Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Бугарија нѐ множи со нула, а власта го смета за успех бришењето на македонската нација

Објавено пред

Очигледно власта го губи компасот. Бугарија нѐ множи со нула, а власта го смета за успех бришењето на македонската нација, јазик, историја и откажувањето од Македонците во Пиринска Македонија, велат од Единствена Македонија.

„Единствена Македонија ѝ честита на власта на рамнодушноста, но, не и завидува на наивноста и глупоста. Власта се фали со со успеси во решавање на спорните прашања со Бугарија а претходно и со Грција иако власта доживува целосен пораз со немерлива штета за македонскиот народ и македонската држава“, велат од партијата.

Единствена Македонија прашува каква е таа успешна политка со која се фали власта, а Бугарија нуди непристоен пазар – датум за преговори за Македонија во замена за подарување на Бугарија на сѐ што е македонско.

„Како и да е, народот да не наседнува на лажната пропаганда на власта. Дури Македонија и утре да стане членка на ЕУ пак ќе си биде исто. Доолку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард. Единствена Македонија ветува дека ќе ја придвижи Македонија кон членство во сојузи и меѓународни организации согласно референдумската волја на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија од 30 септември 2018 година“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Пописот ќе се одржи на пролет, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи оваа статистичка операција

Објавено пред

Пописот ќе се одржи на пролет, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи оваа статистичка операцијА, велат од СДСМ.

„По речиси две децении во државата се создадени сите нормативни услови за спроведување на попис, по сите меѓународни стандарди и по прописите на Евростат, откако мнозинството во собранието предводено од СДСМ, го изгласа законот за попис. Со пописот што ќе се одржи на пролет, со оваа најобемна статистичка операција ќе се соберат релевантни, точни податоци за географски, демографски, економски, образовни, миграциски, културолошки карактеристики како и информации за инвалидитет, односно функционална попреченост на населението“, велат од партијата.

Овие податоци, велат од СДСМ, се од непроценливо значење за креирање на многу економски политики, рамномерен регионален развој, соодветни политики во образованието, здравствената заштита, културата, односно за креирање на издржани политики и стратегии за сестран развој на државата.

„Опструкција на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е начин да се помогне на државата, туку се одмага, како што е случај за многу работи во последните години. Губитникот Христијан Мицкоски со повикот за бојкот на пописот ги поттикнува граѓаните на кршење на законите, а токму последниот обид за попишување на населението во 2011 година пропадна поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ повторно се поразени, им пропаднаа обидите државата да остане без важна статистичка операција, оваа пролет ќе има попис“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака политички попис

Објавено пред

СДСМ целосно одби употреба на фингерпринт терминали при попишување, со што ќе може да се попишат само оние кои се реално присутни, односно резидентно население. Доколку власта сака статистика, тогаш немаше да има воопшто проблем со употреба на фингерпринт терминали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев сака попис кој е однапред договорен, со испазарени бројки. Заев ќе спроведува попис со едноставно диктирање на матични броеви без дополнителна проверка. Дека СДСМ не сака реален попис е доказ и дека ги одбија сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаа за цел подобрување на законот за попис“, велат од партијата.

Од таму велат дека се што прави власта е на сила и на штета на граѓаните.

„Дополнително на се, власта не се откажува од пописот, иако во време на пандемија тој е исклучително опасен. Имено од попис се откажаа држави како Германија, Србија и други, но не и Заев. После се разумот е последното нешто кое го очекуваме од Заев, но затоа го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за попис и да го спречи овој фалсификат во обид“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Просечната плата е зголемена 7 %

Објавено пред

„Успешните економски политики што ги креира и реализира СДСМ даваат позитивни резултати и во време на најтешката глобална здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Просечната плата во државата на годишно ниво бележи раст од 7 %, односно 1.800 денари, покажаа официјалните податоци на Државниот завод за статистика“, соопшти СДСМ.

Според истиот извор, просечната плата во ноември 2019 година изнесувала 25.787 денари, а во истиот месец 2020 година е зголемена на 27.588 денари.

СДСМ како одговорна партија посветено работи за подобар животен стандард за граѓаните, создавање услови за рестарт на економијата и уште побрз раст на платите, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион14 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет14 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Свет17 часа

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија19 часа

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа20 часа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија20 часа

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија21 час

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ22 часа

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија22 часа

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија23 часа

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија23 часа

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион23 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа24 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет1 ден

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа1 ден

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет1 ден

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет2 дена

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа2 дена

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Македонија2 дена

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите...

Досие