Соопштенија
Единствена Македонија: Матис треба да ја прифати реалноста дека македонскиот народ не сака да се самоукине
Од партијата Единствена Македонија велат дека се силно изненадени од непознавањето кое државниот секретар на САД, Џејмс Матис, го покажал за состојбите во Македонија во врска со референдумот на 30 септември.
Оттаму прашуваат за кое руско влијание и за кои руски пари зборува Матис кога, како што велат, 27 години Македонија е заложник на погубното влијание на НАТО земјите и силните пари во стотици милиони евра на ЦИА и „Сорос“.
„Единствена Македонија сочувствувува со непријатната ситуација во која е Матис бидејќи во скоро време ќе треба да се прифати реалноста дека македонскиот народ не сака да се самоукине и да биде избришан од светската мапа на нации. Џејмс, извини, ама морално е, прифатете ја реалноста дека македонскиот народ овој пат ќе победи, што подразбира дека македонскиот народ сака да остане свој на своето и затоа референдумот нема да успее, народот масовно ќе бојкотира и нема да излезе да гласа“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО, не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци
Во период кога енергетскиот сектор се соочува со значајни предизвици, а компаниите сè повеќе бараат сигурност, предвидливост и доверлив партнер, ЕДС бележи континуиран раст и ги зацврстува своите позиции на пазарот на електрична енергија. Овој раст се должи на иновативните понуди на пакети за снабдување со електрична енергија – меѓу кои последната која нуди снабдување со струја во рок од две години со фиксна цена и можност за избор на вреден подарок за новите клиенти.
Во изминатите 18 месеци, ЕДС го зголеми тројно бројот на клиенти, додека пазарниот удел на компанијата порасна за повеќе од 5 процентни поени. Денес, ЕДС снабдува повеќе од 10.500 мерни места и обезбедува електрична енергија за над 3.000 компании од различни индустрии низ државата.
Овие резултати се постигнати во период на значајни промени на енергетските пазари, што дополнително ја потврдува довербата што компаниите ја имаат во ЕДС како снабдувач и деловен партнер.
„Растот што го постигнавме во изминатиот период е резултат на јасна стратегија, посветеност кон клиентите и континуирано инвестирање во нови услуги и решенија. Денес компаниите не бараат само снабдувач со електрична енергија. Тие бараат партнер кој ќе им помогне да ги контролираат трошоците, да работат поефикасно и да имаат сигурност во услови на неизвесност. Токму тоа е вредноста што ЕДС ја носи на пазарот“, изјави Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.
Како дел од PPC Group – една од најголемите енергетски групации во Југоисточна Европа – ЕДС успешно ги комбинира локалната експертиза и познавањето на пазарот со ресурсите, знаењето и искуството на регионален лидер во енергетиката.
Покрај растот на клиентската база, компанијата во изминатиот период работеше и на значајно унапредување на корисничкото искуство. Лансирана беше нова веб-страница, воведени се нови дигитални алатки и комуникациски канали, а фокусот е ставен на поголема достапност и едноставност во комуникацијата со клиентите.
Во согласност со стратегијата на PPC Group, ЕДС продолжува да инвестира во дигитализација, развој на нови услуги и промоција на одржливи енергетски решенија. Компанијата е меѓу првите на пазарот што активно нуди снабдување со електрична енергија од обновливи извори, потврдено со Гаранции за потекло, овозможувајќи им на компаниите да ги исполнат своите ESG цели и да го намалат јаглеродниот отпечаток.
„Нашата амбиција е ЕДС да продолжи да расте заедно со своите клиенти. Ќе продолжиме да инвестираме во иновации, дигитални услуги и производи кои носат реална вредност за компаниите. Веруваме дека иднината на енергетиката ќе ја одбележат стабилноста, дигитализацијата и одржливоста, а ЕДС има јасна стратегија како да биде предводник на тие процеси на локалниот пазар“, додава Сарџовски.
