Контакт

Соопштенија

Мицкоски-Лаин: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лаин.

Како што соопштија од партијата, соговорниците се согласиле дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард на граѓаните, како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.

„На средбата се разговараше и за актуелните политички случувања во Македонија и за претстојниот референдум. Мицкоски потенцира дека договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен на начелата и принципите на партијата, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира ставот дека граѓаните имаат доволна политичка зрелост и достоинство самите да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот“, се вели во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени и изолирани

Објавено пред

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени и изолирани, Македонија се обединува околу иднината во ЕУ и НАТО, реагира СДСМ по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. 

„Мнозинството граѓани и мнозинството пратеници одбраа иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ одбраа да останат во темното минато на изолација, криминал и поделби.
Колку и да е неприфатливо за антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се помирува, се обединува околу стратешките интереси и незапирливо чекори кон интеграција во ЕУ и НАТО“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Божиновски до локалната власт во Охрид: Ветувавте транспарентност, а првпат нема снимања на седниците на Советот

Објавено пред

Охрид тапка во место една година со заспаната администрација и никаква активност на jавните претпријатија, обвини денеска Перчо Божиновски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, на прес-конференција.

„Ветените проекти беа само предизборна измама за охриѓани. Оваа локална власт на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните свесно дозволи средствата за таа намена да бидат извршени од доверителите без претходно потпишани договори. Нема инфраструктура, улици, водоводи, нема економски движења, нема инвестиции, нема градежништво, нема развој. Не направија ниту еден проект, но затоа има партиски превработувања. Граѓаните се сведоци на хаосот во сообраќајниот режим, хаосот со рапмите и нефункционално паркинг-решение наместо катни гаражи, преполни контејнери, ѓубре на улиците и нови депонии наместо ветената фабрика за отпад, а бројот на кучиња скитници е поголем од кога било претходно. Наместо модерен туризам, панаѓур за време на туристичката сезона“, изјави Божиновски.

Тој додава дека најавуваниот проект за гасификација нема да дочека своја светлина како што нема да се случи ниту санација и доизградба на колекторскиот систем, ветувавте чесност, посветеност, транспарентност, а првпат нема снимања на седниците на Советот“, обвинува Божиновски.

„Нема младински културен центар, покриен базен и обновен Дом на пензионерите. Нема готов автопат Кичево-Охрид, нова болница кај ‘Свети Еразмо’, нема нов центар за култура и конгресен центар, неработењето, лагите и манипулациите, апатијата и песимизмот, како и негрижата за општината, станаа синоним за оваа локална власт“, додава Божиновски и посочува дека тоа не се европски принципи што секој граѓанин ги заслужува.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Непристрасно да продолжи постапката против обвинетите што ги поддржаа уставните промени, бараат од ГДУ

Објавено пред

Неопходно се помирување и простување за да продолжиме напред, но и враќање на украдените пари, се наведува во партиското соопштение на Граѓанско-демократската унија (ГДУ).

Како што истакнуваат оттаму, бројчаникот треба конечно да почне да врти.

„Секој што се огрешил пред законот мора да одговара. Правда мора да има. Не смее да има отстапки, без разлика дали станува збор за осуден син на пратеничка што даде поддршка за уставните амандмани или обвинета поранешна министерка, која исто така го поддржа предлогoт. Во спротивно, само поцврсто ќе нè убедите дека судските одлуки се ваши, а не на судиите. Бараме паралелно со расправата во Собранието за уставните измени да има целосно посветување и на реформскиот процес“, велат од Граѓанско-демократската унија, јавно обраќајќи се до претставниците на власта.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Ајде да донесеме закон за амнестија за да нема селективна правда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 23 Октомври од говорницата побара да биде донесен закон за амнестија за...

Македонија5 часа

Сашо Мијалков е исклучен од партијата

По предлогот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дисциплинската комисија на општинскиот комитет Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата. „Се...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ слави без Груевски, исклучените членови и разрешените функционери

Ниту еден од исклучените партиски членови и разрешените функционери не пристигна во Македонскиот народен театар, каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ одржува свеченост,...

Македонија9 часа

Јанчев: Барам јавно извинување и од Христијан Мицковски и од Александар Николовски или ќе ги тужам за клевета

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија10 часа

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија11 час

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет11 час

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет12 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија12 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет13 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет14 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија23 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија1 ден

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија1 ден

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија1 ден

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија1 ден

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија1 ден

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија1 ден

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Досие