Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Граѓаните се победници во првиот круг со слабиот одѕив на изборите

Објавено пред

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија се победници во првиот круг на претседателските избори со слабиот одѕив на изборите, соопшти Единствена Македонија.

Според партијата, и покрај големиот поткуп, ветувања за вработувања и организираното носење по списоци на гласањето од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, народот покажа дека не се плаши од заканите и притисоците и дека државниот интерес го става над личниот интерес.

„Народот покажа дека сака македонски кандидати за одбрана на националните и државните интереси, а не кандидати на странците за уништување на Македонија и Македонците и затоа во првиот круг имаше слаб одѕив и бојкот на изборите“, се вели во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Новиот случај од обвинителството е доказ за владеење на правото

Објавено пред

За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција, велат од владејачката партија.

„Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има“, стои во соопштението.

Од СДСМ воедно ги охрабруваат и ги повикуваат надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага и да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во земјата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сигурно знаел за рекетарската сага на Боки 13

Објавено пред

Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму повикуваат исто така да се обзнани кои се т.н. „Кики” и „Фрики” од рекетарските приказни објавени во медиумите и кој е јавниот обвинител за кого се зборува дека соработувал со нив.

„Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сума, утре може да ги снајде некое злодело“, се наведува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ во овој случај станува збор за институционален криминал кој што невозможно е да бил спроведуван без знаење на, како што се вели, аболицираниот криминалец Зоран Заев.

„Впрочем и самиот Заев призна дека не само што знае за рекетарската сага, туку дека знае и кои лица се кријат позади псевдонимите. Заев и неговите најблиски соработници не смее да бидат амнестирани. Истрагата мора да продолжи и целата разврска да резултира со одговорност за сите ликови од оваа рекетарска и криминална банда вклучително и функционерите од владата и СДСМ“, повикуваат од опозициската партија од каде додаваат дека СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да си заминат за да се врати владеењето на правото и законите во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Преку мерката „зелена” нафта ќе се вратат 200 милиони денари кај земјоделците

Објавено пред

Цели 11 години земјоделците беа цел на притисоци, закани, уцени заради остварување на личните бизнис-интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.НавикнатА на грабање пари и осиромашување на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека се намалуваат трошоците на земјоделците и сè повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети, се вели во соопштението на СДСМ.

Според партијата, единствено нешто што ВМРО-ДПМНЕ прави за земјоделците е ширење лаги и манипулации.

„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не ги дели земјоделците по партиска линија и не прави селекција на подобни и неподобни земјоделци. Тоа се покажа и со навремената и неселективна исплата на субвенциите по тековните Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Денес Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој потпиша договор со приватна компанија, со што до крајот на месецот земјоделците ќе можат да користат евтино гориво.

Со мерката ,,зелена” нафта 200 милиони денари ќе се вратат кај 55 илјади земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште.ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците.Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остануваат посветени на грижа за земјоделците преку реални мерки, враќање на достоинството на земјоделството и обезбедување повеќе пари за секој земјоделец”, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа1 час

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија9 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија10 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија11 час

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија11 час

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион14 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија16 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија17 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија19 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија19 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија20 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија20 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија21 час

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија23 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава1 ден

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет1 ден

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет1 ден

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион1 ден

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Досие