Контакт

Соопштенија

Алијансата зa Албанците – Алтернативата: Овaа е антиевропска и Влада штетна за граѓаните

Објавено пред

Деновиве, кога беше одбележан Денот на Европа, слушнавме десетици изјави и објави на функционери од оваа Влада, кои да не ги познававме и да не ги знаевме нивните дела, ќе поверувавме дека целиот товар на ЕУ паднал врз нивните плеќи, реагираат од коалицијата „Алијанса за Албанците/Алтернатива“.

„Оваа Влада е формирана врз парадигмата на измамата ‘албански премиер’, со што станува извршната власт што го уништил секој демократски и морален критериум за учество на избори, оваа Влада е резултат на изборите од 15 јули 2020 година, кои за нас се нелегитимни бидејќи на тие избори манипулацијата на гласот, кражбата, купувањето и другите форми на нарушување на демократската волја станаа стандард на држава, која, барем официјално се стреми да биде членка на ЕУ, оваа власт му издаде градежно земјиште во вредност од 200 милиони евра на контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ, кој спонзорира антиевропска агенда во регионот“, потенцират од коалицијата.
Според нив, Владата потфрлила со образовниот процес во време на пандемија, а резултатите од овој неуспех, како што велат, ќе се чувствуваат уште долго во иднина.

„Оваа Влада се однесува кон пандемијата во стилот ‘нека се спаси кој како може!’, па затоа денес стапката на смртност во РСМ е највисока во Европа, а имунизацијата е меѓу најниските во нашиот континент, оваа Влада овозможи да добијат пасоши над 200 меѓународни криминалци, кои се бараат во светот, со што потврди дека РСМ стана засолниште на криминалците и дека оваа власт е длабоко вклучена во меѓународниот организиран криминал“, потенцираат од оваа партија.

Од таму сметаат дека ваквите состојби се најдобриот доказ, како што велат, дека оваа држава креира друга агенда и се откажала од евроинтеграциите.

Соопштенија

Единствена Македонија: Заев да каже какви отстапки направи со новиот предлог до Бугарија

Објавено пред

Од Единствена Македонија велат дека по вчерашната посета во Софија излегла информацијата дека Зоран Заев понудил нов конкретен предлог до Бугарија за решавање на т.н. бугарско-македонски спор.

„Јавноста е сведок дека Заев досега со секоја своја изјава, со секоја своја посета на Софија се повеќе ги распродава македонските национални интереси. Засега останува тајна содржината на новиот предлог на Заев за кој се зборува по вчерашната посета на Софија, но, го потсетуваме Заев да ја прекине опасната авантура за подарување на македоснкиот идентитет, историја, јазик и култура на Бугарија, бидејќи нема мандат за распродажба на националните интереси“, велат од партијата.

Од таму велат дека прашањето за Македонија и Македонците не е прашање на една партија, на една влада.

„Единствена Македонија го повикува Заев да го покаже новиот антимакедонски предлог што вчера го дал до Софија. Новата народна власт која доаѓа ќе ги поништи антимакедонските договори, одговорност за рушење на Македонија и Македонците мора да има, и ќе има“, велат од Единствена Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да објави каков предлог Заев дал во Бугарија

Објавено пред

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, додаваат од таму, беше соопштено дека Заев дал предлог до бугарската влада.

„Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев, додаваат од таму, со секоја нова изјава продава сѐ повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

„Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата. Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија. Останува отворено кои се 5. историски личности за кои има согласност меѓу историските личности за кои Заев говори. Заев создава поделби во Македонија. Со Заев Македонија губи. Потребно е Заев да си оди, за Македонија да биде за сите луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијансата за Албанците: И по три години од преспанскиот договор, далеку сме од преговори со ЕУ

Објавено пред

Партијата Алијансата за Албанците денеска изрази жалење што дури и по три години, како што велат, главната цел на договорот од Преспа сè уште не е постигнат.

„Нашата земја е сè уште далеку од отворање разговори со ЕУ иако за три години Владата ги излажа граѓаните најмалку три пати. Духот на преспанскиот договор исто така требаше да се рефлектира и во односите со сите соседни земји, подобрувањето на комуникацијата, решавањето на споровите, унапредувањето на билатералните и регионалните односи, спроведувањето на заедничките развојни проекти и интеграцијата на регионот во Европската Унија“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата на Зијадин Села сметаат дека власта не покажала оти интересот на земјата и граѓаните го става над партискиот.

„Стагнација на реформи, криминал и корупција, партизација на правдата, етничка и политичка дискриминација, се само дел од дамките што ги загрозуваат самиот договор од Преспа и иднината на земјата, како што се очекуваше пред три години“, велат од Алијансата за Албанците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион43 минути

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ13 часа

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет16 часа

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Спорт18 часа

Премиерот најави промена на името на Фудбалската федерација на Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија19 часа

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион23 часа

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија1 ден

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион1 ден

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт1 ден

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт1 ден

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион2 дена

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Европа2 дена

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент, пратеник изјавил дека опозиционерите треба да бидат застрелани

За време на разгледувањето на измените и дополнувањата на предлог законот за реформа на Националниот совет за телевизиски и радио...

Македонија2 дена

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија2 дена

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија2 дена

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија2 дена

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија2 дена

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ2 дена

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Досие