Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Нарачаните лажни анкети нема да ги спасат нивните ментори

Објавено пред

Нарачаните лажни анкети, кои речиси секој месец ги објавува Александар Кржаловски од Меѓународниот центар за меѓународна соработка, а ги промовира главниот уредник Атанас Кировски од владината телевизија „Телма“, само го докажува огромниот страв на странскиот центар, кој 27 години ја управува Македонија од разбивање на неговото менторско влијание во внатрешните работи на Република Македонија, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Според оваа партија, цената на една телефонска анкета е 5.000 евра, на теренска 10.000 евра, а повеќето од анкетите на МЦМС се теренски, кои бараат значајни финансиски средства.

,,За почеток, го прашуваме Кржаловски од МЦМС од каде се парите за правење скапи анкети речиси секој месец и кој е интересот на Кировски од владината ‘Телма’ за промовирање анкети со измислени рејтинзи за партиите. Македонскиот народ и повеќето од граѓаните не сакаат промена на името и масовно ќе го бојкотираат референдумот, набргу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе претрпат пораз за нивната криминална, расипничка и деструктивна политика во изминатите 27 години, а најголем дел од народот прифаќа расчистување со националните предавници и конфискација на украдените 15 милијарди евра во изминатите 27 години, што ќе го спроведе Единствена Македонија и ниту една лажна анкета нема да го смени тој факт“, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Заев ќе биде мандатар, новата влада обезбедува нова развојна економија

Објавено пред

„Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, ќе биде мандаторот за состав на новата влада, која ќе ја води државата напред во следните четири години. Во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат затоа што успешните политики на СДСМ и Владата што ја предводи се потврдија и на последните парламентарни избори“, соопшти СДСМ.

Според партијата, граѓаните го избраа концептот што ја води државата напред, концептот што ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат. Кон градење нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секого.

„Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани преку антикризните мерки, со цел зачувување на работните места и одржување на бизнисите во живот наместо ставање клуч на врата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка. Во следните 4 години продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта на Заев стана меѓународен здравствен проблем

Објавено пред

Неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче не е само македонски проблем, туку и меѓународна здравствена опасност. Последниот скандал со патниците што од Македонија пристигнале на аеродромот во Финска и од кои 24 биле заразени со коронавирус, ја дискредитира Македонија како држава. Ова покажува дека не само што сме европски Вухан туку, поради неодговорноста на властите, ги доведуваме во опасност и другите држави во Европа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, очигледно дека властите немаат никаква контрола врз епидемијата. Никој не знае ни кој влегува, ни кој транзитира, ни кој излегува од земјата и дали тој е носител на опасниот вирус.

„Македонија, за жал, во епидемијата е црн рекордер во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Нема никаква одговорност ниту за последниот скандал со заразените патници што пристигнаа во Финска, исто како што нема никаква одговорност ниту за кластерот во Геријатрија во Скопје, кластер меѓу најранливата категорија граѓани.

Заев и СДСМ не ги интересираат здравјето на граѓаните и угледот на државата. Нив ги интересираат само фотелјата и бизнисите да си врват. СДСМ, Заев и Филипче не направија ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е почната епидемијата на коронавирусот. Победата прогласена од Владата на СДСМ врз коронавирусот е лажна и постои само во главите на Заев и Филипче“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со патниците болни од Ковид-19 што поминале низ земјава нè дискредитира како држава

Објавено пред

„Ниту еден од патниците не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопшти Министерството за здравство. Ова е официјалното соопштение и образложение со кое надлежните институции објаснуваат како авион со патници позитивни на Ковид-19 од нашата земја слетува во друга држава, во конкретниот случај во Финска.

Дополнително, во официјалното соопштение се вели: „Според Министерството за здравство, станува збор за патници, иселеници, што доаѓаат во земјата или транзирираат од разни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата“. Се поставува прашањето дали надлежните институции прават каква било контрола на патниците што слетуваат во земјата, кои транзитираат и продолжуваат на некоја следна дестинација?, се вели во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде нè позиционира ваквото неодговорно однесување на картата на Европа во однос на менаџирањето и справувањето со пандемијата на Ковид-19? Каква слика оставаме кон нашите земји партнери од НАТО и ЕУ, а и најмногу кон сите оние земји што сè уште не ни ги имаат затворено границите? За патниците што транзитираат преку Р. Македонија, се поставува прашањето дали аеродромот е целосно отворен и дали тие воопшто биле тестирани од дестинацијата од која доаѓаат, дали некој ги контролира кај нас или, пак, директно летаат кон следната дестинација? Постои ли каква било контрола или одговорност за еден ваков случај, кој потенцијално дополнително нè дискредитира како држава во однос на начинот на кој ја менаџираме кризата предизвикана од Ковид-19 ?“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет12 часа

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија13 часа

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија15 часа

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија15 часа

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија17 часа

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија17 часа

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Македонија18 часа

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернативата нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија19 часа

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се...

Македонија19 часа

Засега нема воведување на ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести...

Македонија19 часа

Сведоштво на прилепчанка што го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството, кое...

Топ20 часа

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија21 час

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет21 час

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија22 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија22 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет23 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет23 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет24 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија24 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Досие