Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Јане Ченто остана во темните зандани на „Шуткa“, заедно со другите бранители на Уставот

Објавено пред

Големиот македонски патриот Јане Ченто, обвинет за настаните од 27 април во Собранието, останува во темните зандани на „Шуткa“, велат од партијата Единствена Македонија од каде потсетуваат дека вчера Апелациониот суд ја одбил жалбата на Ченто да биде пуштен од притвор и покрај понудената гаранција во висина од 530.000 евра и недвижен имот од седум фамилии.

„Претходно судот ги пушти од притвор речиси сите обвинети за настаните од 27 април и со помали гаранции, вклучително и уценетите пратеници кои не издржаа и гласаа за започнување на уставните измени со кои се брише се што е македонско. Политичкиот прогон врз Јане Ченто продолжува, во притвор остануваат само Ченто и уставобранителите кои секогаш биле на браникот на татковината“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија во врска со овој случај во прашање го доведуваат и АКМИС системот за електронска распределба на судските предмети.

„Се поставува прашањето, како АКМИС системот определи сите да се неМакедонци во случајот на Јане Ченто: Совет во состав од судиите Јани Нича, Сафет Кадрии, Цветанка Периќ. Обвинител е Азис Шаќири“, наведуваат од партијата на Јанко Бачев.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ-кластерот брза на избори во ситуација кога имаме стотици заразени и нови починати

Објавено пред

Непочитувањето на препораките на здравствените експерти резултираше со десетици заболени високи функционери на СДСМ. Да ги почитуваа препораките немаше да ги доведат во опасност сопствените животи и животите на граѓаните. За жал, нивното здравје го ставија зад политичките потреби на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ-кластерот брза на избори во ситуација кога имаме стотици заразени и нови починати лица. Брзајќи за избори, СДСМ, Филипче и Заев заборавија на здравјето и животите на граѓаните. Поради нивната неодговорност, во Македонија имаме црни биланси. Последното деноноќие во Македонија има 101 нов заболен и 4 починати лица од епидемијата со коронавирусот. Македонија има вкупно 2492 заболени и 145 починати, со што сме рекордери во целиот регион по овие параметри на еден милион жители, а Заев и СДСМ сè уште зборуваат за нова нормалност и избори. Тоа покажува дека се тотално одлепени од реалноста. Брзаат на избори и по цена на животите и здравјето на граѓаните, само за да го ублажат поразот и на тој начин да му ја спасат кариерата на Заев“, се наведува во соопштението.

Патем, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, поради нивното неодговорно однесување и водењето на официјална кампања пред почетокот на изборната, создадоа нов кластер СДСМ во кој има позитивни на вирусот, 75 во изолација и огромен број граѓани и активисти кои изминатите денови имале контакт со сомнителните и заразените партиски функционери.

„Состојбата станува алармантна и за тоа одговорност имаат СДСМ, Заев и Филипче поради нивните постапки и одлуки. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и тоа јавноста сега го гледа. Ние цениме дека прво треба да се порази епидемијата, а потоа ќе следи поразот и на Заев поради неговите три години неспособна власт, хибридниот режим, сиромаштијата, корупцијата и криминалот кои тие ги создадоа“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките

Објавено пред

Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките, ќе успееме да го совладаме коронавирусот, велат од СДСМ.

„Со цел да се обезбеди брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, одлучи во текот на продолжениот викенд да воведе одредени рестриктивни мерки со различен интензитет во различни делови од државата. Ваквите мерки се неопходни за да се спречи ширењето на коронавирусот и да се заштити здравјето на граѓаните. Вирусот Ковид-19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба. Вирусот е присутен и опасен и само со почитувањето на мерките ќе успееме“, пишува во соопштението.

„Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, имаме целосно стабилни општини, а најдобар пример за тоа е општина Дебар. Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Онаму каде што има добри резултати, тоа е така затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метра и да нема групирање. А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“, велат од СДСМ.

Партијата упати поддршка до сите здравствени работници кои се столбот во овие клучни моменти, но и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките и се грижат за личното и јавното здравје.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ГРОМ: Карантинот да важи само за лоцираните кластери

Објавено пред

ГРОМ предлага одлуката за карантин да важи само за лоцираните кластери на Ковид-19, а другите граѓани да бидат слободни.

„ГРОМ смета дека мерката е непромислена и остро се спротивставува на истата. Сметаме дека карантинот треба да важи само за оние средини во коишто има енормно заразени од Ковид-19, за што впрочем и д-р Караџовски тврдеше дека тие ги знаат кои се кластерите. Па оттаму, кога ги знаат каде се заразените, нека ги изолираат нив, а остатокот од населението да ги пуштат слободно да живее, да работи, да создава со почитување на мерките за социјална дистанца. Зошто  ако нема заразени во Карпош, Центар, Кисела Вода треба луѓето да бидат изолирани, се работи за 150.000 луѓе. Зошто последиците да ги трпи Македонски Брод, Демир Хисар, Ресен, Демир Капија, Дојран, Струмица, Берово, Пехчево, Кратово, Македонска Каменица и други кога според здравствените власти кластерите точно се знаат кои се и се идентификувани. Затоа идентификуваните треба да бидат во карантин, а другите граѓани на слобода“, велат од ГРОМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Македонија3 часа

Најголем дел од заболените во Скопје се од Чаир

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази...

Регион3 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет4 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет4 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет4 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија5 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија15 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија16 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија17 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ21 час

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија21 час

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија22 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија24 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија1 ден

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет1 ден

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа1 ден

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 ден

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Досие