Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Заев да покаже доказ од Брисел дека штом македонскиот народ се самоукине, Македонија ќе влезе во ЕУ

Објавено пред

Марионетската власт во Скопје која минатата недела беше фатена во обидот да украде 45 милиони евра од буџетот, продолжува со лаги, манипулации и провокации во врска со референдумот за Договорот со Грција за промена на името, соопшти Единствена Македонија.

„На денешната прес-конференција јавноста повторно слушна лага и манипулација од Заев дека Македонија станува членка на ЕУ доколку на референдумот прифати промена на името. Го повикуваме Заев да покаже каков било писмен или вербален доказ од Брисел дека штом македонскиот народ се самоукине и се избрише од светската мапа на нации со промена на името, Македонија станува членка на Европската Унија. Дотолку повеќе, завчера францускиот претседател Макрон најави нова ЕУ во три круга во кои ги спомнува и Русија и Турција што алудира на распадот на сегашната Европска Унија.

Истовремено, Зоран Заев започна и со провокација дека доколку референдумот успее тогаш сите ќе ја почитуваат волјата на народот, но доколку референдумот не успее тогаш марионетската власт немало да ја почитува волјата на народот туку договорот за промена на името ќе се обидат да го поминат преку пучистичките институции во Скопје.

Единствена Македонија во референдумскиот период тргнува силно и никој нема да нè сопре да ја извојуваме битката за tатковината. Македонија ниту ќе стане членка на антимакедонските организации НАТО и ЕУ ниту ќе го промени името, а единствено ќе остане срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје да избрiше сè што е македонско од што ќе се срамат и нивните поколенија“, стои во соопштението на партијата.

Соопштенија

Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, вечерва, се сретна со претседателот на италијанската Национална антикорупциска управа, Рафаеле Кантоне, придружуван од своите соработници и амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.

Од Владата информираат дека на средбата била изразена поддршка за постигнатиот договор со Грција, кој бил оценет како голем и значаен чекор кон успешното остварување на напорите на Република Северна Македонија за европска и евро-атлантска интеграција.
Исто така, била истакната посветеноста на Владата за продолжување на реформите во правосудниот систем, јавната администрација, безбедносно-разузнавачките служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

„На средбата со највисокиот претставник на италијанската Национална антикорупциска управа позитивно беше оценето донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и транспарентниот избор и именувањето на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во Северна Македонија. Двете делегации се согласија дека Северна Македонија и Италија ги поврзува искрено пријателство и соработка, со интенција и поддршка да се продлабочуваат и конкретизираат и идните чекори што двете земји ќе ги преземаат во областа на борбата против корупцијата, размената на заеднички искуства, идеи, практики и мерки и во други области“, велат од Владата за средбата.

Во таа насока е и утрешната конференција „Институционални реформи за борба против корупција, најдобри практики спрема европскиот модел – италијанскиот пример“, што ја организираат Мисијата на ОБСЕ и италијанската амбасада во Скопје, а на која ќе учествува и ќе говори премиерот Заев. На конференцијата учесниците ќе имаат можност да се запознаат со италијанската пракса за борба против корупцијата, а ќе се дискутира и за независните надлежни органи одговорни за антикорупција, важните реформи и перспективи за интеграција на земјата во Европската Унија, соопшти владината прес-служба/

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат само за роднините на функционерите, вработени во администрација

Објавено пред

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, мајките, браќата, тетките, стрините и останатите роднини на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Костадин Костадинов, кој кажа дека растот на платите во 2018 е највисок во последните 9 години.

Од опозициската партија сметаат дека платите во државата растат само за роднините на функционерите од власта, а за сите други паѓаат.

„Трошоците за живот од месец во месец се сè повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема“, се вели во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека државата оди кон дното, а власта само во последната година задолжила нови речиси половина милијарда евра, пари кои, како што велат, ќе треба да ги враќаат идните генерации.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Растот на платите во 2018 е највисок во последните 9 години

Објавено пред

Платите растат, сè повеќе пари завршуваат кај граѓаните, кај работниците, во семејствата. Во 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата во последните девет години, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Просечната нето-плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 денари, што е зголемување за над 8 проценти во однос на декември во 2017 година. Само за една година просечната плата е поголема за речиси две илјади денари! Реалните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати.
Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, новите и добро платени работни места“, изјави Костадинов.

Тој додаде дека оваа година продолжуваат зголемувањата на платите во сите сектори. Повеќе средства се одвоени за активните мерки за вработување, за поддршката за домашните и странски инвестиции.

Овие мерки и реални економски политики, според Костадинов, се добра основа за натамошен раст на платите, со крајна цел просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.

„Пред граѓаните презедовме одговорност да испорачаме сериозни резултати во економијата, реформите и интеграциите. Тоа го остваруваме, време е граѓаните да ги почувствуваат очекуваните резултати“, нагласи тој.

Напредокот во евроинтеграциите, членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, вели Костадинов, дополнително ќе ги интензивира овие позитивни текови, сè повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија4 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија4 часа

(Видео) Костадинов: Сценаристи на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, во врска со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари обвини дека се работи за сценарио...

Македонија5 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија6 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија7 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија8 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ9 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија9 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток10 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија11 час

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ11 час

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Топ12 часа

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна кај Џафери

Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат...

Крвав четврток13 часа

(Видео) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017...

Македонија13 часа

(Видео) Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдена одговорност

Обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ја има одговорноста за сообраќајната несреќа кај Ласкарци каде што загинаа 15...

Крвав четврток13 часа

Груевски на „Фејсбук“: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на „Фејсбук“ за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на...

Македонија14 часа

(Видео) Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Досие