Контакт

Соопштенија

Костадинов: За една година 184 милиони долари странски гринфилд-инвестиции, уште една потврда за успешните политики

Објавено пред

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска на прес-конференција зборуваше за податоците од „ФДИ Интеленџенс“, сервисот на „Фајненшел тајмс“, кој како што рече, објавил дека во периодот од јуни минатата до мај годинава во државава регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд-инвестиции.

Според Костадинов, ова е уште еден податок кој покажува дека по години стагнација и уназадување, економијата е стабилизирана, расте и се развива.

„Тоа е раст од 200 отсто споредено со минатата 2017 година. Ова е одличен податок, особено имајќи предвид дека гринфилд-инвестиции претставуваат инвестиции во бизнисот без претходна инфраструктура, деловен простор и вработени. За две години, вработени се околу 50 илјади граѓани, од кои 48 илјади во реалниот сектор. Тоа значи дека политиките даваат резултат“, истакна партискиот портпарол.

Костадинов посочи дека освен растот на гринфилд-инвестициите и вработувањето, се бележи раст и на извозот.

„Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава, извозот е зголемен за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година“, кажа тој, додавајќи дека ова се само дел од последните податоци што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата.

Соопштенија

(Видео) Манасиевски: Јанева за неполни четири години има земено приближно 150.000 евра

Објавено пред

Катица Јанева за неполни четири години од раководењето со СЈО има земено приближно 150.000 евра од парите на граѓаните како плата, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќето од граѓаните толку пари немаат видено за целиот свој живот, но и тоа е малку за ликови како Јанева, па истите тие се инволвирани во рекетарски скандали со функционери и јавни личности од СДСМ. Катица Јанева исчезна. Ни за 150.000 евра не чувствува одговорност пред медиумите и граѓаните. Си отворила боледување, а се пишува дека заминала од Македонија“, рече тој.

Тој ѝ остави чанта со лажни пари на Јанева пред вратата на СЈО.

„За нејзино што побрзо враќање и оздравување, во име на граѓаните, на Катица Јанева ѝ оставаме чанта од Луј Витон. Не е баш оригинал какви што си купува нејзиниот пријател Боки 13, но се наоѓа на пазарите во Македонија. Прочитавме дека нејзините драги лица ги обожаваат овие чанти, а особено кога се наполнети со милиони евра. Се надеваме дека таа ќе побрза да дојде да си го подигне подарокот. Патем, чантата не тежи многу и во неа нема пари, туку само парчиња безвредна хартија со ликови на оние за кои се зборува дека се вмешани во рекетот“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да испитаат дали Катица Јанева го фалсификувала боледувањето

Објавено пред

Пријателката на притворениот рекетар Боки 13, Катица Јанева, наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата за рекетарскиот политичко-судско-медиумски октопод на СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму случајот со специјалната обвинителка го поистоветуваат со поговорката – кој лаже, тој и краде, а како што велат, Јанева и лаже и краде исто како и нејзиниот ментор Зоран Заев.

„На Јанева не може да ѝ се верува и затоа надлежните мора да испитаат дали го фалсификувала или злоупотребува боледувањето. Мора да се спроведе детаљна и сериозна истрага кој сè е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец значи заштита на главата на октоподот и другите инволвирани во оваа рекетарска приказна“, велат од опозициската партија, од каде што јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева и дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Мицкоски да каже дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“

Објавено пред

СДСМ работи во интерес на воспоставување на правната држава и она што значи наша граѓанска обврска пред законите и Уставот, а најмногу пред граѓаните, рече пратеникот од владејачката партија, Костадин Костадинов.

Тој посочи дека прв кој го пријавил случајот „Рекет“ бил токму премиерот Зоран Заев, што, според него, покажува дека правната дежава функционира.

„Од страна на СДСМ беа поставени две прашања во однос на овој случај и сметаме дека може драстично да ја променат ситуацијата – дали Мицкоски имал средба со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор и дали посегнал по парите на еден од осомничените“, запраша Костадинов.

Во име на неговата партија рече дека очекуваат институциите детално да го разгледаат случајот, во интерес на правната држава и интересот на сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог закон за јавно обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за...

Македонија32 минути

Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат, да одлучи во рок 7 дена дали ќе го прифати...

Македонија3 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија4 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија4 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија6 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет6 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт7 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија17 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет18 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет20 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ23 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Досие