Контакт

Соопштенија

Заев-Баздникин: Да ги искористиме можностите за зајакнување на соработката меѓу двете земји

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

„Претседателот Заев порача дека двете држави имаат традиционално добри односи, но постојат многубројни можности тие дополнително да се унапредат во интерес на граѓаните на Русија и Северна Македонија, а таквите можности треба да се искористат“, соопштија од партијата.

„Нашата стратешка определба е интеграцијата во ЕУ и НАТО, но истовремено наша заложба е да градиме и негуваме добри односи со сите држави, особено со Русија, која е наш традиционален партнер и која може да придонесе многу во развојот на нашата држава и општество“, рекол Заев.

Во однос на актуелната ситуација во државата, Заев истакнал дека преодната Влада задолжена за организирање на изборите работи добро и економските процеси продолжуваат во интерес на граѓаните.

Осврнувајќи се на претстојните предвремени парламентарни избори, Заев рекол дека СДСМ е подготвен за изборно соочување, дека пред граѓаните ќе биде претставена реална програма, која ќе има цел да го трансформира и унапреди општеството и дополнително да го зајакне животниот стандард на граѓаните.

Амбасадорот Баздникин оценил дека односите меѓу двете земји се движат во добар правец и изразил подготвеност за продлабочување на соработката во сите области каде што има потенцијал за такво нешто. Баздникин изразил уверување дека Република Северна Македонија ќе спроведе фер, слободни и демократски избори, на кои ќе се почитува мнозинската волја.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, треба да покаже доблест и да си поднесе оставка веднаш, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според опозициската партија, очигледно е дека Владата и Филипче не се способни да се снајдат во целата ситуација со коронавирусот.

„Од почетокот на пандемијата до сега немаат ниту една добра мерка донесено која вродила со некаков плод. Поради погрешните политики на Филипче и Комисијата за заразни болести во Македонија нема прекин во пандемијата односно поради нив пандемија е во континуитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува и дека Филипче нема кредибилитет, го поминал цело лето без да направи подготовки, а не е инвестирано ниту во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар и опрема.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што пред споменикот на Гоце Делчев немаше ниту еден пoвисок претставник на владата

Објавено пред

Владата должи објаснување какви обврски имале Заев и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Акт на непочитување и вистински скандал е што на свеченото положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје не најде за сходно ниту еден пoвисок претставник на владата да се поклони и оддаде почит на великанот. Жално е што тие кои што треба да го бранат делото и заслугите на Гоце Делчев во преговорите со источниот сосед не најдоа засходно да се поклонат пред неговиот споменик на Денот на револуционерната борба 23 октомври“, велат од партијата.

Тоа покажува дека премиерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, се статисти во процесот и немаат елементарна почит кон заслугите на револуционерното движење и херојот Гоце Делчев.

„Имаме Влада која не ги почитува дејците кои дале живот за денешната слобода, државност и темелите врз кој што овие вредности почиваат. Владата на Заев должи објаснување какви обврски имале премиерот и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Просечната плата во август зголемена за 9,6 отсто

Објавено пред

Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика изнесувала 27.535 денари.Платата во август, и во услови на најголемата криза во светот, по втората светска војна, е зголемена за 9,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти СДСМ.

„Од јуни 2017 година, кога СДСМ застана на чело на Владата, просечната плата во државата порасна за 4.727 денари. СДСМ преку бројни мерки и политики, во изминатиот период покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата, за државата“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија5 часа

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион5 часа

На Балакнот денеска рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет5 часа

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет7 часа

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија8 часа

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија10 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија10 часа

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион11 час

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија12 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет12 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија13 часа

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија13 часа

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија1 ден

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија1 ден

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион1 ден

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија1 ден

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија1 ден

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ1 ден

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Досие