Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Појавата на Талат Џафери пред споменикот на Ченто е голема навреда и провокација

Објавено пред

Марионетската власт во Скопје и на денот на најголемиот македонски национален празник Илинден изврши голема провокација на антимакедонска основа, велат од партијата Единствена Македонија.

Од партијата на Јанко Бачев јавно прашуваат како е можно, како што велат, пучистичката власт во Скопје да помисли, а не, пак, да го прати Талат Џафери на празникот 2 Aвгуст да оддаде почит на првиот македонски претседател Методија Андонов – Ченто.

„Ова се случува токму во моментот кога неговиот потомок Јане Ченто е фрлен во занданите во истражниот затвор ‘Шуто Оризари’ за наводен тероризам, а само затоа што влезе во Собранието со силна верба дека го брани уставниот поредок на Република Македонија“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија сметаат дека појавувањето на Талат Џафери пред споменикот на Методија Андонов – Ченто е голем срам и тешка навреда спрема Македонија и Македонците и спрема потомците на Ченто.

„Талат Џафери во 2001 удри токму врз идеалите на Методија Андонов Ченто, со неговото терористичко учество во 2001 во рушењето на уставниот поредок на Македонија, а според оперативен документ на УБК при МВР, Џафери е вмешан и во заседата кај Вејце каде ѕверски беа убиени осуммина македонски бранители во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја“, велат од партијата.

Соопштенија

СДСМ: Струјата остана непроменета, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра

Објавено пред

Концептот на Владата предводена од СДСМ за враќање пари кај граѓаните е базиран на реални и остварливи мерки што даваат резултат, соопшти СДСМ.

„Реформите во енергетиката даваат резултат. Цената на струјата останува непроменета 2 години, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра.

Ја вративме евтината тарифа на струјата, која донесе до 11 милиони евра годишно заштеда кај граѓаните.

За споредба, на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Христијан (Хидро) Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на струјата поскапе 100 отсто, а евтината тарифа беше укината.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаше пари од граѓаните, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните. Зборот важи!“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Лажните разговори покажаа дека мито е првото нешто на кое помислува Заев

Објавено пред

Зоран Заев со неговиот криминоген и расипнички карактер ги урна угледот и достоинството на Република Македонија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека разговорите со лажниот Порошенко покажале оти Заев без воопшто да размислува веднаш се впушта во криминални дејствија.

„Очигледно дека тој првото нешто на кое помислува е мито па затоа нема проблем да понуди поткуп било тоа да се работи за македонски бизнисмени, или пак за Вселенскиот Патријарх“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека фактот оти Заев е опкружен со криминал го откриваат и пораките кои самиот тој ги пуштал до комичарите.

„Во нив се гледа дека во владиниот кабинет одржувал средби со меѓународен криминалец обвинет за нелегално финансирање на политички изборни кампањи, перење на пари и поткуп за пропаганда со лажни вести, но и инволвиран во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија. Слушнавме како ги загрозува пријателските односи со соседите и како го озборува и исмејува како на селска чешма актуелниот претседател на Украина, Владимир Зеленски, нарекувајќи го популист, а со комичарите се согласува и дека е платеник на Русија“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека во разговорите Заев ги потценува граѓаните и гласачите во Република Македонија.

„Во еден од тие разговори тој веднаш се согласува со сталинистичката изрека дека не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите, што доволно ни кажува како ги организираше изборите и референдумот во државава и зошто обвинителството не реагираше за изборните нерегуларности“, стои во соопштението во кое се истакнува дека одговорност за сето ова мора да има, не само зошто постојат индиции за криминал и прекршоци, туку и дека изнесени се сериозни информации и сторени се дипломатски и меѓународни скандали.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ:196 милиони евра назад кај фирмите во првата половина од годината

Објавено пред

Над 196 милиони евра се вратени кај фирмите од страна на државата со редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите во првата половина на оваа година, соопшти СДСМ.

Според партијата, она што е дополнително важно е податокот дека повратот на парите од ДДВ назад кон фирмите е поголем за 20 отсто во однос на истиот период лани. Тоа се 2 милијарди денари повеќе пари за фимите.

,,Во споредба со 2016 година, односно за времето на ВМРО-ДПМНЕ, разликата е огромна, дури 70% повеќе. Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ само грабаше од граѓаните, од фирмите. СДСМ враќа пари назад кон граѓаните, кон фирмите. Редовниот и неселективен поврат на ДДВ ја подобрува ликвидноста на фирмите. Позитивните тенденции во стопанството, во економијата се гледаат и преку засилената активност на фирмите”, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Зоран Милевски донесен во Кривичниот суд на распит

Бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, е приведен и донесен на распит во Кривичниот суд во Скопје. Според шпекулациите...

Македонија1 час

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Регион3 часа

(Видео) Макрон пристигна во Белград

Францускиот претседател, Емануел Макронм пристигна во дводневна посета на Белград, а го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. Двајцата на аеродромот...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија4 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија4 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија5 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија5 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија6 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија8 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава9 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет9 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет10 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион11 час

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт20 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа22 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт22 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет22 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт23 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион23 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Досие