Контакт

Соопштенија

Заев од Демир Капија: Со секој глас „за“ отвораме можности за влог во капитални инфраструктурни проекти

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на неколку дена пред одржување на референдумот оствари средба со граѓаните на Демир Капија и се обрати на граѓанска трибина.

Посочувајќи ги бенефитите од членството на Македонија во НАТО и во ЕУ, премиерот Заев истакна дека за земјата тоа ќе донесе стабилност, економски просперитет, повисоки плати за граѓаните и подобар стандард.

Заев пред жителите на Демир Капија објасни и каква била состојбата во некои земји пред и по нивното зачленување во двата големи сојузи.

„Пред да бидат членки на НАТО и на ЕУ, невработеноста во Бугарија била 17,3 проценти, кога станала членка на НАТО, Бугарија и на ЕУ, невработеноста паднала на 5,5 отсто. Странските инвестиции се зголемиле за 3 до 5 пати повеќе од претходно. Во Романија платите пораснале за 400 проценти, во Бугарија платите претходно биле 244 евра, сега се 550 евра. Затоа се бориме и ние да ги достигнеме“, рече премиерот Заев.

Ова како што рече тој, ќе се случува и во Македонија. Премиерот Заев истакна дека со отворање на европските фондови, ќе се почувствува директна финансиска поддршка за младите, за земјоделците, но и за сите важни сектори во општеството; здравство, социјала, комунална инфраструктура, образование.

„Тенденцијата на Европа е рамномерен развој насекаде на територијата на ЕУ. Сите земји кои се под 85% од просекот на развој на ЕУ, тие директно ги ползуваат сите фондови на ЕУ. И социјалниот и за земјоделие и кохезивниот фонд. Ова нам не ни се отвора како можност по 5, 10 години. Буквално од 1 октомври го почнуваме скринингот, преговорите, а поглавјата ги отвораме во јуни 2019 година – тоа се неколку месеци од сега. Со отворање на поглавјата, се отвораат фондовите и затоа не смееме да ја пропуштиме оваа историска шанса, додаде премиерот .

Пред граѓаните на Демир Капија, Заев зборуваше и за важноста на договорот со Грција, како и за фактот дека оваа генерација има привилегија, шанса, но и огромна одговорност за неколку дена, на 30 септември, да донесе вистинска одлука за иднината на Македонија, но пред сè за иднината на нашите деца и внуци.

„Сега на 30 што и да направиме секако ќе влијае. Ако сме за, ќе влијаеме за да ги отвориме сите можни перспективи. Ако сме против, јас сум убеден дека ќе ни биде жал. А тие што ќе останат дома – знам дека ќе се срамат. Тоа ти е како – какво семе ќе засадиме. Ако засадиме за ќе никне убава лозинка, ќе даде убав род и богат плод. Ако засадиме против, ќе никне една прачка што нема да даде никаков род. Ако засадиме бојкот, ќе останат само трња и троскот“, заклучи премиерот Заев повикувајќи ги граѓаните на Демир Капија в недела со кренати глави и со убава насмевка да гласаат „за“ европска Македонија.

Соопштенија

Кирацовски: Битола добива регионален центар за лицата со оштетен вид

Објавено пред

Битола добива регионален центар за лицата со оштетен вид кој ќе се простира на 500-тини метри квадратни, со сите неопходни услови за нашите сограѓани со попреченост, најави генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски.

Како што рече, станува збор за современ регионален центар што ќе ја има комплетната неопходна инфраструктура, ќе биде опремен со најсовремена технологија по највисоките стандарди коишто комплетно ќе ги обезбедат и потребите и барањата на лицата со оштетен вид.

