Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Заев да каже во чии џебови се слеа поткупот од Грција во виснина од 50 милиони евра

Објавено пред

Единствена Македонија

Зоран Заев очајнички ширеше лаги за руски пари во Македонија надевајќи се дека лажната пропаганда ќе му помогне на референдумот, велат во соопштение од партијата Единствена Македонија.

Оттаму исто така констатираат дека лагите на Заев не поминале, а македонскиот народ и поголем дел од граѓаните масовно го бојкотирале референдумот на 30 септември.

„Вистината е како шило. Врти, врти, па ќе излезе на виделина. Вистината е навистина како шило и излезе на виделина. Се виде дека во Македонија немало руски пари, туку имало грчки пари. Им благодариме на грчките министри Панос Каменос и Никос Коѕијас, кои на седница на грчката влада обелоденија дека во грчкото Министерство за надворешни работи имало таен фонд од 50 милиони евра за купување политичари, новинари и медиуми во Македонија за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија истакнуваат дека и по пет дена од оваа, како што ја нарекуваат, скандалозна информација, од власта има целосен молк. Поради тоа, го повикуваат премиерот Заев да каже како и меѓу кого се поделени 50 милиони евра во Македонија.

 

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева

Објавено пред

Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада. Со СДСМ и Заев секој бизнисмен или обичен граѓанин е жртва или може да стане жртва.
Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува во јавноста и само поради тоа се амнестираат од одговорност? Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци од позиција на специјален јавен обвинител?

Зоран Заев знаеше за ова криминално дејание од страна на Јанева и само поради тоа жестоко се спротивставуваше за нејзиното разрешување.
Јавното обвинителство мора да направи детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран
Милески Кичеец е чин на замолкнување на вистината и барање на одговорност на вистинскиот виновен во оваа рекетарска приказна. СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите.

Овој скандал не може да помине така. Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите. Секој кој што се огрешил пред законот мора да одговара.
ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази.

Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори“.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Единствена Македонија: Лидерски средби меѓу две албански и две македонски партии се неприродни и штетни

Објавено пред

„Зоран Заев повторно, којзнае кој пат, за утре свикува таканаречена лидерска средба само со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и партиите на албанското малцинство во државата. Досегашната практика на т.н. лидерски средби во исклучиво тесен круг учесници не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија оти Македонија практично се движи кон сопственото исчезнување со бришење сè што е македонско“, соопшти Единствена Македонија.

Партијата упатува јавен предлог до Заев како организатор на настанот за промена на форматот на учесниците на т.н. лидерски средби.

„Решение да се бара според формулата за учество на 15 партии во преговорите со следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии, и тоа од најмалку две причини, прво, учеството на поголем број партии овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите национални малцинства и, второ, учеството само на две македонски и две албански партии е неприродна, неприфатлива и недозволива состојба оти не ја отсликува македонската реалност, недозволиво го фаворизира албанското наспроти сите други малцинства во земјата и не дава гаранција за заштита на виталните национални и државни интереси.

Ги потсетуваме Заев и Мицкоски дека во татковинската војна во 2001 година Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски прифатија преговори со учество само на две македонски и две албански партии поради што државата излезе поразена, посрамена и понижена со немерливи последици до денешно време“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Новиот случај од Обвинителството е доказ за владеење на правото

Објавено пред

За СДСМ, актуелниот случај поведен од Обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – Обвинителство – МВР, кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција, велат од владејачката партија.

„Државата изгради институции и создаде систем кои се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има“, стои во соопштението.

Воедно, од СДСМ ги охрабруваат и ги повикуваат надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага и да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден (77) кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа26 минути

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет38 минути

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија10 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион13 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа13 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет13 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија16 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа17 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија18 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија18 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт18 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија19 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија22 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет22 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет22 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион23 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет24 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија1 ден

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Досие