Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Мицкоски и должи одговор на јавноста кој е неговиот противник – Јанко Бачев или Зоран Заев

Објавено пред

Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира“ изразува загриженост поради штетното однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во семакедонската борба да се спречат уставните измени, се вели во нивото соопштение.

„Наместо сплотени и единствени во борбата против марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско, Мицкоски отвора фронт против Единствена Македонија.

Познато е дека минатата сабота „Македонија-Блокира“ со прилепските бранители протестираше во Прилеп, по што се највија блокади во Прилеп секоја сабота.

Познато е дека ВМРО-ДПМНЕ околу месец дена маршира секоја среда во Скопје и секоја недела во некој град во Македонија. Меѓутоа, Мицкоски наместо во недела, одеднаш прави неочекуван пресврт и денес, сабота, ќе маршира во Прилеп со цел да ги неутрализира блокадите на „Македонија-Блокира““, се вели во нивното соопштение.

Оттаму велат дека Мицкоски и должи одговор на јавноста, кој е за него противник во борбата за одбрана на македонскиот народ – Јанко Бачев или Зоран Заев.

Соопштенија

Демократскиот сојуз: Претседателот Пендаровски да не го потпишува законот за дивоградби

Објавено пред

Демократскиот сојуз (ДС) не го поддржува законот за добивање правен статус на бесправно изградени објекти и бараме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува, со што ќе се спречи беззаконието во државата и да се привилегираат оние што ги кршат законите и се директно одговорни за градежниот хаос, потенцираат од оваа партија.

Според нив, постојат објекти изградени во заштитени зони, што е спротивно на детаљните урбанистички планови и објекти што ја попречуваат реализацијата на урбанистичките планови.

„Ставањето во нерамноправна положба на граѓаните е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите. Чесните граѓани подготвуваат проекти, бараат дозволи за градба, плаќаат комуналии и ги почитуваат сите прописи. Додека оние што градат бесправно и узурпираат земјиште, диво се приклучуваат на водоводните мрежи, електричната енергија, ги кршат сообраќајните решенија и слично, не смее да бидат и натаму мотивирани и лош пример за во иднина“, реагираат од ДС.

Демократскиот сојуз има разбирање за социјалните аспекти, но никако не се за градежен хаос и легализација на хациенди, деловни објекти, куќи со базени итн., децидни се од оваа партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со блокадата на законот за служба во АРМ, ВМРО-ДПМНЕ останува на спротивната страна на граѓаните

Објавено пред

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно дејствување во Собранието продолжуваат да нанесуваат директна штета на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕ ги блокира измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата со 2.000 амандмани, истакнуваат од владејачкиот СДСМ.

Со оваа блокада, како што велат од таму, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против олеснување на условите за пензионирање, против испратнини за припадниците на Армијата.

„ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците, луѓе што се заштитници на татковината, кои се подготвени да го дадат својот живот, кои за целото времетраење на пандемијата на коронавирусот се дел од првите борбени редови, да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра испратнина по навршување 45 години возраст, ВМРО-ДПМНЕ е против дополнителните поволности при пензионирање. ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува можноста за стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на Армијата. Партијата предводена од Христијан Мицкоски глуми лажен патриотизам, партија што не го честиташе членството во НАТО, партија што опструира значајни процеси во одбраната“, реагираат од СДСМ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ е истата партија која за целото 11-годишно режимско и деструктивно владеење недоволно вложуваше во одбранбениот сектор, партија чии погубни политики, според СДСМ, ја девалвираа Армијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е без почеток на преговори, политиката на Заев доживеа дебакл

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Македонија е без почеток на преговорите со ЕУ. Од таму велат дека политиката на Заев доживеала дебакл.

„Заев ветуваше почеток на преговорите со ЕУ, две години тие само што не почнале, а лажеше дека и поглавја се отвораат. Политиката на Заев е една огромна лага и погазување на државата. Заев го погази идентитетот. Тој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се едно исто, дека имаат заедничка историја и дека македонската историја почнува по 1945 година. Сѐ што можеше да се осквернави, Заев го осквернави. Сакаше и тргуваше со јазикот, идентитетот и историјата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Позициите на Македонија се темелно нарушени, додаваат од опозициската партија и, според нив, за таквата ситуација виновен е лично Заев.

„Понижувањето на државата е плод на политиката на свиткан грб на Зоран Заев. Попусти се сега сите обиди да се вади од калта. Наместо тоа, потребна е оставка веднаш. Сите политики на Заев се поразени“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет56 минути

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Свет2 часа

СЗО со порака до богатите земји: Наместо да ги вакцинирате децата, дајте ги вакцините на сиромашните

Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо...

Македонија5 часа

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на...

Македонија6 часа

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони. По застојот што настана изутринава...

Македонија7 часа

Пендаровски не го потпиша указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија7 часа

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа10 часа

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет11 час

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет12 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет13 часа

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија1 ден

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија1 ден

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет1 ден

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија1 ден

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија1 ден

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет1 ден

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Македонија2 дена

Нови 150 заболени и 16 починати од коронавирус во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62,...

Досие