Контакт

Соопштенија

Костадинов: Мицкоски го блокира напредокот на земјата додека со половина уста бара предвремени

Објавено пред

Со неуспешно алиби и крајна неодговорност Христијан Мицкоски е во нов обид да ги блокира напредокот на земјата и реформите, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дојде на лидерската средба.

Според Костадинов, старото криминално крило на ВМРО-ДПМНЕ не сака земјава рамномерно да се развива.

„ВМРО-ДПМНЕ сака 18 години да бидеме без попис на населението. Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога има поврзување помеѓу граѓаните, Обвинителството и МВР за заштита од корупција и криминал, Мицкоски бега од разговор за Законот за Јавното обвинителство“, посочи партискиот портпарол и додаде дека опозицискиот лидер со половина уста бара предвремени избори, а не сака да зборува за подобрување на Изборниот законик.

Според Костадинив, Мицкоски се моли избори да нема затоа што и самиот е свесен дека изборите ќе ги изгуби.

„Мицкоски бега од лидерска. Мицкоски бега од реформи. Мицкоски ѝ штети на државата. Мицкоски работи против датум за преговори за членство во ЕУ“, рече портпаролот и додаде дека блокадите и антидржавните дејствувања сепак нема да успеат.

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Полицајци блиски до Чулев и Мицкоски наместо да прават контроли, прекршуваат забрани

Објавено пред

Седуммина полицијаци блиски до Наќе Чулев и Христијан Мицкоски синоќа ја прекршија забраната за јавни собири, посочи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што рече тој, наместо да го обезбедуват почитувањето на мерките и задолженијата, полицајците на Чулев директно ја прекршиле забраната.

„Еве, фотографија на ‘домаќинот’ на забавата сликан во пријателска атмосфера со Мицкоски и со Игор Јанушев“, посочи Костадинов и додаде дека јавноста била сведок и на друго прекршување на забраната за собири од страна на припадници на МВР, во Крушево.

Како што рече партискиот портпарол, таму забраната ја прекршил заменик-командирот на полициската станица, Благојче Димсоски, за кој посочи дека е кадар на Наќе Чулев.

„Ваквите случаи директно ја поткопуваат довербата во полицијата и МВР. Наместо во обезбедување на почитување на мерките и задолженијата, Чулев злоупотреби полициски службеници за снимање на пропагандни спотови. Наместо ред и дисциплина, Чулев јавно кажа дека полицијата нема да ги казнува оние кои ги прекршуваат забраните“, истакна Костадинов и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ освен по терористичкиот напад на крвавиот четврток ќе остане обележана и како партија која направила здравствен пуч.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Илиевски: СДСМ станува носител на коронавирусот во државава

Објавено пред

Неспособноста на надлежните и владејачката структура да воспостават соодветен систем за заштита на здравјето на граѓаните доведе до тоа Македонија да е на врвот по црниот биланс во однос на коронавирусот, изјави на прес-конференција Боро Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Зоран Заев докажал дека здравјето на граѓаните ниту му е приоритет, ниту го интересира.

„Тој зборува само за избори и тера кампања додека раководството на неговата партија или е инфицирано или е во самоизолација“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде дека владејачкиот  СДСМ станува носител на Ковид-19 во државава.

Според Илиевски ситуацијата е алармантна, а Македонија го доживува вториот пик на коронавирусот, кој првично беше најавуван за наесен.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Со редиците за субвенции, Шилегов ќе го направи Скопје нов корона-кластер

Објавено пред

Поради неодговорноста и неспособноста на Петре Шилегов, во Скопје се случува сериозна хаварија, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Секој ден стотици скопјани чекаат ред по неколку часа за субвенции на велосипеди и тротинети во услови кога се случува најсилниот пик на заразата со корона“, се наведува во соопштението.

Од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека субвенциите за тротинети и велосипеди се корисен проект, но, според нив, максимално штетен е хаосот со начинот на аплицирање и колоните редици.

„Во 21 век Шилегов наместо да овозможи аплицирање по електронски пат, тој го строи народот во колони и редици директно изложувајќи го на закана на коронавирусот. Шилегов со редиците од неколку стотина метри и хаосот со субвенциите ризикува Скопје да стане нов корона-кластер“, се нагласува во соопштението во кое Советничката група бара веднаш да се смени начинот на аплицирање и документите да можат да се достават по електронски пат или по пошта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија2 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија4 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ7 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија8 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија9 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија10 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија11 час

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет14 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа14 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет14 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет15 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа16 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион1 ден

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет1 ден

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет1 ден

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија1 ден

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија1 ден

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија1 ден

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија1 ден

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Досие