Контакт

Соопштенија

Левицата: Нина Групер е уште една алка во синџирот каде што се преплетуваат приватниот капитал и државата

Објавено пред

Штотуку најавениот ребаланс на буџетот уште еднаш покажа дека оваа Влада е целосно во рацете на бизнис-лобито и дека, практично, највисоките функционери во Владата се тесно врзани со приватните интереси на капиталот во оваа Влада, велат од Левицата.

По назначувањето на олигархот Кочо Анѓушев за вицепремиер, додаваат од партијата, сега и дополнително за раководење со финансиите е назначена Нина Групер како уште една алка во синџирот каде што се преплетуваат приватниот капитал и државата, односно Владата.

„Очигледен е конфликтот на интерес на новата министерка како бизнисменка и спроведувањето, дури и декларативни политика за прераспределба на богатството“, велат од Левицата.

Симптоматично е, додаваат од таму, зошто Нина Групер токму сега прифаќа да биде министерка за финансии – на една година пред редовните парламентарни избори и составувањето нова влада.

„Таа како профил нема пласирано ниту еден политички став во јавноста, уште помалку се има идеолошки профилирано и за неа не знаеме речиси ништо – освен дека има приватен бизнис од кој акумулира капитал преку исплаќање минимални плати за работниците. Оттука, сомнителен е и личниот интегритет на Нина Групер како тазе министерка, чија прва задача е токму буџетскиот ребаланс!? Се поставува прашањето, колку навистина министерката е запознаена со целите и намерите на ребалансот? Или, пак, таа е тука само како обичен административен службеник, на кој формално министерска ќе му биде само платата?! Секако, дополнително, и да ја искористи можноста за возврат нејзиниот бизнис да стекне дополнителни привилегии во државата“, велат од Левица.

Освен популистички операции на префрлања од шупливо во празно, велат од партијата, видовме дека драстично е намален износот на капиталните инвестиции.

„Ова, веќе по којзнае кој пат е само доказ дека Владата нема апсолутно никаква визија, а уште помалку интерес за тоа како да создаде нова реална вредност. А и во граѓанските економии, каде што добрата и услугите се привилегија на малкумина, буџетот е само еден обичен документ кој служи за одржување на габаритната паразитска администрација, која единствено претставува гласачка машинерија и ПР-алатка на Власта“, велат од партијата.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

ГДУ: По дожд, охридските улици се како по елементарна непогода

Објавено пред

Во Охрид, по дожд, улиците се како да имало елементарна непогода, обвинуваат од партијата Граѓанско-демократска унија (ГДУ).

„Сликата е хаотична, фекалии на сите страни и на крајот, најголемиот дел од нив завршува во езерото. Фекалната канализација е голем проблем, кој се влече со години и постојано се даваат солуции (за време на избори), а реалноста е дека нема никаква промена, дури и се даваат заклучоци дека нема излез“, се наведува во партиското соопштение.

Во него исто така се бара општинските власти да одговорат зашто барале гласови од граѓаните доколку немаат решение за проблемите.

„Живот дојде само за партиските војници кои се насадени насекаде“, велат од ГДУ.

„Проблемот со фекалната канализација останува, со кучињата скитници останува, проблемот со депонијата останува, всушност, само ДПМНЕ замина, а СДСМ дојде и како и во минатото, така и сега, се случи само мала промена на фотелјите“, истакнуваат од оваа партија, од каде што додаваат дека изборните програми веќе нема ни потреба да се менуваат зашто најголемите партии имаат исти ветувања повеќе од 20 години.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Дали на Стоилковски му пречи Русковска затоа што е жена?

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, познат по шовинистички статуси и денеска продолжува да шири лажни вести и невистини, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на која тој рече дека три месеци повикува да се расчисти случајот во врска со тендерот на владиниот генерален секретар, Драги Рашковски, а обвинителката Русковска одговара само со содржински празни соопштенија.

„Дали на Стоилковски му пречи обвинителката Русковска затоа што е жена“, прашуваат од владејачката партија.

„Наместо да рециклира стари и веќе демантирани лаги, Стоилковски треба да го повика Мицкоски да одговори дали Орце Камчев, тајкун на режимот и обвинет во предмети на СЈО, преку негови фирми, бил финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во партиската реакција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата во случајот ,,Рекет” е фарса

Објавено пред

Истрагата во случајот „Рекет“ е фарса, која има цел да го одвлече вниманието на јавноста од Зоран Заев и врвот на власта, без кој милионскиот рекет и воопшто не би бил можен. Случајот е пријавен уште во април по што требаше да се случи медиумски притисок за власта да се реши да жртвува две пипки од октопот, Боки 13 и Зоки Кичеец, само со цел заштита на Јанева и Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, на Јанева смислено ѝ беше оставен 1 месец по апсењето на Боки 13 и Зоки Кичеец за да има доволно време да скрива докази и да влијае врз сведоци и истрагата како би се уништиле трагите што водат кон неа и кон главата на октоподот – Зоран Заев.

„По еден месец откако Јанева е во притвор, истрагатa тапка во место. Нови приведени нема. Има само најави од Владата за формирање тим и наводна акција на УЈП со задоцнување од три месеци. Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат? Дали се работи за тоа каде завршувале парите и за што тие биле трошени!? Дали се крие дека можеби парите завршиле на Илинденска и со нив е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?
ЈО со ваквиот начин на работа само дополнително се компромитира. Граѓаните очекуваат ефективна и ефикасна истрага. Импровизации на сметка на правната држава не смее да има. Никој, па ни Заев не смее да биде поштеден. За нормално функционирање на државата, потребен е пад на оваа власт. Потребни се предвремени парламентарни избори што побргу“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт5 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион8 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија12 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион12 часа

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ12 часа

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа14 часа

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура1 ден

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија1 ден

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ1 ден

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ1 ден

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ1 ден

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет2 дена

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет2 дена

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ2 дена

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ2 дена

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет2 дена

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија2 дена

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Досие