Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Пендаровски со 23 отсто гласови е нелегитимен претседател

Објавено пред

Македонскиот народ може да се гордее со вчерашните избори бидејќи поради малиот одѕив, фактички е победник на изборите, со што ја делегитимира марионетската власт во Скопје. Стево Пендаровски победи со 436.212 гласа, но тоа е само 23 отсто од вкупниот број запишани избирачи со право на глас, велат од Единствена Македонија.

„Претседател на држава со добиени 23 отсто од запишаните избирачи не може да се смета за легитимен претседател на македонскиот народ. Не случајно бил големиот страв на марионетската власт од малиот одѕив на изборите и најавите дека се спремни дури и да го укинат цензусот. За каква масовна победа на обединување и заедништво зборуваа синоќа Пендаровски и Заев кога македонскиот народ во голем број не излезе на изборите, а Пендаровски победи со гласовоте на албанското малцинство во земјата“, велат од партијата.

Пендаровски и Заев, додаваат од таму, победнички изјавија дека исходот од претседателските избори, на кои Пендаровски доби само 23 отсто од запишаните избирачи, значел гарантиран пат напред во НАТО и ЕУ.

„Да им ја освежиме меморијата на Заев и Пендаровски дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на ланскиот референдум на 30 септември ја изразија својата волја дека не сакаат во НАТО и ЕУ“, велат од Единствена Македонија.

Соопштенија

Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Објавено пред

На 19 ноември околу 00:10 часот на граничниот премин Табановце, по добиени оперативни сознанија, било запрено товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, Валандовско.

„Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од над 100 килограми, еден пиштол MAUSER калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден придушувач за пиштол“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против сè` што е во интерес на граѓаните

Објавено пред

Додека ВМРО-ДПМНЕ е против сè што е во интерес на граѓаните, Владата предводена од СДСМ е насочена кон економски раст, намалување на буџетскиот дефицит, стабилен јавен долг и вложување во човечки капитал, реагираат од СДСМ на тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПНЕ, Димче Арсовски, дека државата денеска ќе се задолжи на 65 до 67 милиони евра.

„ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека останува на страната спротивно од интересите на граѓаните. Откако претходно се изјаснија дека се против растот на минималната плата и против раст на платите во приватниот сектор, а со тоа и против парите да завршуваат назад кај граѓаните. Политиките на Владата предводена од СДСМ се во насока на економски раст , намалување на буџетскиот дефицит, а со тоа и потребата од негово финансирање, односно задолжување и стабилен јавен долг“, реагираат од СДСМ.

Истовремено, велат од СДСМ, предлог-буџетот за 2020 година е развоен со акцент за инвестирање во човечкиот капитал, а тоа значи инвестирање во подобро здравство, образование, социјална грижа и воопшто, подобри услови за живот на сите наши граѓани.

„При тоа, имаме финансирање на стари доспеани обврски. Па така, следната година за враќање доспеваат 439 милиони евра по основ на стари долгови земени во 2013 година, кој доспева во јануари во висина од 155 милиони евра. И во декември во износ од 178 милиони евра по основ на еврообврзницата издадена во 2015 година. Овие стари долгови мора да се рефинансираат, но како резултат на водење на политика за стабилизирање на долгот, како и сегашните поволни услови на пазарот на капитал, долговите ќе се рефинансираат по значително помали каматни стапки. Тоа значи помал трошок за државата и стеснување на долгот. Според последните податоци, јавниот долг изнесува 47,7% од БДП, што е за 1,1 процентен поен понизок од 2016 година“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според оценката на ММФ, велат од партијата, се очекува економскиот раст да забрза следната година и го проектираат на 3,4%, што е подобрување на проекцијата за 0,3 процентни поени во однос на пролетната проекција.

„Пониските даноци и повисоките пензии и плати, вклучително и минималните плати, очекуваат да бидат дополнителен стимул за потрошувачката. Намалување бележиме и во невработеноста, кое, пак, е поддржано од значителното креирање ови работни места. 17.8 отсто историски најмал процент на невработеност и 54.000 нови работни места. Успешните политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати за што потврдуваат и официјалните бројки кои се јавно достапни. ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да манипулира со дезинформации. Сè додека е против интересите на граѓаните, ги очекува загарантирано фијаско на претстојните избори во април“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Силјановска

Објавено пред

На повидок е нов скандал поврзан со начинот на финансирање на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори, изјави на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој кажа дека од финансискиот извештај може да се потврди оти ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Силјановска.

„Согласно Изборниот законик, сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена. Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг“, истакна партискиот портпарол.

Костадинов вели дека ВМРО-ДПМНЕ и потписникот на сметката за овие избори, генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, не го почитувале Изборниот законик.

„Повикуваме надлежните институции да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста“, кажа гласноговорникот на СДСМ и порача дека одговорност за скандалот мора да има.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ52 минути

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија2 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија3 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ3 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата5 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија5 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа5 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет19 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија21 час

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија1 ден

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија1 ден

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија1 ден

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет1 ден

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија1 ден

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија1 ден

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија2 дена

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Досие