Контакт

Соопштенија

Европските зелени: ЕУ мора да обезбеди Северна Македонија да биде чекор поблиску до членство

Објавено пред

Во вторник, 17 ноември, министрите за европски прашања ќе се состанат за да се договорат за конечниот став на ЕУ за отпочнувањето пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија. Процесот со Северна Македонија, сепак, повторно е пред блокада, со најавеното бугарско вето на договорот.

„Европската зелена партија и нејзините партии членки од Бугарија и Северна Македонија силно го поддржуваат започнувањето на разговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија и прифаќањето на рамката за преговори со ЕУ без одлагање. Цврстата европска ориентација на Владата на Северна Македонија и демонстрираните макотрпни и на крајот успешни напори на државата за спроведување значајни и неопходни реформи на патот кон членството, беа признати од страна на земјите членки на ЕУ во март 2020 година. ЕУ мора сега да одговори на очекувањата на граѓаните на Северна Македонија за европска иднина, со изразување почит за нивните напори и со конечно отпочнување на пристапните преговори“, се наведува во соопштението на Томас Вајц, копретседател на Европската зелена партија и европратеник, Маја Морачанин, претседателка на ДОМ, партија членка на Европската зелена партија, од Северна Македонија и Борислав Сандов, копретседавач на Зелено движение, партија членка на Европската зелена партија, од Бугарија.

Во него се додава дека ЕУ е изградена врз разновидноста на нејзините членки, врз богатата културна историја на луѓето што ја сочинуваат и врз правото на секоја заедница на самоопределување и самоидентификување.

„Дебатите меѓу соседните земји треба да се решаваат врз билатерална основа и не треба да се користат како преговарачки токени за блокирање на процесите на ниво на ЕУ. Како што е истакнато во Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија од август 2017 година, двете страни ја поздравуваат посветеноста и аспирацијата на Република Северна Македонија за нејзиното интегрирање во европските и евро-атлантските структури. Крајно време е овие зборови да се претворат во акција“, пишува во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев може да одговара за велепредавство штом прифатил учебници по бугарски терк

Објавено пред

Заев кажа дека ќе ги менува учебниците по историја од 2021 година, што значи дека ќе имаме учебници по бугарски терк, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соред нив, како што го нарекуваат, премиерот во заминување Заев менувајќи ја историјата го менува идентитетот на Македонците.

„Заев и официјално почна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од сè што е македонско и прави ретуширање на историјата. Велепредавникот Заев да каже дали го продаде АСНОМ, прифати ли дека бугарската окупација за време на Втората светска војна била администрација, го продаде ли Илинден, Гоце Делчев?“, јавно прашуваат од опозициската партија.

Од таму повикуваат дека сега е моментот сите граѓани да се освестат и да одлучат дали ќе се спротивстават на ова и ќе го заштититат македонскиот идентитет или ќе бидат соучесници во бришењето на македонската историја, сегашност и иднина.

„Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и откажување од народните херои ќе одговара за велепредавство“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ДПМНЕ среде пандемија со 500 неразумни амандмани го кочи Законот за здравствена заштита

Објавено пред

Срамно е што среде пандемија ВМРО-ДПМНЕ со 500 амандмани се обидува да го блокира усвојувањето на измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години, соопшти СДСМ.

„Ова е вистинското нехумано лице на ВМРО-ДПМНЕ, нивната лажна загриженост за здравјето на граѓаните и продолжение на опструкциите што од почетокот на пандемијата ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот.

Во многу сериозен период од пандемијата со коронавирусот додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, неодговорната опозиција работи на штета на граѓаните.

Сега со поднесување на илјадници апсурдни и бизарни амандмани на предложените измени на собранискиот Деловник, со кои би се овозможила работа на далечина на пратеници што се во изолација, како и со кочење на Законот за здравствена заштита, опозицијата се обидува да го направи парламентот нефункционален кога треба да се носи буџетот за 2021 година, кога 300.000 граѓани чекаат платежни картички, а компаниите финансиска поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и надвор од него прави блокади и деструкции, кои се опасни и штетни за државните и национални интереси, спротивни на интересите на граѓаните.

Собранието е тука да им служи на граѓаните, а не на политикантството на ВМРО-ДПМНЕ, кое поради лицемерно и неодговорно однесување е во опозиција и уште долго ќе остане во опозиција“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче, која значи смрт за народот

Објавено пред

Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче, која значи смрт за народот, и неодговорноста на власта ги чини граѓаните здравје и животи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.342 нови заразени и 22 починати лица од коронавирусот. Со ова Македонија достигна до 1.847 жртви и е во земјите црни рекордери на светско ниво по смртност на милион жители.

Неспособните Заев, Филипче и изгубениот Ангелов не преземаат никакви мерки да ги заштитат граѓаните, туку само манипулираат со јавноста дека сè е под контрола. А, контролата одамна е изгубена, болниците се преполни, пациентите немаат доволно кислород, за тестирање граѓаните чекаат со денови, а со часови да дојде брза помош. Секојдневните сведоштва на граѓаните ги демантираат лагите на власта. Нивните лаги убиваат, за жал, секој ден и тоа луѓето го плаќаат со своите животи.

Оставки и одговорност мора да има, бидејќи епидемијата наречена власт на Заев е подеднакво опасна како и коронавирусот“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ2 часа

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион2 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Македонија3 часа

Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија, тврди бугарски весник

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот...

Топ3 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион3 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија4 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија4 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион5 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет5 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа18 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија19 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија20 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија20 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија24 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен24 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ24 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет1 ден

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет1 ден

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Досие