„Грижата за лицата со попреченост воопшто е еден од првите императиви на Владата на Република Македонија, на МТСП, на парламентарното мнозинство, а како што гледате, и на локалната самоуправа. Ние во духот на концептот едно општество за сите решивме да го иницираме овој проект со цел да обезбедиме еднакви можности за развој и за живот на сите наши сограѓани. Свесни дека и статусот, но и грижата за овие наши сограѓани во минатото значи зборувам за лицата со оштетен вид, како и севкупно на лицата со попреченост во изминатите години беше на многу ниско ниво, затоа решивме комплетно да се посветиме на решавањето на проблеми на овие драги наши сограѓани и да ги обезбедиме сите неопходни услови за тие да имаат нормален живот како и сите наши сограѓани“, рече Кирацовски.

Тој изрази надеж дека центарот ќе биде пример за сите општини во земјата, во насока на тоа како и на кој начин треба да се обезбедат неопходните услови за нормален живот на лицата со попреченост.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Ѓорчев: Економијата е во надолна линија и не се реализираат проекти

Објавено пред

Со жалење можеме да констатираме дека со оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев, кога станува збор за проекти и дела, економијата е буквално ставена на црна листа, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

„Ништо не е предвидено за Источна Македонија исто како што ништо од Владата не е предвидено да се прави и работи во Скопје за да се покријат тоталната неспособност, дебакл и фијаско на градоначалникот Петре Шилегов.

Ништо не е предвидено да се работи и во Западна Македонија, во делот на Гостивар, кој исто така е ставен на црна листа, во Тетово и Тетовско, одбиени се нашите амандмани за Дебар и Дебарско.

Одбиени се нашите амандмани за Пелагонија, за Битола и битолскот крај, за Прилеп и прилепскиот крај. Одбиени се нашите амандмани за Повардарието и за цела низа општини во тој дел“, изјави Ѓорчев.

Огромни средства се трошат, нашите амандмани се одбиваат, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и додава дека станува збор за издржани проекти поддржани од граѓаните, а во исто време целата економија е во надолна линија и не се реализираат проекти.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Македонија е државата со најзагаден воздух во Европа 

Објавено пред

Македонија е државата со најзагаден воздух во Европа, а владата на СДСМ не презема ништо да го реши овој проблем со кој се соочуваат граѓаните, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев не ја интересираат животите на илјадниците македонски граѓани кои се директна жртва на енормно загадениот воздух.

Наместо да се преземат конкретни мерки кои ќе ја намалат загаденоста, тие спијат или играат игри.

Македонскиот народ знае дека актуелната власт нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем“, се наведува во реакцијата.

Македонија е во прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека токму поради тоа граѓаните треба да им се придружат вечерва на протестниот марш.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна...

Европа11 час

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои...

Македонија12 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет13 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски13 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски17 часа

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија20 часа

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Македонија21 час

(Видео) Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, изјави дека двата предлог-закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за...

Македонија21 час

Обвинителството нема да го гони сопственикот на менувачницата што уби двајца крадци

Обвинителстото ја отфрли кривичната пријава против сопственикот на менувачницата во Кисела Вода кој лани уби две лица при обид за...

Македонија21 час

Непознато лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за честење неопределени по кафулиња

Во една од СМС-комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со непознато лице направена на 3 април...

Бегството на Груевски22 часа

(Видео) Рускоска: Синоќа ја видов фотографијата со Груевски, ќе видиме кој ја сликал и од каде потекнува

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека синоќа ја видела фотографијата со Груевски од Будимпешта....

Топ22 часа

Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје

Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството...

Топ22 часа

Експлозивна направа, куршуми, оружје и дрога пронајдени во неколку куќи во Скопје

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен суд Скопје 1...

Македонија23 часа

Стара градска ќе го намалува бројот на пациенти, нов обид за реновирање

Старата градска болница, односно ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, ќе го намалува бројот на пациенти оти...

Европа1 ден

Терористички напад во Стразбур – убиени најмалку четири, а ранети 12 лица

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот...

Македонија1 ден

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од...

Свет2 дена

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски2 дена

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток2 дена

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 дена

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Досие