Соопштенија
Конкурс за најдобри новинарски стории

Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, објавува конкурс за најдобри новинарски стории за искуствата на ранливите и маргинализираните групи во општеството и предизвиците со кои се соочуваат во образованието.
Повикот за апликации е отворен за сите професионални новинари и редакции во државата за стории објавени во периодот од 1 мај 2021 година до 1 мај 2022 година.
Критериумите за наградите вклучуваат автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес, која ги задоволува највисоките етички стандарди во новинарството. Пријавите може да биде во каква било новинарска форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју).
Најдобрите стории ќе ги одбере жири составено од реноминирани претставници на професијата. Авторите на најдобрите стории ќе ги добијат следниве награди:
Прво место – ИТ-опрема со противвредност од 900 евра
Второ место – ИТ-опрема со противвредност од 700 евра
Трето место – ИТ-опрема со противвредност од 600 евра
Новинари поединци и редакции можат да пријават до три (3) стории.
Конкурсот е отворен до 16.5.2022 година.
Апликациите треба да се испратат по е-пошта на [email protected]
Пријавите мора да вклучуваат линк до новинарската содржина и истата да се прикачи како додаток во е-пошта (pdf документ).
Наградите за најдобри стории поврзани со известувањето за ранливите и маргинализираните групи и предизвиците со кои се соочуваат во образованието, СЕММ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги доделуваат за да ги поттикнат новинарите во промовирање на концептот на еднаквост и интеграција на ранливите и маргинализираните групи граѓани преку професионална и етичка обработка на темите од јавен интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Го поздравуваме тоа што антикорупциската отвори предмет, Велковски да поднесе оставка

„Според информации во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за незаконското назначување од страна на Данела Арсовска на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје.
Тоа е за поздравување.
Велковски е незаконски назначен од Арсовска, прекршен е членот 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите.
Тој истовремено е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир за што добива месечен паушал од 18.000 денари, а како секретар на Градот тој има плата од речиси 50.000 денари.
Овој случај на грубо прекршување на законите мора да добие разрешница, а Велковски мора да се повлече од функцијата на која е незаконски поставен од страна на Арсовска.
Сите инволвирани во овој случај мора да бидат санкционирани соодветно законите.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо, со прекршување на законите и партизација на институциите работи на штета на граѓаните“.
Соопштение на СДСМ
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ остане на власт, до крајот на годината долгот ќе биде над 8 милијарди евра

Долгот во 2017 година беше 4,7 милијарди евра, ако СДСМ остане на власт, до крајот на годината ќе биде над 8 милијарди евра. За 5 години, СДСМ ја задолжи државата колку сите влади пред нив заедно, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Моментно јавниот долг е над 7 милијарди евра, а по земањето на заемот од ММФ од 900 милиони евра и еврообврзница, тој ќе биде над 8 милијарди, што во проценти од БДП е над 70 %. За 5 години, долгот е енормно зголемен, без да има некој проект или инвестиција.
Сите капитални проекти стојат во место. Нема клиничка болница во Штип ниту клинички центар во Скопје. Автопатот Кичево – Охрид не може да мрдне од мртва точка. Пет години СДСМ буквално ги помина во криминал и корупција. Државата не само што стагнира, туку и изгуби чекор со регионот, каде што забрзано се инвестира во инфраструктура.
Пет години државата тоне. Доколку СДСМ остане на власт, долгот само ќе се зголемува, а инвестиции и раст воопшто нема да има. Затоа, потребни се предвремени парламентарни избори што побргу“, додаваат од опозициската партија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ за „криминални парцели“: Лицето кое се спомнува никогаш не било во работен однос во партијата

И вака оркестрирано обвинителство од СДСМ не можеше да најде ништо спорно кај претседателот Мицкоски, лицето кое се спомнува никогаш не било во работен однос во партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на владејачката партија дека во случајот „криминални парцели” вмешани се соработници на Мицкоски.
„Со новите кривични пријави на органите на прогон излезе на површина и виделина дека и вака оркестрираното обвинителство не можеше да најде ништо спорно кај лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наспроти невистините диригирани од центрите под контрола на СДС.
Да потсетиме, СДСМ е партија која е осуден за клевета и лажни вести.
СДСМ според пресудата на Основниот суд треба да му се извини на претседателот Мицкоски за тоа што шири лажни вести и невистини.
Доколку имаше и најмал сомнеж, партиските обвинители и инспектори кои работат исклучиво по нарачка на СДС ќе направеа голем скандал од случајот. Наспроти тоа се докажа дека со месеци наназад центрите на СДСМ ја лажеа јавноста за што не е прв пат, исто како што нема да биде прв пат потребата да се извинуваат поради тоа.
Посоченото лице во случајот никогаш немал работен однос во ВМРО ДПМНЕ, а другото претставува фабрикувана и злонамерна лага од СДСМ да се одвлече вниманието од инфлацијата, поскапените производи, сиромаштијата, неуспесите на владата.
За разлика од СДСМ јасно кажуваме дека секој кој се огрешил прес законот треба да одговара низ законита и транспарентна постапка“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.