Контакт

Соопштенија

Левицата: Лидерската Заев – Мицкоски ќе биде од корист, само ако се договори мaкедонска национална платфрома

Објавено пред

Политичката партија Левица, по повод денешната закажана средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, го потенцира ставот дека таквата средба би имала смисла, единствено ако тие конечно се договорат за носење на долгоочекуваната македонска платформа како пандан на тиранската, за која, како што велат од партијата во иднина, би се обединил целиот конститутивен македонски народ.

„Ја истакнуваме суштинската потреба од носење ваква стратегиска македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат нашите државни црвени линии, на внатрешен и на надворешен план, а кои ќе дадат заштита и сигурност на македонските граѓани од великоалбанските и великобугарските националшовинистички претензии, кои денес се повампирени поради сервилноста на Владата на Заев“, се вели во писменото соопштение на Левицата.

Од таму предлагаат македонската платформа задолжително да содржи пет точки, кои би се сметале за трајно затворени прашања и прашања кои во иднина би биле непреговорливи во процесот на ЕУ-интеграциите, како и во процесот на создавање на сите идни политички коалициски влади во Македонија, без оглед на тоа кој ќе ги предводи.

Од Левицата бараат: да се гарантира унитарноста на Република Македонија и да се осуетат сите обиди за нејзина идна кантонизација или федерализација, да се потврдат секуларноста на државата и немешањето на верските организации и лидери во политичките прашања, да се гарантира неповредливоста на територијален интегритет на Република Македонија и да се осуети секој обид за иредентизам или сецесија на кое било малцинство, да се гарантира должната почит кон државните симболи и инсигнии (грб, знаме и химна) и да се стави мораториум за преговарање за македонските идентитетски прашања со кој било и каде било (име, јазик, култура, историја, национален), потенцираат од Левицата.

Соопштенија

СДСМ: Институциите во неселективна борба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот

Објавено пред

Последните полициски акции за разбивање на организираната група, која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде Министерството за внатрешни работи за владејачкиот СДСМ, се неоспорлив доказ за неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал.

„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција ‘Двојник’, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање информации во тек на активна истрага. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде што беше запленета огромна количина марихуана“, реагираат од СДСМ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека законите важат еднакво за сите и дека никој не е над правдата.

„ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски, колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела, стои во писменото соопштение од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси, за Филипче е поважно возењето мотори

Објавено пред

Навраќајќи се на прашањето за состојбата со вакцините, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека системот не е организиран за да даде соодветен одговор.

„Секојдневно умираат по неколку десетици лица, системот не е организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се организирани и за викенд се одмораат, поточно аздисуваат. И, така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини – каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме, други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму го поставуваат прашањето за реагенсите и за тоа дали има доволно термини за ПЦР-тестови и по една година од постоењето на коронавирусот во Македонија.

„Граѓаните молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат, да се забавуваат, ама не и да си ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев, веднаш одете си! Филипче и Заев, ќе одговарате“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со шарената револуција народот си ја спаси државата

Објавено пред

Со шарената револуција илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет, велат од владејачката партија СДСМ по повод петгодишнината од почетокот на ова граѓанско движење.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда сè додека оваа партија не беше поразена од граѓаните“, истакнуваат од СДСМ од каде додаваат дека политиките на Владата од 2017 година па до денес останале доследни во почитувањето на барањата и заложбите на шарената револуција.

„Денес предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните. Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и денеска како партија знае, како што велат, само за режим, само да брани криминал и да шири лажни вести.

„Граѓаните шест пати ги поразуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе продолжат да ги поразуваат сè додека од белиот дворец освен одбрана на криминал не нудат ништо друго“, посочуваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа13 минути

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. „зелени сертификати“, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија1 час

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ2 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа2 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет3 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија3 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет3 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион4 часа

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа4 часа

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет5 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион17 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет18 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ20 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија20 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет22 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија23 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија1 ден

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија1 ден

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија1 ден

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Досие