Со ваквиот раст и развој, ЕДС ја потврдува својата позиција како еден од најдинамичните и најбрзо растечки снабдувачи со електрична енергија, останувајќи фокусиран на својата основна мисија – обезбедување сигурни, конкурентни и иновативни енергетски решенија за бизнис заедницата.
ПР
Соопштенија
Повеќе можности за македонската дијаспора: брзи трансфери, штедење и дигитално банкарство преку Халкбанк
Без разлика дали живеете во Германија, Швајцарија, Италија, Австрија или некоја друга европска земја, eдна работа останува иста, а тоа е врската со домот. За многумина од нашата дијаспора, редовното испраќање средства до семејството, штедењето за идни планови во Македонија или едноставното управување со личните финансии од далечина е дел од секојдневието.
Токму затоа, изборот на банка која нуди сигурни, едноставни и современи услуги станува сѐ поважен.
Халкбанк овозможува брзи и сигурни трансфери во евра преку SEPA системот за плаќања, кој поврзува 40 европски земји во единствена платежна зона. Тоа значи дека испраќањето и примањето средства од странство е поедноставно, побрзо и со однапред познати трошоци. Без разлика дали станува збор за поддршка на најблиските, уплата за недвижност, инвестиција или лична заштеда, трансакциите се реализираат по европски стандарди, со фиксни провизии и високо ниво на сигурност.
За оние кои размислуваат за иднината, штедењето останува еден од најсигурните начини за планирање на важните животни цели. Купување дом, образование за децата, започнување сопствен бизнис или едноставно создавање финансиска сигурност, секој план започнува со добра основа. Халкбанк нуди повеќе можности за штедење во денари и во девизи, прилагодени на различните потреби и финансиски планови на клиентите.
Дополнителна предност е што голем дел од банкарските услуги денес се достапни дигитално. Преку електронското и мобилното банкарство, клиентите можат да ги следат своите сметки, да вршат плаќања, да управуваат со своите средства и да останат поврзани со своите финансии без разлика каде се наоѓаат.
За многу иселеници, одржувањето активна банкарска сметка во Македонија е практично решение кое овозможува полесно управување со финансиските обврски, примање средства, штедење и подготовка за идни инвестиции во татковината. Отворањето сметка во Халкбанк е едноставен процес, а банката нуди современи услуги кои одговараат на динамичниот начин на живот на луѓето кои живеат и работат во странство.
Каде и да ве однел животот, чувството дека имате сигурен финансиски партнер дома, носи дополнителен мир. Со европски платежни решенија, современи дигитални услуги и можности за штедење, Халкбанк им помага на своите клиенти полесно да ги поврзат своите финансии меѓу земјата во која живеат и земјата која секогаш ја нарекуваат дом.
(ПР)
Соопштенија
Потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите
Денес беше потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите од страна на пратеничката Драгана Бојковска како координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Парламентот, Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за дигитална трансформација, заедно со партнерски установи, невладини организации, организирано со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Потписниците потврдија дека ќе се заложат за градење на безбедна училишна средина, едукација за ненасилна комуникација, превенција во спортот, дигитална безбедност и психосоцијална поддршка, посилна координација помеѓу одговорност меѓу институциите и други превентивни методи.
По потпишувањето на декларацијата, се оддржа и панел-дискусија, а меѓу панелистите беше и пратеничката Драгана Бојковска. Таа напомена дека како координаторка на Клубот за младински прашања и политики, ќе се заложи за поголема интеракција со останатите институции за поефикасна и темелна имплементација на оваа Декларација.
Исто така, од нејзина страна беше истакнато дека се работи на менталното здравје на младите, бидејќи тоа претставува фундаментален елемент за секој поединец. Освен за младите, нагласи дека и родителите треба повеќе да се вклучат во интеракцијата со своите деца, сè со цел да се надминат проблемите со кои тие се среќаваат во адолесценцијата.
