Контакт

Соопштенија

Мицкоски: Реалните проблеми ќе останат кога ќе се разбудиме на 1 октомври

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајлоски, денеска остварија средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Пред присутните Мицкоски порача дека Македонија и граѓаните не треба да бидат заведени, туку водени од политичарите и тоа по траекторија што ќе биде исклучително темелена врз принципиелност, чесност и искреност.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека во време на СДСМ и Зоран Заев граѓаните живеат многу лошо потенцирајќи дека во Макдонија се случува економско цунами, покачување на акцизата за гориво, немање капитални инвестиции, безбедноста на граѓаните е доведена во прашање, постои корупција, криминални тендери склучени во четири очи, што резултира со осиромашување на граѓаните, а богатење на партиските функционери, а на сметка на ова ги распродаваат националните и државните интереси и ја понижуваат Република Македонија, но и нејзините граѓани.

Мицкоски им порача на граѓаните дека сето ова ќе заврши многу бргу.

„Ќе заврши сето ова, ќе дојде 1 октомври, ќе се разбудиме утрото и сите реални проблеми на нашите сограѓани ќе останат. Ќе остане проблемот како од 1 до 1 во месецот да се скрпи, дали некој наш комшија ја напуштил нашата држава, дали можеме да си го дозволиме ова, дали може да си го дозволиме она затоа што сме во безизлез и затоа што нема алтернатива. Но, едно треба да знаеме сите ние или барем повеќето од нас, дента кога се приклучивме на организацијата, се приклучивме затоа што знаевме и верувавме дека кога ќе дојде денот, кога ќе дојде историскиот момент, организацијата е таа што ќе се исправи и ќе застане во одбрана на националните интереси на нашата нација и на нашата земја“, изјави Мицкоски.

Соопштенија

Арсовски: Програмата за намалување на загадувањето продолжи да се спроведува и во 2020 година

Објавено пред

Програмата за намалување на аерозагадувањето, за која првпат се издвоија средства, продолжи да се спроведува и во 2020 година и речиси е при крај нејзината реализација, рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на прашањето дали се планираат дополнителни мерки за намалување на аерозагадувањето.

Тој рече дека програмата содржи низа технички мерки за намалување на загадувањето од домашно затоплување, транспортот, индустријата, градежништвото и отпадот.

Портпаролот Арсовски нагласи дека и за 2021 година повторно е проектирана програмата за намалување на аерозагадувањето и за нејзина имплементација се предвидени 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност, обновување на урбаното зеленило. Имплементацијата ќе биде преку Генералниот секретаријат, а се работи на измени на законската регулатива и зголемување на казните за прекршоци во животната средина, како и зачестени инспекциски контроли.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шахпаска потврди поразителни состојби во градинките, позитивни се 86 деца и 26 вработени

Објавено пред

Министерката за труд, Јагода Шахпаска, на денешната прес-конференција потврди зошто политиките и протоколите на власта се целосно промашени и не даваат резултат, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во градинките до вчера имало 86 заболени вработени и 26 позитивни деца на Ковид-19. Дополнително, 484 деца се во изолација. Тоа се над 500 семејства кои се во изолација поради пропусти во протоколите што биле преземени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека предлагале ваквите протоколи и подготовки за почеток на работата на градинките да се направат посистематски и со почитување на најстрогите препораки и мерки.

„На децата и на вработените и нивните семејства им посакуваме бргу да закрепнат, а на властите да почнат што побргу со сериозен и систематски пристап бидејќи се работи за здравјето и животите на најмладите и нивните семејства“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Љубе Бошкоски го предизвикува Мицкоски на ТВ-дуел

Објавено пред

Слушам декa, криејќи се зад други луѓе, Христијан Мицкоски деновиве ме прозвал на прес, вели Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија, кој го предизвика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ-дебата, за, како што вели, да се расветлат работите.

„Твоето дејствување се разликува од моето, се сеќаваш на бесрамното и невистинито тврдење дека си бил само про боно советник на Груевски во време кога тој со над 90 советници трошеше 1,73 милион евра народни пари“, вели Бошкоски и додава дека на обвинувањата одговара подоца бидејќи деновиве бил зафатен со состаноци со потенцијални бизнис-инвеститори од Загреб и Грац.

„Сето ова го правам на сопствен трошок бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци“, истакнува Бошкоски и потсетува дека уште пред речиси една година го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нa ТВ-дебата пред целaтa мaкедoнскa јавност.

„Охрабри се, Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски! Можеби ќе останат изненадени членовите на ДПМНЕ зад кои сега се криеш“, порачува лидерот на Обединети за Македонија.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија4 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија4 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија4 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија5 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија5 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија6 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет6 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија7 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет8 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија9 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет10 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет10 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет10 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа10 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет21 час

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија21 час

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа23 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија24 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија1 ден

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Досие