Контакт

Соопштенија

Енес Ибрахим: Турците се ЗА европска Македонија!

Објавено пред

Во рамките на кампањата за престојниот референдум, Партијата за Движење на Турците (ТХП) одржа митинг во Радовиш. На присутните им се обратија Претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, како и потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски.

Ибрахим во своето излагање истакна дека Турците во Македонија во сите историски моменти биле конструктивни, правејќи вистински и државотворни чекори. Ибрахим не се сомнева дека истото ќе се случи и на 30 септември, затоа што единствената насока за светла иднина се токму евроинтеграциските процеси. Според Ибрахим влезот во НАТО и ЕУ значително ќе влијае во подобрувањето на социо-економските состојби во Македонија, а граѓаните ќе ги уживаат еднаквите права и можности како и сите европeјци.

Караванот на ТХП, како што информираат, и во следниот период ќе продолжи низ цела Македонија и активно ќе ги информира Турците во Македонија за важноста на 30 септември, повикувајќи ги масовно да земаат учество во референдумот.

Соопштенија

Стоилковски: Врие од партиски вработувања пред избори, но за тоа ќе има одговорност по 12 април

Објавено пред

Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев распишуваат огласи за вработувања во администрацијата, која ја нарекуваа трома, а сега ја полнат и ја партизираат без срам, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, нема јавна институција каде што одеднаш не се распишуваат огласи за десетици, па и за стотици вработувања.

„Сега ‘Царината’ распишува оглас за 31 вработување. Внимавајте, на определено време, како што е наведено, поради зголемен обем на работа до крајот на годината. Од нив еден е за кабинетот на директорот, неколкумина се самостојни советници, аналитичари, па административен оператор- книговодител, неколкумина наплатувачи на гранични премини. Сите на определено време“, посочи партискиот портпарол.

Според него, ова е класичен пример за играње со основното човечко право и потреба, правото и потребата за работа.

„Ова е класичен пример за предизборен поткуп. Ваквото однесување не е ново за СДСМ, предизборниот поткуп за СДСМ досега минуваше неказниво и без понесување одговорност. Но, одговорност ќе има“, рече Стоилковски додавајќи дека сите измами и криминали ќе бидат казнети по 12 април.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Вељановски: СДСМ сака со законско решение да подметне македонскиот јазик да биде означен за втор јазик

Објавено пред

СДСМ е фатен на дело како се обидува набрзина, преку предлог-законот за употреба на македонскиот јазик, да подметне законско решение со кое македонскиот јазик ќе биде означен за втор јазик во Република Македонија. СДСМ дополнително го понижува македонскиот јазик нарекувајќи го странски јазик во Македонија, обвини Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Молкот на Заев, Спасовски и нивните послушници за скандалозното законско решение нема да го скрие срамот на СДСМ од овој голем скандал. Имено, молкот само потврдува дека тие се согласуваат со скандалозната формулацијата во член 4, алинеа 11 од предложениот Закон за употреба на македонскиот јазик, во која СДСМ за македонскиот јазик вели дека е „странски/втор јазик во и надвор од Република Македонија“. Но, според Уставот и законите, македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту странски ниту втор јазик во Република Македонија. Во согласност со Уставот, ДРУГ јазик може да се употребува ПОКРАЈ Македонскиот на сите јавни настани, а не македонскиот да биде придружен јазик на некој друг јазик. СДСМ мора итно да прифати дека македонскиот јазик не е ниту втор јазик ниту странски јазик во Република Македонија“, рече тој.

Заев, Спасовски и СДСМ, додаде Вељановски, заговараат неуставно и навредливо законско решение, кое во членот 7 повторно го понижува македонскиот јазик. Во него се вели „на јавните настани финансирани од буџетот задолжително се употребува и македонскиот јазик“.

„Иако во оценката на состојбите што треба да се уредат со овој закон звучно се декларира дека со овој закон се зацврстува посебната заштита на јазикот како нематеријално културно наследство, одредбите на овој закон се далеку од третирање на македонскиот јазик како непроценливо културно богатство и наследство од духовен карактер. Затоа, итно бараме Заев, Спасовски и СДСМ да не ја ставаат политиката над науката и да ги слушнат жестоките реакции и критики на 90 отсто од стручната јавност за ова несреќно законско решение. Со оглед на извонредното значење на овој закон за широката јавност, овој закон не смее да се носи на шверцерски начин и со импровизации, туку во редовна постапка, со прифаќање на сите забелешки на експертската јавност и задолжително во редовна процедура, односно преку три читања“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Трет ден од молкот на СДСМ и Оливер Спасовски за сомнителниот тендер за набавка на пасоши

Објавено пред

Трет ден од молкот на СДСМ и Оливер Спасовски за сомнителниот тендер за набавка и испорака на пасоши и документи за лична идентификација во вредност од над 19,5 милиони евра, кои треба да се набават во 2020 и 2021 година, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Целата постапка за која говориме изминативе денови е крајно сомнителна и незаконска и со многубројни прекршувања на процедурите за кои подоцна, доколку се отвори постапка од Обвинителството, некој можеби ќе одговара со кривично дело. Денеска ќе изнесеме уште една прекршена процедура во целата оваа сомнителна постапка на овој тендер, каде што се работи за милионски криминал. По ова, очекуваме да се вклучат и институциите што го следат и финансискиот криминал во Република Македонија. Имено, според нашите информации, платени се 4 милиони евра од страна на МВР кон ‘Веридос’, што јасно покажува дека е прекршен член од рамковната спогодба“, рече тој.

Арсовски прашува зошто е прекршен тој член од рамковната спогодба, која исто така е потпишана пред да има избор на носителот на набавката?

„Во рамковната спогодба во член 7 на секој поединечен договор што ќе се потпише се исплаќа 20 отсто аванс, а остатокот од износот во рок од 30 дена по испраќање на фактурата од страна на фирмата кон Министерството. Како и да се земе, 20 отсто, па и на целата сума од вредноста на обрасците кои чинат 8 милиони евра, е околу 1,6 милион евра, а како што рековме, исплатени се 4 милиони евра, односно  процентуално тоа се околу 50 отсто авансно исплатени на фирмата „Веридос“, со што е прекршен законот и членот 7 од рамковната спогодба, која е потпишана помеѓу Министерството и фирмата „Веридос““, рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Свет3 часа

Кинескиот град Вухан во изолација поради корона вирусот, сите транспортни мрежи ќе бидат затворени

Сите кинески сообраќајни и транспортни мрежи ќе бидат затворени во кинескиот град Вухан, во кој се забележани првите случаи на...

Македонија7 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија7 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ8 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија8 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија9 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија10 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија10 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија11 час

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет11 час

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет11 час

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет12 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион12 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет13 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет15 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет15 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија15 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура1 ден

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Досие