Контакт

Соопштенија

Костадинов: Системски се враќаат пари кај граѓаните, владините мерки даваат резултати

Објавено пред

Реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните се одвива постојано и непречено, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што кажа тој, според официјални информации, заклучно со јули 2019 година повратот на ДДВ кон претпријатијата во однос на истиот период од 2018 година е поголем за 14,5 отсто.

„Во апсолутни бројки тоа значи 30 милиони евра повеќе назад во стопанството, во споредба со првите седум месеци од минатата година“, истакна Костадинов додавајќи дека и мерката за поврат на ДДВ кај граѓаните дава одлични резултати.

Според партискиот портпарил, вкупно се скенирани над 9,5 милиони фискални сметки, а повратот на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните изнесува над 80 милиони денари.

Тој ја спомена и распределбата на картичките за зелена нафта наведувајќи дека преку оваа мерка, 200 милиони денари или над 3 милиони евра ќе се вратат назад кај околу 55.000 земјоделци.

Костадинов се осврна и на неколку други економски мерки на владата.

„Со социјалната реформа, социјалната помош расте и до 300 отсто, а опфатот на деца кои добиваат детски и образовена додаток расте до 20 пати. Со намалувањето на ДДВ за топлинска енергија, сметките за парно веќе од овој месец поевтинуваат во просек за 200 денари месечно, што е годишна семејна заштеда од над 2.000 денари“, нагласи тој додавајќи дека концептот „парите кај граѓаните“ е системски и дава реални резултати.

Соопштенија

(Видео) Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го ревидира преспанскиот договор доколку освои двотретинско мнозинство

Објавено пред

Зоран Заев ја најави победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори. Зоран Заев знае дека граѓаните не ја поддржуваат неговата антидржавна политика, изјави потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Заев е соочен со одговорноста за пазарењето со највисоките национални и државни интереси и затоа се обидува да ги заплаши граѓаните дека ги чека крајот на светот доколку не го прифатат неговото виткање на ‘рбетот како единствен начин да се преживее. Вистината е сосема поинаква. Зоран Заев, за да ги покрие криминалите, наместените тендери, скандалозните вработувања и уште поскандалозните договори, концесии и лиценци со кои се испумпаа стотици милиони евра од буџетот, се согласи да го потпише преспанскиот договор, кој директно задира во идентитетот на македонскиот народ. Зоран Заев се колнеше во жицата македонска, во внуците, во таткото и во дедовците дека немало да го менува Уставот и дека не се родил таков човек што би се откажал од името Република Македонија“, рече тој.

Зборот, додаде Мисајловски, му траеше сè додека неговите послушници не почнаа да рекетираат сè живо во државата и сè додека не почнаа да се штанцаат крвави тендери и да излегуваат на површина афери како „Леонардо“, „Сархемс“ и други.

„Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе ги порази овие криминални политики. Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство, ќе стори сè што е можно за да ги коригира штетите што Зоран Заев ѝ ги направи на Република Македонија. Да, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го ревидира преспанскиот договор доколку освои двотретинско мнозинство и тоа не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега бидејќи странските инвеститори нема да ја заобиколуваат земјава притиснати од рекетот на соработниците на Заев“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Локвенец: Со измените на Законот за служба во Армијата обезбедуваме подобри услови за работа во Армијата

Објавено пред

Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, предложени од Владата предводена од СДСМ, кои овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО, изјави пратеникот Хари Локвенец.

Според него, измените обезбедуваат подобра армија, подобри услови за работа во Армијата и градење кадри по стандардите на НАТО.

„Со законските измени вработените во Армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата. Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80 отсто од десетте најдобри години, како и повисоки испратнини при пензионирање. Овој закон го регулира и прашањето на војниците што полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање“, рече Локвенец.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Демократскиот сојуз бара темелна истрага за увозот на отпад во Македонија

Објавено пред

Демократскиот сојуз (ДС) бара темелна истрага за увозот на отпад во Македонија. Целта на истрагата, велат од партијата, во која треба да се вклучат службите за разузнавање и национална безбедност, МВР, како и Царинската управа и Министерството за животна средина, е да се расчисти дали во Македонија се увезува отпад за складирање или за горење.

„Потоа, да се испита како и на кој начин се контролира увозот на отпад, дали на депониите во Македонија се складира отпад од увоз и кој врши анализа на отпадот, кон фирми користат гориво од отпад, дали има увоз на отпад под друга декларација, како и други битни елементи. Аферата во Бугарија за сомнителниот отпад од Италија ја наметнува потребата од непосредна соработка со бугарските власти, меѓу другото, бидејќи како увозник се јавува фирма каде што сопственички удел има и директорот на ЈП ‘Дрисла’, каде што се складира отпад. Важно е да се провери и тоа дали директорот на ‘Дрисла’, претпријатие што извршува функција за граѓаните од исклучителен јавен интерес, може да има фирма за трговија со отпад дома или во странство. Натаму, инспекторите за животна средина треба да направат вонредна контрола и проверка на сето она што се складира и гори во депонијата ‘Дрисла’, но и во други фирми што користат отпад во процесот на производство“, велат од ДС.

Од таму истакнуваат дека обврска е на државните институции да ги штитат граѓаните од увоз, складирање и користење штетен отпад, а не, како што велат од ДС, со изјави во јавноста да замајуваат дека увозот на отпад е од кредибилни компании и слични флоскули, а зад сето тоа да се крие криминал со огромни суми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија12 часа

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија13 часа

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија14 часа

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија14 часа

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет15 часа

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија16 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија18 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија18 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ18 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет19 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет20 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија20 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет20 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет1 ден

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет1 ден

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава1 ден

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион1 ден

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет1 ден

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија2 дена

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Досие