Соопштенија
Мицкоски домаќин на грчкиот амбасадор: По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе создаде силна економија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средби со грчкиот и кинескиот амбасадор во земјава, Димитрис Јанакис, односно Жанг Зуо.
Како што информираат од опозициската партија, теми на двете средби биле актуелните политички случувања во земјава, предвремените парламентарни избори кои претстојат и предизвиците со кои Македонија се соочува на меѓународен план.
Мицкоски потенцирал дека клучна стратешка определба на Република Македонија останува членството во Европската Унија и во НАТО.
„Токму затоа веднаш по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети на исполнување на значајните реформи, но и создавање на силна економија со која државата и граѓаните ќе може да ги достигнат европските стандарди“, посочил партискиот лидер.
Како што истакнал тој, актуелната власт предводена од СДСМ потфрлила на исполнување на клучните реформи и ги посочил заробеното судство, криминалот и високата корупција.
Мицкоски нагласил дека во земјата неопходно е итно враќање на владеење на правото и дека мора конечно да се расчисти со криминалот и корупцијата кои, како што рекол, го достигнале зенитот откако е СДСМ на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Манасиевски: Студентските домови се руина, а студентите се оставени сами на себе

Во текот на вчерашниот ден студентите од „Стив Наумов“ на овие ладни температури беа оставени без парно греење. Системот за греење откажа кога пукнаа цевките по што вода се разлеваше низ ходниците на студентскиот дом, а студентите смрзнуваа цела ноќ, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Студентските домови се руина, а студентите се оставени сами на себе да живеат во нехуманите услови. Не само што состојбата не се подобрува, туку условите никогаш не биле полоши. Мувлосана храна, ладна вода за капење, без струја, без греење, ужасни санитарни јазли, расипани лифтови и тон ѓубре се слика од секојдневието во студентските домови.
Владата покажа колку ѝ се важни студентите и условите во кои живеат со ребалансот на буџетот, со кој скрати дури 100 милиони евра предвидени за изградба и реконструкција на студентски домови. Студентскиот стандард и условите во кои живеат студентите за власта беа уште една изборна измама. Да потсетиме дека Владата во јуни годинава донесе одлука за итна реконструкција на „Стив Наумов“, па му требаше 4 месеци на директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски, да изработи техничка документација за санација. Па шест месеци подоцна повторно прашуваме: До каде се новите лифтови, до каде е решението за новите тоалети, до каде е репарацијата на покривот на „Стив Наумов“? До каде е обезбедувањето човечки услови во домовите?
Наместо студентски град и хумани услови за живеење, имаме влада што ЌЕ изгради, ЌЕ реновира, ЌЕ санира и ЌЕ обезбеди услови за подобар живот на студентите. Неспособноста на студентските челници оди дотаму што важно за нив е само нивниот кариезирам, а не обезбедувањето човечки услови во студентски домови. Функционерите од власта, доколку еден ден поминат во студентскиот дом „Стив Наумов“, ќе сфатат зошто над 70 отсто од младите си заминуваат.
Студентските домови не блескаат, туку тонат во мизерија. Блескаат само лагите за студентските градови, кои власта велеше дека ќе ги гради во Скопје, Штип, Битола и во Тетово. Со лагите што блескаат и мизерниот живот на македонскиот студент нема да се вратат младите. Напротив, тие заминуваат во сè поголем број затоа што власта не успеа да обезбеди човечки услови во студентските домови и подобрување на студентскиот стандард. Со промена на власта студентите ќе го добијат заслужениот достоинствен стандард“, вели Манасиевски.
Македонија
СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што финансирале фирмите на Камчев

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со денови молчат на јавно поставени прашања поврзани со кампањата на Гордана Силјановска за претседателските избори, соопшти СДСМ.
„Наместо бледи соопштенија од белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред јавноста и да одговорат: Што финансирале фирмите на Орце Камчев за ВМРО-ДПМНЕ?
Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ? Најновата афера во ВМРО-ДПМНЕ мора да се расчити до крај од надлежните институции, особено што е поврзан и со фирмите на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО“, се додава во соопштенеото на партијата.
Македонија
ФРОДЕМ: Господине Макрон, спијте мирно, реформите се во полн ек

По денешното рочиште на случајот „Рекет” од однесувањето на судијката и обвинителката за организиран криминал при испитувањето на сведоците и обвинетите станува сè појасно дека целата постапка ќе заврши со пресуди само за Боки 13 и Катица Јанева. Станува сè поочигледно дека надлежниот обвинител сé уште нема намера да ја прошири истрагата и да обвини други лица кои директно или индиректно учествувале во аферата „Рекет”. А оваа афера е само капка во морето наречено ,,македонско дабл постранзициско политичко-судско милје”, соопшти ФРОДЕМ.
Според партијата, ова пасивно однесување и очигледно засега селективен пристап во целиот случај дава сериозен сомнеж дека надлежното обвинителство нема намера да ја истера правдата и вистината до крај и дека сé ќе се сведе на судска пародија.
„Истовремено овој случај ја покажува и гнилосата на целокупниот правосуден систем поради вкоренетата и втемелена политичко-бизнис наместо професионална и законита и уставна ориентираност на индивидуи инволвирани во процесот. Поради личното директно или индиректно замешеталството и лукративни цели на поединци од обвинителствата, судството, адвокатурата и политиката сè повеќе се доразградува и онака разградениот правосуден систем и докрај се рушат идеалите за вистина и правда.
Сијамските близнаци (власта и опозиција) позади сцената со широко насмеани усти ги тријат рацете бидејки сè оди според планот и зацртаното сценарио. Важно е некој од нив повторно ќе биде на власт по изборите во април наредната година и ќе продолжи таму каде што застана близнакот кој досега беше на власт. Тоа што народот сè повеќе останува со подзината уста и со сé попразен стомак, а системот е до „коска” руниран и не е така битно прашање, затоа што најважна е забавата за широките народни маси, посебно кога по толку време во главниот град се репризира (по којзнае којпат) политичко-судискиот циркус“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека додека трае оваа реприза на циркуската претстава најважно е судиите и понатаму да дозволуваат да застаруваат кривичните дела, обвинителите малку потајно да рекетираат и да соработуваат со обвинетите, адвокатите и судии да си ги зацврстат меѓусебите односи и спреги доколку ги запоставиле или им попуштиле во меѓувреме, а амнестираните пратеници да го надополнат сопственото чекмече. Министрите слободно можат да продолжат со истото темпо, бидејќи и така никој нив не ги гони за ништо.
„ФРОДЕМ јавно му порачува на француски претседател Емануел Макрон да не се инаети повеќе и мирно да спие бидејќи ‘реформите’ се во полн ек. Во Република Македонија тече мед и млеко за сите оние кои го поддржуваат и кои се дел од ‘Македонското дабл постранзициско политичко-судско милје’. Затоа господине претседателе Макрон, морате веднаш да нè примите во Европа вакви какви што сме, бидејќи за никаде сме“, се вели во соопштението.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми