Соопштенија
Левица: Со одлуката да не се рушат дивоградби на Маврово, власта штити фирма од Косово блиска до ДУИ

Општина Маврово и Ростуше пред повеќе од два месецa издаде решение за отстранување на деветте нелегално изградени викенд-куќи, за да во меѓувреме, владината комисија донесе одлука да не се рушат истите, посочуваат во соопштение од политичката партија Левица.
„Информациите кои пристигнаа до нас укажуваат дека сопственикот на компанијата ‘Радика ресорт’ од Косово, Шериф Рамука и фирмата која ги гради објектите се во блиски односи со владејачката ДУИ. Имено, газдата на фирмата, кој гради бил и висок функционер од редовите на ДУИ во Гостивар“, посочуваат од Левица.
Од партијата нагласуваат и дека нивниот локален огранок од Гостивар веќе со месеци има информации дека вработените во „Радика ресорт” нередовно примаат плата.
„Вработените своите месечни примања знаат да ги добијат дури и по три месеци доцнење, често пати истите остануваат и без здравствено осигурување. Надлежните институции се глуви на нивните жалби и барања. Ваквото грубо кршење на законите во заштита на градежната мафија е олицетворение на владеењето на криминалната коалиција СДС-ДУИ, кои единствено ги штитат бизнис-интересите на своите соработници“, велат од Левица и обвинуваат дека власта работи исклучиво за интересите на олигарсите, а спротивно на интересите на обичните граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград: Да запре говорот на омраза кон Македонците во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград. Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ. Народот не смее да биде жртва на власта, затоа и ВМРО-ДПМНЕ бара промени. Потребна е власт која ќе се грижи за народот.
Упатуваме апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС потпиша договор за добрососедство, а односитe со Бугарија никогаш не биле полоши

За СДС е успех што успеале да организираат настан, кој со децении се организира, воодушевени од себе и сами се фалат со соопштенија. Очигледно е дека СДС очекуваше друг тек на настаните, особено откако ја понижија Македонија и шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија, но народот ги демантираше. Заради СДС Македонија е негирана, понижена и блокирана, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека тоа што полициските службеници си ја вршеле работата на Деве Баир не е резултат на способноста на Ковачевски или некој од СДС, тоа е нивна задача и должност. Од друга страна, наспроти полицијата која е од народот, СДС вчера си го понижи народот и не дозволи да положи цвеќе, оставија стотици на студот, и се изживуваше со граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека односите со Бугарија дојдоа до овој степен заради поданичкиот однос на СДС, па имаме изблив на шовинизам од Бугарска страна и јавно ветување награди за откривање на идентитетот на Македонски полицајци, и министри од СДС, како Љупчо Николовски за кој не знаеме дали за пари или затоа што е политички неписмен го објави идентитетот.
СДС има милион причини да се срами, наместо да се фали дека успеале да организираат настан кој пред нив е организиран неколку децении без проблем, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Наумче Мојсовски да си поднесе оставка од АМС заради скандалот со распределба на ваучери

Корупцијата и злоупотребите се заштитен знак на оваа власт на СДС и ДУИ. Нема ресор, нема функционер кој не е замешан во некој коруптивен скандал. Последен во низата е Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.
Од партијата велат дека ова е огромен скандал. Овој скандал мора да се разреши во целост. Но најпрво Мојсовски и неговите пријатели од Комисијата кои учествувале во сомнителната распределба на средства од ваучер системот треба да си поднесат оставки за да не влијаат на истрагата.
Дополнително, самиот факт дека постојат сомнежи за влијание на други лица, па дури и политички партии врз изборот, истрагата треба да се прошири и врз лица од владата која ги именувале и Мојсовски и Комисијата и на тој начин можеби вршеле притисок на одлуките.
Што фати СДС исуши и искорумпира. Нема област од која не направија матен бизнис. Оваа власт на СДС и ДУИ треба час поскоро да замине од власт, се вели во соопштението.