Контакт

Соопштенија

Жерновски: Проектот за интеграција во ЕУ нè обединува по етничка линија

Објавено пред

Особено треба да нè радува фактот што проектот за интеграција во Европската Унија нè обединува по етничка линија и тоа нè прави уште посилни, рече заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, на средбата со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001-2002 година.

Како што соопшти МНР, Жерновски истакнал дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска шанска за граѓаните да го трасираат патот на државата во иднина. Воедно, тој навел дека нашата држава е на чекор поблиску до остварување на нашата стратешката цел – членство во ЕУ и НАТО.

„Особено треба да нè радува фактот што проектот за интеграција во Европската Унија нè обединува по етничка линија и тоа нè прави уште посилни. Деновите што ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме по 30 септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да нè обедини сите“, рекол Жерновски на состанокот.

Тој информирал за реализираните реформи, како и напорите што Владата ги презема во насока на почнување преговори со ЕУ во 2019 година и членство во НАТО.

Амбасадорот Ле Роа упатил силна поддршка за престојниот референдум – „Официјален Париз цврсто стои зад евро-атлантските аспирации на Република Македонија“, нагласил Ле Роа на состанокот.

Соопштенија

СДСМ: Губитникот Мицкоски и очајното ВМРО-ДПМНЕ ги ставаат партиските интереси пред здравјето на граѓаните

Објавено пред

„Коронавирусот за Христијан Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ е опасен само тогаш кога тоа им одговара на нивните дневно-политички агенди и кога глумат загриженост за здравјето.Како и за се, така и за опасниот вирус, Христијан Мицкоски и неговата партија менуваат ставови по потреба.За Мицкоски вирусот беше опасен, па поради тоа правеше притисок за предвремените парламентарни избори, глумејќи загрижен лидер, на кого му било важно здравјето на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Според партијата, од друга страна ни тој самиот не ги почитуваше здравствените протоколи, и поради него се отвораа теретани, се заклучуваа ресторани.

„Неговите послушници работеа директно против здравјето на граѓаните. Заменичката министерка за финансии во техничката влада Гордана Димитриевска Кочоска, го закочи проектот од Светска банка вреден 90 милиони евра, средства наменети и за кревети за интензивна нега за сите инфективни одделенија во државата, за лабораториски капацитети.Во меѓувреме, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ инфектологот Вело Марковски, се расфрла со теории на заговор поврзани со корона вирусот, кои одат само на штета на здравјето на граѓаните.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со организирање масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, го загрозува и јавното и здравјето на своите приврзаници.Колку на Мицкоски му е важно здравјето на граѓаните покажува и однесувањето на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ која се обидуваше да го опструира Законот за здравствена заштита на населението од заразни болести во Собранието.Од почеток на ковид кризата во земјата, од опозицијата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики.Христијан Мицкоски покажа дека е неспособен лидер кому партискиот интерес му е поважен од здравјето на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се крие и не го кажува ставот за Делчев и македонскиот јазик

Објавено пред

„Зоран Заев се крие од македонската јавност и не сака да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик.Заев спрема Декларација на договорот со Бугарија, за кој тврдеше дека е финален и ги затвора сите отворени прашања со Бугарија, и дека истиот ја гарантирал европската иднина на државата. Сега гледаме дека Зоран Заев ги лажел граѓаните. Договорот кој го потпишал ниту е финален, ниту ја гарантира европската иднина на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Зоран Заев целиот мандат го помина во потпишување на некакви договори, а земјата тапка во место.

„Зоран Заев нема став и не ги осудува нападите кои доаѓаат кон Македонија.Зоран Заев молчи и по прашањето дали навистина сака да го направи македонскиот народ геноциден народ, работа за која во јавноста проговорија некои македонски историчари.Зоран Заев како премиер ги обременува и државата и народот со работи за кои не се преговара.Зоран Заев треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува продавањето на Гоце Делчев и македонскиот јазик и дека секој негов договор за тоа нема да биде почитуван од ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде поништен со нашето доаѓање на власт“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува опасно за јавното здравје

Објавено пред

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во време кога расте бројот на инфицирани со коронавирусот, а болниците се полнат, продолжува да ја злоупотребува сериозна здравствена ситуација за дневнополитички поени. Од почетокот на корона-кризата во земјата од безидејната ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго, освен неконструктивно дејствување, опструкции и критики“, соопшти СДСМ.

Според партијата, во деструктивноста предничи тоа што заменик-министерката за финансии во техничката влада цело лето го кочеше заемот од Светската банка од 90 милиони, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран.

„Цела есен, во време на сериозен бран на коронавирусот, раководството на ВМРО-ДПМНЕ организира масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот. Колку на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им е битно здравјето на граѓаните говори фактот што бараа предвремените избори да се одржат есенва, колку навистина се загрижени за коронавирусот говори фактот што во Собранието ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се потребни за зголемување на превенцијата од коронавирусот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат за ништо друго, освен деструкција и дејствување спротивно на интересите и здравјето на граѓаните. Затоа уште долго ќе останат во опозиција“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност која не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија2 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет2 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет2 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет2 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа2 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет13 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија13 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа15 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија16 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија17 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија17 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт20 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет20 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет21 час

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија21 час

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука23 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија23 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија24 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Досие