Контакт

Соопштенија

Мицкоски: Овој септември не треба да биде последниот кој го славиме под нашето уставно име, туку првиот преку кој ќе означиме победа за Македонија 

Објавено пред

Денес е 8 септември, денот кога се слави независноста на нашата држава Република Македонија, 27 години независност, исполнети со силни премрежја, предизвици, падови, но и победи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им го честиташе Денот на независноста на македонските граѓани.

„Кога говориме за сегашноста потребно е да се биде реален и да се признае дека она што го имаме денес, не е она што отсекогаш сме го посакувале со нашата држава, затоа што посакувавме своја држава за да имаме квалитетно образование, институции без корупција, економија која нуди можности и сигурна егзистенција, здравство кое помага на болните, наука која произведува додадена вредност, млади кои ќе ја градат иднината тука, во своите родни места, држава која ќе го гарантира нашето достоинство и чест“, вели Мицкоски.
Тој смета дека денес со оваа власт го добиваме спротивното, држава со најкорумпирани институции во Европа, денови исполнети со афери и сомнежи за криминал, притисоци, уцени на работа, политички монтирани случаи, образование кое е неконкурентно и млади кои си заминуваат, несигурност и апатија.

Денес како во реалниот живот така и во политиката Македонија, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се соочува со значајни предизвици и одново е на крстопат. На масата имаме штетен договор, додава Мицкоски и наведува дека велат дека треба да сте За иднината на Македонија, а не кажуваат дека со тоа одлучувате за нова понижена Македонија, со променет идентитет, пасоши , лични карти. Историјата и културата ќе биде предмет на ревизија, и со отворена шанса на јужниот сосед да го блокира европскиот пат во било кое време, додава Мицкоски.

„И на денот кога се слави нашата независност, овој 8-ми Септември, овој септември не треба да биде последниот кој го славиме под нашето уставно име, туку првиот септември преку кој ќе означиме победа за Македонија, да го означиме почетокот кој ќе значи смена за сликата на македонскиот политичар, за што ни е потребна смена на вредностите, исправање на неправдите и многу, многу работа. Нова визија која ќе донесе сигурност и решавање на проблемите. Затоа што во животот зад секој успех стои труд и посветеност и само така над Македонија ќе се раѓа ново сонце на слободата и само така Македонија ќе победи“, изјави Мицкоски.

Соопштенија

Мицкоски-Лаин: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард

Објавено пред

Од

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лаин.

Како што соопштија од партијата, соговорниците се согласиле дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард на граѓаните, како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.

„На средбата се разговараше и за актуелните политички случувања во Македонија и за претстојниот референдум. Мицкоски потенцира дека договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен на начелата и принципите на партијата, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира ставот дека граѓаните имаат доволна политичка зрелост и достоинство самите да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Жерновски: Проектот за интеграција во ЕУ нè обединува по етничка линија

Објавено пред

Од

Особено треба да нè радува фактот што проектот за интеграција во Европската Унија нè обединува по етничка линија и тоа нè прави уште посилни, рече заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, на средбата со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001-2002 година.

Како што соопшти МНР, Жерновски истакнал дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска шанска за граѓаните да го трасираат патот на државата во иднина. Воедно, тој навел дека нашата држава е на чекор поблиску до остварување на нашата стратешката цел – членство во ЕУ и НАТО.

„Особено треба да нè радува фактот што проектот за интеграција во Европската Унија нè обединува по етничка линија и тоа нè прави уште посилни. Деновите што ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме по 30 септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да нè обедини сите“, рекол Жерновски на состанокот.

Тој информирал за реализираните реформи, како и напорите што Владата ги презема во насока на почнување преговори со ЕУ во 2019 година и членство во НАТО.

Амбасадорот Ле Роа упатил силна поддршка за престојниот референдум – „Официјален Париз цврсто стои зад евро-атлантските аспирации на Република Македонија“, нагласил Ле Роа на состанокот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пресот на Манчевски е доказ како СДСМ ги покрива сите притисоци

Објавено пред

Од

Прес-конференција на Дамјан Манчевски беше уште еден доказ како врхушката на СДСМ ги покрива сите притисоци што  ги вршат врз граѓаните, реагира опозицијата.

„Притисоци врз народот на Република Македонија има, и тоа директно од Зоран Заев. Заев отворено на митинг повика бизнисмените со пари да ги мотивираат вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа. Во правна држава,  Заев досега ќе беше повикан на разговор и против него ќе имаше истрага. Очигледни се и секојдневните притисоци врз државните и јавните институции за кои говорат безброј докази“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека никој не смее и не може да ги натера граѓаните против своја волја, со поткуп, со измама или принуда, да излезат и да гласаат за, како што велат, капитулантската спогодба која Заев ја потпиша со Грција.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион23 минути

Поранешниот шеф на „Хипо банка“ преку видео врска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на „Хипо банка“, Гунтер Штрајдингер, преку видео врска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво...

Македонија4 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија6 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија6 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија7 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија7 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија8 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија8 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија8 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет10 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија19 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија21 час

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија22 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија1 ден

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток1 ден

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ1 ден

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Досие