Соопштенија
Левица: Владата набавува 54 оклопни борбени возила од САД за 210 милиони долари

Од партијата Левица велат дека додека македонското здравство е во колапс, а народот тоне во сиромаштија, владата троши народни пари за субвенционирање на воениот апарат на САД.
Од оваа партија известуваат дека Стејт департментот ја одобрил набавката на 54 оклопни борбени возила, што било соопштено од страна на Агенцијата за соработка во областа на одбраната.
Левица ги изнесува информациите од сопштението на Министерството за одбрана каде што е наведено дека Владата на Македонија нарачала воена опрема во вкупна вредност од околу 210 милиони долари. Покрај 54 оклопни возила Страјкер, Владата нарачала и друг вид на воена опрема како: возила за пешадиски превозник М1126 (ICV) и командни возила M1130 (CV), како и митралези, фрлачи на гранати и придружни резервни делови, радија Харис, станица за управување со далечинско оружје (CROWS), GPS приемник за одбрана; AN / VAS-5 Driver’s Vision Enhancer; резервни делови и компоненти; посебни алатки и опрема за тестирање; публикации и технички прирачници; обуки; технички и логистички услуги за поддршка и други сродни елементи на програма и логистичка поддршка и слично.
„Оваа набавка е крајно скандалозна од неколку причини. Пред сè, трошењето на 210 милиони долари државни пари е неприфатливо и недозволиво во услови на огромна сиромаштија, здравствен и економски колапс. Од друга страна, покрај тоа што Македонија за членството во НАТО секоја година плаќа приближно 1 милион долари чланарина, како и токму поради членството во оваа воена организација, нашата држава е обврзана секоја година за буџетот за одбрана да издвојува 2% од БДП, односно 11 милијарди денари, колку што тој изнесува оваа година“, пишуваат од Левица.
Од таму додаваат дека ваквите дополнителни буџетски издатоци за воена опрема произведена од САД се ништо друго освен, како што велат, искористување на нашата држава за финансирање на американскиот воен и империјалистички апарат, кој потоа служи за водење нелегални војни и страдања ширум светот.
„Фактот што оваа информација беше сокриена од јавноста укажува на тоа дека политичкиот естаблишмент во Македонија, без разлика на која партија ѝ припаѓа, иако не може да се договори околу државните интереси, сепак кога се однесува за воениот сојуз НАТО, заедно работи против интересите на народот. При тоа, државата и нејзините институции ги искористува само за унапредување на сопствените интереси и за добивање поддршка од САД за продолжување на своето криминално и расипничко владеење“, реагира Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод 30. роденден на партијата.
„Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата која е окупирана од криминалците. Заев не кажа ништо за ‘Рекет 1 и 2’, за чантата со рекетирани пари, која, според зборовите на Бојан Јовановски, завршила кај Зоран и Вице Заеви. Заев не кажа ниту за ‘Мафија 1 и 2’ и за тоа како светски наркобосови зеле македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците од пасошкото“, стои во писмената реакција од оваа партија.
Од таму додаваат дека Заев, додека славел, ниту еднаш не ги спомнал над 4.600 загубени животи поради, како што истакнуваат од таму, лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини.
„Заев молчи и за илјадниците штедачи што останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банка. Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства. Додека Заев слави, над 150.000 семејства, чии членови го прележаа Ковид-19, се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на вратата. Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од Ковид-19, а немаше ако Заев набавеше вакцини навреме“, пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Лицемерство без граници, ВМРО-ДПМНЕ поддржува угостители на кои досега им ги блокира мерките за помош

Нема граница лицемерството на деструктивната и ненародна ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачкиот СДСМ.
„До вчера оваа партија правеше сè за да ги блокира мерките за помош на компаниите, вклучително и на оние од угостителскиот сектор, а денеска глуми загриженост за угостителството.
Токму поради таквиот однос, граѓаните не ѝ веруваат на партијата предводена од Христијан Мицкоски и токму поради таквиот однос, ВМРО-ДПМНЕ шестпати е казнувана на избори и токму поради таквиот однос, уште долго ќе биде во опозиција“, велат од партијата.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави

Фрустрирани што помошта конечно стигнува кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави, велат од владеачката СДСМ на најавите на овие две партии за поднесување на кривични пријави поради неодамнешните случувања во Собранието.
„Голема е фрустрацијата во ВМРО-ДПМНЕ откако им пропаднаа обидите Собранието да го држат закочено и во заложништво на својата деструктивност. Денешните неосновани кривични пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по цели два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците. ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32 седница за кои тие не гласаат а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина“, потенцираат во писменото соопштение од оваа партија.
Според СДСМ, присуството и гласањето на пратениците кои беа позитивни на Ковид -19, а беа без симптоми и со целосна заштитна опрема, беше според посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација.
„И ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица можат да прават сè, да продолжат со деструкциите, но нема да ја закочат работата на Собранието, нема да спречат помошта да пристигне кај граѓаните и компаниите, нема да успеат да блокираат закони важни за развој на државата и економијата. Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да им наштетат на граѓаните, пропаднаа. Но, сепак, оваа партија предводена од Мицкоски упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните“, стои во писмениот допис од СДСМ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?