Контакт

Соопштенија

ЛДП: Немаме друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, граѓаните масовно да излезат на референдумот

Објавено пред

Либерелно-демократската партија има јасен и недвосмислен став за поддршка на претстојниот референдум и оттаму преку соопштение ги повикаа граѓаните да излезат да гласаат и сплотено да одлучат за својата иднина.

„Пред нас е историски момент од кој зависи иднината на државата. Во овие моменти најважно е да се сплотиме и заеднички да се гордееме, бидејќи како држава немаме друга алтернатива освен ЕУ и НАТО“, се наведува во партиското соопштение.

Од ЛДП ги повикуваат граѓаните масовно да излезат на референдумот и да одлучат за својата иднина.

„Ние либерал-демократите, сметаме дека за вакво прашање, политичките партии не треба да тактизираат и да се премислуват дали да се излезе на гласање или не, собирајќи евтини политички поени. Ова е историска одлука и секој граѓанин треба да го каже својот став преку давање на свој глас. За сите нас Македонија е заедничка држава без оглед на религијата, етничката припадност, политичката определба и сите ние треба да одлучиме во каква држава ќе живееме“, велат од партијата.

Оттаму се категорични дека одлуката на граѓаните е обрзувачка и единствено исправна и дека сите заедно имаме обврска пред сегашните и идните генерации да овозможиме сигурна и економски просперитетна држава.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат само за роднините на функционерите, вработени во администрација

Објавено пред

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, мајките, браќата, тетките, стрините и останатите роднини на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Костадин Костадинов, кој кажа дека растот на платите во 2018 е највисок во последните 9 години.

Од опозициската партија сметаат дека платите во државата растат само за роднините на функционерите од власта, а за сите други паѓаат.

„Трошоците за живот од месец во месец се сè повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема“, се вели во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека државата оди кон дното, а власта само во последната година задолжила нови речиси половина милијарда евра, пари кои, како што велат, ќе треба да ги враќаат идните генерации.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Растот на платите во 2018 е највисок во последните 9 години

Објавено пред

Платите растат, сè повеќе пари завршуваат кај граѓаните, кај работниците, во семејствата. Во 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата во последните девет години, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Просечната нето-плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 денари, што е зголемување за над 8 проценти во однос на декември во 2017 година. Само за една година просечната плата е поголема за речиси две илјади денари! Реалните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати.
Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, новите и добро платени работни места“, изјави Костадинов.

Тој додаде дека оваа година продолжуваат зголемувањата на платите во сите сектори. Повеќе средства се одвоени за активните мерки за вработување, за поддршката за домашните и странски инвестиции.

Овие мерки и реални економски политики, според Костадинов, се добра основа за натамошен раст на платите, со крајна цел просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.

„Пред граѓаните презедовме одговорност да испорачаме сериозни резултати во економијата, реформите и интеграциите. Тоа го остваруваме, време е граѓаните да ги почувствуваат очекуваните резултати“, нагласи тој.

Напредокот во евроинтеграциите, членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, вели Костадинов, дополнително ќе ги интензивира овие позитивни текови, сè повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски рипна да го брани својот шеф, ги легитимираше дури и насилствата од 27-ми април

Објавено пред

Христијан Мицкоски веднаш рипна да го брани неговиот шеф – осудениот криминалец и бегалец Никола Груевски. Тој се стави во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27-ми април, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дваесет и седми април е најтрагичниот датум во историјата на нашата држава. Ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски.

Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства“, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ.

Од партијата додаваат дека не е Мицкоски тој што треба да кажува кој е виновен, а кој не од белиот дворец, туку судот и надлежните институции.

„Република Северна Македонија е правна држава. Сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка.

А, за тоа кој е готов, на кому му отчукува часовникот и кој паѓа ќе видиме мноу брзо. Еве ги претседателските избори Мицкоски и нема бегање, те чека пораз, твоите нервозни реакции нема да се спасат. Можеш да размислуваш за оставка во сопствената партија“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Русковска: Амнестираните и тоа како знаат дека се виновни, со законот нè уценија сите како граѓани на оваа држава

Обвинтиелката Вилма Русковска на денешното рочиште за крвавиот четврток, на критиките од бранителите во завршните зборови за обвинението и амнестијата,...

Македонија1 час

Котевски: Јанакиески е вратен во затворот, Ристовски не бил испратен во болница

По лекарските прегледи во болницата „8 Септември”, Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. По инцидентот,...

Македонија2 часа

Нинџа: Комуникациите на 27 април со Спире Ристовски, Мијалков, Атанасовски и Бошковски мистериозно исчезнаа

Обвинетиот соработник на УБК за крвавиот четврток, Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште во своите завршни зборови рече дека...

Македонија2 часа

Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што е хоспитслизиран ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот ден...

Македонија3 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија3 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија4 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ6 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија6 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток6 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија7 часа

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ7 часа

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Топ9 часа

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна кај Џафери

Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат...

Крвав четврток9 часа

(Видео) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017...

Македонија10 часа

(Видео) Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдена одговорност

Обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ја има одговорноста за сообраќајната несреќа кај Ласкарци каде што загинаа 15...

Крвав четврток10 часа

Груевски на „Фејсбук“: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на „Фејсбук“ за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на...

Македонија11 час

(Видео) Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија12 часа

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Досие