Контакт

Соопштенија

„Македонија блокира“ и Координативното тело на дијаспората во Европа поднесоа писма до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори „Македонија-блокира“ и Координативното тело на дијаспората во Европа денеска поднесоа писма до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ зошто не треба да ги гласаат уставните измени.

„Денеска во име на Кризниот штаб ‘Македонија блокира’, во кој членуваат 84 организации, и Координативното тело на дијаспората во Европа поднесуваме до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ писма во кои ги даваме причините зошто не треба да учествуваат во злосторството спрема македонскиот народ и македонската држава. Ние сме убедени дека пратенциите ќе го слушнат гласот на македонскиот народ и ја гледаат еуфоријата што владее во земјата против промена на Уставот, оти ако помине ова, Македонците се бришат од светската мапа на нации. Има време пратениците да се вразумат, веруваме дека имале само лош ден кога гласале за одлуката за пристапување кон измена на Уставот, а сега до нас допираат информации и дека биле под силни закани и уцени. Ги повикуваме да издржаат, патем, и нам не ни е лесно, нè следат, прислушкуваат, нè повикуваат во полиција, но набргу ќе се менуваат работите, на пролет имаме претседателски избори, исто така, на пролет ќе има избори и за Европскиот парламент и овие белосветски битанги од типот на Хан, Могерини ќе си заминат оти и во ЕУ владее општа еуфорија во која доаѓаат десните партии. Затоа, пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат на страната на македонскиот народ“ – рече Бачев.

„Како претставник на 36 организации од Австралија во ‘Македонија блокира’ сакам да го изнесам ставот на нашинците од Австралија. Ние сме против промена на Уставот и ги повикуваме пратениците да размислат што ќе се случи доколку го сменат Уставот. Не ја признаваме оваа нелегитимна власт што е донесена и насадена од странски фактори и мешетари кои се мешаат во нашите внатрешни работи иако според меѓународните конвенции не сметаат да го прават тоа. Ние ги подржуваме македонските организации кои се борат да прекинат овие собраниски дебати, да се закажат нови избори и да дојдат нови политички сили кои ѝ мислат добро на Македонија“ – рече Кире Јовчески од Австралиско-македонскиот совет во Австралија.

Најново

Македонија8 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава8 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет9 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава10 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава10 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет10 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет11 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија11 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија12 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...