Соопштенија
Левица: Медицинските лица да се вработуваат според стручноста, а не според желбите на директорите

Вработување на медицински лица мора да биде согласно стручноста, а не според желбите на директорите, реагира политичката партија Левица преку соопштение.
„Секојдневно до Левица пристигнуваат поплаки од невработени медицински лица, кои се разочарани од начинот на кој се врши вработување во јавните здравствени установи.
Имено, за да се вработи еден здравствен работник согласно Законот за здравствена заштита, не е доволно само исполнување на општите и посебните услови, односно остварување најмногу бодови. По спроведена постапка и оценка од страна на Комисијата за селекција на кандидат, доколку има повеќе од тројца кандидати за едно работно место, директорот (односно работоводниот орган на здравствената установа) спроведува интервју со кандидатите и донесува одлука за избор на „најсоодветен” кандидат.
Тоа значи дека наместо Комисијата да избира најсоодветен кандидат, согласно освоените бодови од успех и стручен испит, се остава на директорот да одлучува кого ќе избере, а притоа, воопшто не е условен со резултатите од бодирањето. Па така, директорот користејќи го своето „дискреционо право”, по само за него познати критериуми, одлучува кој кандидат е најдобар избор за конкретното работно место.
Се поставува прашањето за која цел постои Комисијата? Наместо да се бираат стручни и квалитетни медицински кадри, чија важност особено се докажа за време на здравствената криза, се бираат луѓе по желба на самиот директор, односно подобни послушници на една власт. Зошто ваквите законски одредби постојат и каде е транспарентноста на постапката, принципот на професионалност и квалитет?
Поради ваквите лоши политики на сите власти, медицински кадар кој со години е дефицитарен во Република Mакедонија продолжува и понатаму да мигрира поради подобри работни услови во западноевропските земји, но и поради можноста побрзо да дојде до работно место за кое ќе биде достоинствено платен. Власта наместо да го цени нивниот придонес и да покаже искрена грижа за сите нив, истите ги користи само за дневен политички маркетинг и добивање политички поени. Пандемијата ни покажа колку се значајни медицинските лица за една земја и власта МОРА да најде начин како истите да ги задржи и да им овозможи услови да останат тука“, се наведува во соопштението на Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесе нова блокада

Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, прифатија сè што бараше Бугарија, а ескалираа односите. ВМРО-ДПМНЕ апелира навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, СДС молчеше, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека неколкупати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но Владата е таа што има политичка моќ и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед.
И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори, без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувањата, има некој криминал, кој сакаат да го скријат.
Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос што власта го покажува на дело е најголемиот пораз што може да ѝ се случи на Македонија, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мора да се извини за договорот ФРОНТЕКС, само нека го поддржи

Договорот со ФРОНТЕКС е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години. Со тоа потонаа сите лаги и хистерии што ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, немало да биде признаен од ЕУ, дека ќе станел бугарски дијалект, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека не мора од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите лаги за македонскиот јазик и идентитет, со кои грубо ја манипулираа јавноста. Сега, кога на дневен ред во Собранието е ратификацијата на договорот со ФРОНТЕКС, ВМРО-ДПМНЕ има шанса да го поддржи, со што барем малку ќе го испере срамот од лажните вести, навредите и клеветите.
Имаат можност преку гласање за ратификација на Договорот на дело да го поддржат евроинтегративниот процес како стратешка цел и единствена алтернатива на државата, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: Мицкоски со денови го нема во јавност, дали се крие од срам или во договор со Апасиев?

Христијан Мицкоски со денови го нема да се појави во јавноста ниту како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ ниту како шпицен градоначалник. Дали се крие од јавноста од срам откога му потонаа сите лаги, откако сите негови прогнози се покажаа неточни, или се крие во договор со Апасиев, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека поради неговите деструктивни политики и дејствувањето против интересите на граѓаните и државата, Мицкоски стана заложник на Левицата и на Апасиев и затоа тој честопати е поекстремен и порадикален во своите настапи за да не заостане зад Апасиев.
Сè што има Мицкоски зад себе се лажни вести и дезинформации и отсуство на став за најважните државни прашања, се вели во соопштението.