачки за набавка на возило за лица со инвалидитет. Бесплатно користење на спортски објекти за децата со посебни потреби. Предвидуваме финансиски грант од домашни или меѓународни извори реализиран преку јавен оглас за отворање на 5 домови за стари лица од приватни компании.

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе формира комбиниран систем на квотно вработување на лицата со инвалидитет, како и активни стимулативни мерки за работодавачите кои ќе вработуваат лица со инвалидитет. Исто така, задржувањето на овие лица ќе се поддржи со даночни ослободувања, како и обуки за стручно усовршување и доквалификување.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воспостави нулта толеранција за различните облици на насилство на кои се изложени жените. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, соопшти партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го урна системот во Македонија за да инсталира систем на криминал

Објавено пред

Црниот биланс од коронавирусот во последното деноноќие е 173 новозаразени и 15 починати.Додека граѓани заболуваат и умираат, Венко Филипче снима спотови, оди на митинзи со Зоран Заев и се препукува партиски со здравствените власти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Македонија со 6625 заболени и 321 починати е црн рекордер во регионот по бројот на сто илјади жители.

„Ваквите бројки одат на совеста на Заев, Филипче и СДСМ кои имаат други приоритети наместо здравјето и животите на граѓаните. Вирусот наречен власт на Заев е подеднакво опасен како и коронавирусот. Овој вирус ја разјадува Македонија, ја осиромашува, создава систем на корупција криминал и рекет, наместо да гради систем на квалитетно здравство, образовани и економија.

Видовме дека овие три години власт на СДСМ и Заев времето било трошено да се направи некој дил со контроверзни бизнисмени кои самите признаваат дека давале и по 300 илјади евра за да им се заврши работата. Гледавме како торби со милиони евра и снопчиња со пари биле разнесувани низ цела Македонија, а за што постои сведоштво дека на крајот завршувале кај Вице и Зоран Заеви.СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопатишта, железничко поврзување со Бугарија и набавка на пет возови

Објавено пред

Патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис-секторот. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, клучни проекти во овој сектор ќе бидат изградбата на автопатот Кичево – Охрид, проширување на патот Гостивар – Тетово со што би се добил современ автопат, изградба на автопат Прилеп – Битола и експресен пат до Меџитлија, довршување на експресните патишта Градско – Прилеп, експресниот пат Штип – Кочани и Штип – Радовиш и др.

„Дополнително ќе се изработат проектните документации за автопатот Гостивар – Кичево, експресниот пат Струмица – Смоквица и автопат од Требеништа до Струга и друго. Во делот на железничката инфраструктура се предвидува отпочнување на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка – Деве Баир, но и набавка на 5 нови патнички возови и генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со ковид-19. Според последните податоци, На Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет24 минути

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176,000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Регион1 час

Повторно вонредна состојба во Белград

Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ изјави дека денеска во главниот град на Србија ќе биде прогласена вонредна состојба, јавуваат тамошните...

Македонија1 час

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести денеска се очекува да разговара за...

Регион1 час

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени со...

Македонија12 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет15 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт15 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија16 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија17 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија18 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија18 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Спорт21 час

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија22 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија23 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет24 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет24 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија1 ден

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет1 ден

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Досие