Контакт

Соопштенија

Левицата: Една година од нелегитимниот договор наметнат од НАТО-пактот

Објавено пред

Измина една година од потпишувањето на таканаречениот преспански договор, со кој владејачките елити од двете страни на државата, поддржани од европските бирократи, директно го прекршија цивилизациското право на самоопределување на македонскиот народ. По една измината година од оваа историска неправда, суштинските проблеми на нашата држава, како сиромаштијата, класната раслоеност, деградирана животна средина и криминалот не се решени, туку се продлабочени од новата коалиција на власт, соопшти Левицата.

Според нив, овој договор е олицетворение на шовинизмот, заканите и уцените на посилна држава поддржана од НАТО-силите за што сведочи и денешната вежба на стратешката точка Криволак, каде што првпат парадира и маршира војска на туѓа држава. Самиот начин на кој беше извршена промената на името, преку амнестии за тешки криминали, погазување на народната волја и ослободување криминалци и затвореници, е јасен доказ дека новото нелегитимно име не е прифатено од обичните граѓани на Република Македонија и не може да биде никаков гарант за просперитет или помирување. Помирување и солидарност помеѓу народите се гради единствено преку почитување на националното право на самоопределување на секој народ и соработка на работничката класа, а не преку договори склучени од криминалните елити поддржани од империјалистички пакт, кој го репродуцира националшовинизмот.

Преспанскиот договор беше донесен поради интересите на домашните и странските моќници, кои ја уништија социјалната држава и воспоставија владеење на олигархијата и криминалот – и како таков мора да биде поништен. Ниту една нација не може да биде слободна сè додека репресира други нации, додаваат од Левицата.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Да не беше трагична, одлуката за Јанева ќе беше смешна

Објавено пред

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Апелациониот суд, ексшефицата на СЈО од затворски да биде преместена во куќен притвор.

„Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска-судството и Русковска-обвинителството од начинот на кој ја водат истрагата за случајот ‘Рекет’. Од почетокот негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека сè било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба. Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор, Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. По тоа, следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесирана откако и таа претходно ги изгуби двата телефона“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е, додаваат од партијата, дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“, само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот – Зоран Заев.

„Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени кога криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12 април“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левица: Дури и во времето на Стевчо Јакимовски, Карпош беше потранспарентна општина од денес

Објавено пред

Скапата пропаганда што ја води локалната власт предводена од Стефан Богоев претставува обид за прикривање на нетранспарентноста во работењето на Општина Карпош, велат во соопштение од политичката партија Левица.

Како што објаснуваат од таму, нивниот советник Бранко Ристов во изминатиов период поставил повеќе прашања до општината за значајни локални проблеми.

Од партијата истакнуваат дека тој побарал информации за постоењето на дефинирана стратегија за намалување на загаденоста на воздухот и извештај за работата на овластените инспектори за животна средина.

„Согласно деловникот за работа на општината, рокот за добивање одговор е десет дена. Со тоа што изминаа повеќе од два месеца од доставувањето на прашањата, јасно е дека локалната власт на СДСМ грубо ги крши општинските акти, особено кога состојбата со загаденоста на воздухот е алармантна и не смее да има ниту ден одолговлекување, а уште помалку изговори“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека дури и за време на криминалното владеење на Стевчо Јакимовски транспарентоста на општина била на повисоко ниво од сегашното.

„Тотално нетранспарентен е и начинот на носење на програмите за работа на општината. Како акти од кои зависи визијата какво место за живеење ќе биде Карпош, отсутствува какво било учество од жителите, иако градоначалникот Богоев уште мината година најави дека поголема вклученост на граѓаните и организациите.

Според Левица, владеењето на СДСМ во општина Карпош претставува рефлексија од целокупното владеење на актуелната влада.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Дали долгот од 400.000 евра за кампањата е причината што ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на директор на Државниот завод за ревизија?

Објавено пред

Молкот во ВМРО-ДПМНЕ е индикатор за прикривање голем скандал, нова афера поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања. Јавно објавените информации, финансискиот извештај, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска, што е спротивно на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка, обвини портпаролот на владејачката партија СДСМ, Костадин Костадинов.

„Затоа молчи ВМРО ДПМНЕ. Дали токму овој незаконски долг од 400.000 евра е причината што ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на прв човек на Државниот завод за ревизија? Се плаши ли ВМРО-ДПМНЕ дека независна институција ќе поведе постапка и ќе ги истражи сите индиции за нивното непочитување на законот?

Одговорност мора да има. Надлежните институции мора да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста. Институциите се на потег. За овој нов скандал во ВМРО-ДПМНЕ одговороност мора да има“, порача Костадинов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет4 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија4 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија6 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ6 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија7 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија8 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ8 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата10 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија10 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа11 час

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет1 ден

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија1 ден

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија1 ден

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија1 ден

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија1 ден

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет1 ден

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Досие