Контакт

Соопштенија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во изминатите 10 години

Објавено пред

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, денеска грубо, најгрубо, го прекрши Деловникот на Собранието и постапи спротивно на своите надлежности и овластувања, обвини портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што рече тој, Кузмановска, спротивно на процедурата и на одлуката на мнозинството за промена на насловот на Иницијативата за надзорна расправа, одлучила да го прекрши Деловникот и да ја стави иницијативата со стариот наслов.

„ВМРО-ДПМНЕ, ќе повторам, бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во периодот од 10 години наназад. Ние, како пратеничка група на СДСМ со коалицијата, апсолутно немаме никакви дилеми и се согласуваме со таквата иницијатива, но не смееме да дозволиме, ниту смееме да го нарушиме дигнитетот на Собранието и нашиот како пратеници, надзорната расправа како институт да се користи исклучиво за популистички, теснопартиски цели, а се со една намера, оцрнување на граѓаните“, нагласи партискиот портпарол.

Тој ја повика претседателката на Комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет и да ја стави иницијативата за одржување надзорна расправа со видоизменет наслов за што, како што кажа, постои и одлука на комисијата.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски наместо да организира таканаречени протести за струјата, да поднесе оставка

Објавено пред

Очајниот губитник Мицкоски наместо да организира таканаречени протести за струјата, на кои и самиот не се појавува, да поднесе оставка, велат од СДСМ.

„Нема крај лицемерието и деструкцијата на губитникот Христијан Мицкоски, кој од ден на ден е се повеќе очаен и осамен. Во време кога есенскиот бран на коронавирусот, како во Европа така и тука е во полн налет, Мицкоски исплашен за својата фотелја во белиот дворец организира јавни собири на неговите приврзаници. Додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски секој втор ден го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го нивното и јавното здравје“, велат од партијата.

Според СДСМ, нема поголемо лицемерие од тоа против цените на струјата да протестира оној кој ја укинал евтината тарифа и за 100 отсто ја зголемил цената на струјата, додека си терал бизниси со хидроцентрали добиени од Владата во која бил советник.

„Наместо да организира „протести“ на кој и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи ветувањето пред избори и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формира Влада. Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните“, велат од СДДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Само со почитување на мерките може да очекуваме намалување на бројките на инфицирани со коронавирусот

Објавено пред

Само со почитување на мерките може да очекуваме намалување на бројките на инфицирани со коронавирусот, велат од СДСМ.

„Кога пандемијата со коронавирусот е во полн налет, бројот на инфицирани расте, болничките капацитети се полнат, а здравствените работници се преморени, важно е сите да ги почитуваме мерките за заштита на сопственото и на јавното здравје. Само со почитување на мерките, носење маска во затворени простори каде што може да се соберат повеќе лица во исто време и на отворен простор, држење дистанца, миење и дезинфекција на рацете и избегнување на групирање може да очекуваме намалување на бројките“, велат од СДСМ.

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, додаваат од партијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неконструктивно и ги кочат, опструираат и критикуваат сите напори за справување со коронакризата, а сега организираат масовни собири, на кои се кршат мерките за заштита и го доведуваат во опасност јавното здравје.

„Граѓаните знаат дека сега е неопходно сите да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, само така заедно можеме да го намалиме ширењето на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче урива рекорди секој ден, бројката на починати од корона е скоро 1.000

Објавено пред

Филипче урива рекорди секој ден. Црн петок за Македонија и граѓаните – заразени 934 лица. Бројот на активни случаи надмина 9.000, а бројот на починати се движи кон 1.000, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на Заев со својата неспособност прави состојбата со пандемијата од корона вирус да биде уште полоша. Секој ден Македонија руши рекорди на нови заразени и починати. Веќе сме земја во Европа која е црн рекордер по корона статистиката. Во државата корона вирусот се шири неконтролирано. Никој веќе не води сметка на кластери. Во градинките од септември 33 деца се позитивни на корона вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца. Во училиштата 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на КОВИД-19“, се наведува во соопштението.

Од таму велат дека амбулантата за прегледи на педијатриските пациенти во болницата Козле се наоѓа во самиот оддел во црвена зона каде се хоспитализирани пациентите со КОВИД – 19, што, според ВМРО-ДПМНЕ, само говори дека Здравствените власти лошо менаџираат со системот и создаваат дополнителна опасност.

„Лица со најтешки облици на болести се доведуваат во опасност од контакт со заразени со корона. И за сето ова властите не гледаат вина во себе, туку виновни се граѓаните. Затоа предлагаме Владата и Министерството за здравство, да овозможат и организираат, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат. Дополнително бараме да се ослободат од работа хронично болните и сите останати ранливи категории граѓани“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Нови 1085 позитивни случаи на Ковид-19, починале 12

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на...

Регион32 минути

Расте бројот на загинати во Турција – почина дете извлечено од под урнатините

Најмалку 35 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди турскиот град Измир, објавија турските власти. Две лица загинаа на...

Регион57 минути

Захариева: Нема да има вето ако Македонија ги признае бугарските корени

Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Северна Македонија кон членството во Европската унија, доколку не признае дека...

Македонија2 часа

Директорот на струмичката болница преку Фејсбук бара донација за ново возило

Директорот на струмичката болница Наќе Гогов преку Фејсбук побара донација за ново болничко возило, поради, како што вели, зголемениот обем...

Свет2 часа

(Видео) Застрелан грчки свештеник пред црква во Лион, напаѓачот во бегство

Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен...

Свет2 часа

Австрија оди во карантин до крајот на ноември

Поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во Австрија, од вторник земјата воведува полициски час. Мерката ќе биде на сила...

Свет2 часа

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си. Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција...

Регион4 часа

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија7 часа

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија7 часа

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет8 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион8 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија8 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија8 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија9 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион9 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет11 час

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет24 часа

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија1 ден

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Досие