Контакт

Соопштенија

Мицкоски: Петровец е ретка општина во која се работи на пристојни услови за граѓаните

Објавено пред

Градоначалникот на општина Петровец е пример којшто треба да го следат и сите оние други неуспешни градоначалници во Република Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуавше на финиширањето на градежните активности и отворањето на улиците 3 и 5 во оваа општина.

Според Мицкоски, со зафатот жителите добиле навистина пристојни услови за функционирање.

„Средствата што се обезбедени, како што кажа и градоначалникот, се обезбедени од ИП-фондовите и истите се наменски искористени за овие проекти на коишто денеска присуствуваме“, посочи претседателот на опозициската партија.

Тој порача дека и сите градоначалници кои му слугуваат на, како што рече, деспотот Заев треба да го следат примерот на оваа општина со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продава лажна загриженост за државата и граѓаните, но тоа веќе не им проаѓа

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е партија која не само што продава лажен патриотизам, туку и гласно навиваше против интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ, валат од СДСМ како реакција на обраќањето на лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоси.

Како што наведуваат од владејачката партија, деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е најцрната деценија на нашата држава.

„Стагнација, изолација, затвореност, неизвесност, скарани со сите соседи, тоа ја одбележа деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Поделба на граѓаните и поделба на медиумите, без право на глас, без независно новинарство“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава и дека лажната загриженост за државата и граѓаните веќе не проаѓа.

„Имаа време од една деценија нешто да направат. Но, за државата и за граѓаните не направија ништо“, стои во соопштението на СДСМ во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата без визија, без конкретна програма и цел и затоа ги очекува вистински дебакл на предвремените парламентарни избори.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Демократската Партија на Турците поддржува модел на една изборна единица со отворени листи

Објавено пред

Демократската Партија на Турците (ТДП) на Северна Македонија, ја поздравува одлуката за одржување на предвемени парламентарни избори.

„Според нас, одлуката донесена на лидерската средба која се одржа по иницијатива на претседателот на државата за одржување на предвремени парламентарни избори, откако нашата земја не успеа да добие зелено светло за добивање на датум за започнување на целосни преговори за членство во ЕУ, е правилна“, велат од партијата на чие чело е Бејџан Илјас.

ТДП верува дека во периодот што следи, сите фактори треба да се ангажираат за фер и демократски избори.

„Да докажеме дека сме зрели како општество и дека сме спремни за новите предизвици во државата и во меѓународната арена. Додека од друга страна, од големо значење е да се превземат сите неопходни мерки со цел обезбедување на правична и соодветна застапеност на сите граѓани кои живеат во Република Северна Македонија“, се нагласува во партиското соопштение во кое се додава дека спроведувањето на моделот на една изборна единица со отворени листи, ќе ја рефлектира реалната слика на населението, а посебно на Турците и другите помалубројни народи во парламентот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Додека Заев е премиер, неговите компании прават годишен обрт од 56 милиони евра

Објавено пред

Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Бизнис во Струмица велат не е можен, а можеби и во цела Македонија, ако фирмите на Заеви во тоа немаат интерес“, порача Стоилковски кој кажа дека сега се турка закон со кој што најголема заработка ќе има нарко- бизнисот, односно, како што рече, плантажите на Заеви за марихуана.

Според портпаролот на опозициската партија, компаниите на Заеви, триесетина на број, прават годишен обрт од 56 милиони евра во време кога Заев е премиер.

„Заев е должен да објасни колкава е разликата во обртот на бизнисите, обртот на пари сега и пред да стане премиер? Колкукратно е зголемен обртот на пари? Заев мора да објасни колку од семејните фирми, но и фирмите кои соработуваат со нив, добивале државна помош и колку изнесува таа помош? Колку тендери добиле и на колку тендери учествувале фирмите соработнички на заевите компании“, јавно запраша Стоилковски и додаде дека актуелниот премиер е пример за можна корупција, за политичко влијание и за моќ во бизнис релациите.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека сите политичари кои вршат јавни функции, мора суштински да се оттргнат од компаниите каде се или биле дел, бидејќи во спротивно отвораат оправдана перцепција за корупција и насочување на државната економија кон лични цели.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Објавен идентитетот на возачот на камионот во кој беа пронајдени 39 лешeви

Возачот на камионот кој беше уапсен откако во приколката на товарното возило во Есекс, Англија беа пронајдени 39 безживотни тела...

Европа4 часа

Борисов: Камионот со 39 безживотни тела не бил во Бугарија од 2017

Починатите лица пронајдени во камион во Велика Британија не можеле да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во...

Топ5 часа

Скопјанец тешко повреден откако паднал од петтиот кат на зграда во Аеродром

Чувар вработен во угостителски објект лоциран на скопскиот булевар „Јане Сандански“ во раните утрински часови на 22. октомври во полиција...

Македонија6 часа

Заев: Јас ќе бидам кандидат за премиер и ќе ја водам кампањата

Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам канидидат за премиер, изјави првиот човек на Владата, Зоран Заев. Одговарајќи на...

Македонија8 часа

Европскиот Парламент утре ќе гласа за резолуцијата со која го поддржува проширувањето на ЕУ

Европскиот Парламент ќе гласа утре за резолуцијата со која целта е да се осуди одложувањето на пристапните преговори на Македонија...

Македонија10 часа

Мицотакис: Преспанскиот договор е нагативен за нас, но ја поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ќе биде фактор за стабилност...

Европа11 час

Јункер во последниот говор: Чувај се Европо и бори се против национализмот

Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан Клод-Јункер предупреди дека Европа слабее демографски, економски и политички, како и дека самата...

Македонија12 часа

Уште четири земји треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение информира дека преостануваат ратификации од уште четири земји членки, до официјално пристапување во НАТО....

Македонија13 часа

Независната пратеничка група ја поздрави одлуката на САД за ратификација на протоколот за НАТО

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија упати благодарност до амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари...

Македонија13 часа

Европарламентот со вонредна резолуција повторно ќе бара преговори со Македонија

Европскиот Парламент денеска на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за...

Македонија13 часа

Сончево и топло со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од источен правец. Минималната температура ќе се движи од 1...

Свет1 ден

Пропадна планот на Џонсон за брегзитот

Британските законодавци го одобрија предлог-законот на премиерот Борис Џонсон за брегзитот, но одбија да биде усвоен во рок од три...

Свет1 ден

(Видео) Путин и Ердоган го објавија планот за Сирија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, која траеше повеќе од шест часа, соопшти...

Македонија1 ден

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување 60.000.000 денари од буџетот за 2019 година за чистење на...

Македонија1 ден

САД го ратификува протоколот за членство на земјата во НАТО

Сенатот на САД попладнево го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО. За протоколот гласаа 92 сенатори, а двајца...

Топ1 ден

Момче од Швајцарија повредено при пад на Матка

Изутринава, во 8.40 часот, од Ургентниот цетар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека вчера со тешки телесни повреди...

Македонија1 ден

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и...

Македонија1 ден

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија1 ден

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија1 ден

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Досие