Контакт

Соопштенија

(Видео) Жугиќ: Во скопските јавни културни установи нема заштитна опрема и протоколи за работа

Објавено пред

Нашите информации говорат дека во јавните културни установи кои се под надлежност на Град Скопје, не се почитуваат препораките за заштита на здравјето и безбедноста на вработените, изјави Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече таа, располага со сознанија според кои вработените во овие културни установи немаат добиено опрема за лична заштитна, протоколи за работа или било какво упатство за работа за време на вонредната состојба и пандемијата со Ковид-19.

„Загрижувачки е и односот на некои претпоставени во некои од културните институции. Тие без да издадат решение за доискористување на годишниот одмор за минатата година, само со усно известување ги информираат вработените дека немаат право на годишен одмор и дека истиот им се смета како искористен во изминатиот период, без разлика што во истиот тој период, дел од вработените оделе на работа“, посочи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека нехуманиот однос на Град Скопје под раководство на Петре Шилегов кон вработените во културните установи е израз на неспособност во справувањето со кризата и вонредната состојба.

Македонија

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Објавено пред

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во време на епидемија со коронавирусот, се однесува неодговорно и несериозно, а приоритет му е одбрана на неговиот шеф Мицкоски за случајот со теретаната, а не заштита на јавното здравје, велат од СДСМ преку соопштение.

Од владејачката партија нагласуваат дека изјавата на Чулев оти граѓаните не треба да бидат казнувани заради непочитување на мерките и задолженијата придонела за масовно непочитување на мерките од страна на граѓаните.

„Полицијата предводена од Чулев не презеде ништо ни кога се прекршуваа забраните за собири, кога масовно се прекршуваа забраните за движење, а и самиот Чулев организираше јавни собири без почитување на мерките. Сега, за жал, стигнува сметката за неказнувањето и неработата на Чулев преку зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во земјата. Ова е само уште еден доказ за несовесното и незрело однесување на Чулев и ВМРО-ДПМНЕ кои на овој начин дејствуваат против јавното здравје. Чулев по налог на Мицкоски не само што не помага, туку и одмага во борбата против коронавирусот“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека изборите се решение за незрелото, неодговорно и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и неговите кадри во техничката влада. Од СДСМ порачуваат дека на државата и се потребни институции со полн капацитет кои ефикасно ќе се справат со последиците од актуелната пандемија, но и ќе бидат подготвени за новиот бран кој по сите најави се очекува наесен.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Објавено пред

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет, луѓе на кои здравјето на граѓаните ќе им биде врвен приоритет, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку сооопштение.

Партијата вели дека се покренува сериозен сомнеж во работата на Комисијата и во нивните проценки за мерките кои треба да се преземат.

„Нив приоритет не им беа лекарите и здравјето и животите на граѓаните, туку приоритет им беше политиката и тоа како да го ублажат поразот и да ја спасуваат кариерата на Зоран Заев. Затоа правеа се само и само да се одржат избори по цена на здравјето и животите на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ситуацијата е излезена од контрола, а новата нормалност на СДСМ се руши како кула од карти.

„Во ден кога во Македонија е забележан црн биланс со 52 нови заразени граѓани, СДСМ излегуваат со нови манипулации за платите на лекарите и здравствените работници и ги обвинува граѓаните за ширењето на заразата. Далеку се лекарите од ветените 100 илјади денари плата. Реалноста е дека заради СДСМ и политичките амбиции на Заев имаме фијаско во борбата со коронавирусот, а секој загубен живот оди на совеста на Заев.
Во едни вакви услови Зоран Заев турка избори што значи директно туркање кон изборна кланица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијанса за Албанците: ДУИ ја користи пандемијата како алатка за предизборна кампања

Објавено пред

Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 за нивните партиски интереси, се наведува во соопштение на политичката партија Алијанса за Албанците.

„Министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези“, се посочува во партиското соопштение во кое се додава дека ваквата навредлива практика ја применуваат и раководителите на општините предводени од ДУИ.

„Градоначалниците на Дебар, Хекуран Дука и тој на Чаир, Висар Ганиу парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани“, реагираат од Алијанса за Албанците.

Од партијата ја повикуваат Антикорупциската комисија да реагира што е можно поскоро на, како што се вели, недоличното однесување на функционерите на ДУИ кои своите институционални позиции ги ставаат во служба на нивниот рејтинг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Македонија1 час

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четвртта по...

Македонија3 часа

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет3 часа

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија3 часа

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано...

Македонија4 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија5 часа

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија5 часа

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија5 часа

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет17 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија21 час

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион22 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија23 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија24 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија1 ден

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија1 ден

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија1 ден

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија1 ден

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Досие