Контакт

Соопштенија

Мицкоски: Функционерите велат ја научиле лекцијата, но никој не дава оставка, чекаат деспотот што ќе одлучи

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

Тој посочи дека и тука како и низ целата држава граѓаните се разочарани и се свесни дека власта не ги испорачува резултатите.

„Нивните функционери велат ја научиле лекцијата од минатиот период на неработа, дека ја примиле пораката, дека ќе следуваат промени, но никој од нив не вели не успеав да испорачам резултати и да ги исполнам барањата на граѓаните, си поднесувам неотповиклива оставка бидејќи сум неуспешен. Сите закотвени во функциите, целосно свесни дека не успеале, и не ги бива чекаат деспотот да види што ќе одлучи, па ако може уште некое време да ги користат повластувањата од функцијата и да продолжат да не работат“, истакна Мицкоски на средбата.

Лидерот на опозициската партија рече и дека власта на чело со Зоран Заев нема морален компас.

„За овие луѓе моралот како вредноста категорија не постои, туку единствено се заинтересирани за бенефициите кои ги носат функциите и позициите. Затоа ова мора да се смени, а вистинската метла е во рацете на граѓаните кои ќе расчистат со криминалната и неспособната власт на следните избори“, порача тој.

 

 

Соопштенија

СДСМ:Не е точно дека видеонадзорот на некои гранични премини не функционира

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, партијата заштитник на криминалот, продолжува со измислување случаи, со извитоперување на извештаите и со креирање лаги преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.Борбата со криминалот, вклучително и во рамки на граничните премини, е врвен приоритет. Не е точно дека видеонадзорот на некои гранични премини не функционира како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, а уште поголема лага е дека камерите биле намерно исклучувани заради евентуални злоупотреби, реагира СДСМ.

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека на сите гранични премини освен видеонадзор од националниот координативен центар за гранично управување, постои и видео надзор од Царинската управа и дека е невозможно некој намерно да го исклучува видео надзорот.

,,Ниту една лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокрие фактот дека релевантни истражувања на јавното мислење покажуваат дека над две третини од граѓаните имаат доверба во полицијата и се чувствуваат безбедно.Официјални податоци ги демантираат лагите од скапоцениот дворец. Стапката на криминал бележи опаѓање, а се зголемува откривачката функција на полицијата, особено во делот на сузбивање на организиран и сериозен криминал и тоа по сите параметри.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека нема план, нема идеја ниту каква било мерка во интерес на граѓаните и дека целокупното десјтвување го темели на деструкција, лаги и измислици”, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Република Македонија се претвори во држава на мафијата

Објавено пред

Секоја држава има мафија, само Република Македонија се претвори во држава на мафијата! Што уште треба да се случи и каков ли извештај треба да излезе за Оливер Спасовски и неговиот ментор Зоран Заев да понесат одговорност за своето однесување и намерно или ненамерно замижуваат пред цутењето на криминалот во државата, за кое што веќе и меѓународно се анализира дека има политичка поддршка, праша  Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Извештајот на Глобалната иницијатива против организираниот криминал презентиран неодамна во Виена ги открива спрегите на организираниот криминал на Балканот, и недвосмислено пишува дека криминални групи во Македонија уживаат политичка заштита.
Пишувајќи за жариштата се наведува дека главните криминални групи во Скопје се групите од Арачиново, Кондово и од Грчец и тие уживаат политичка заштита. Тие ги водат трговијата со дрога, кражбата на возила, шверцувањето мигранти, но имаат и легални бизниси кои овозможуваат транспорт за шверцот, и можност за перење на пари.
Според пренесено сведоштво на полициски службеник за делувањето на граничните премини пишува дека: Службениците на граничните премини се под контрола на партиски функционери, при што се овозможува шверц во замена за поддршка за владејачката партија
По полноќ, околу 3 часот, полициските и царинските службеници често добиваат наредби од нивните шефови да ги исклучат сите камери и да замижат на околу половина час, за што добиваат соодветна награда. Тогаш минуваат камионите на криминалните групи кои се во спрега со власта“, рече Стоилковски.

Тој ги повика Оливер Спасовски и Зоран Заев да кажат кои се политичарите кои што стојат зад организираните групи од Грчец, Кондово и од Арачиново?

„Дали и кои други криминални структури уживаат политичка поддршка во замена за поддршка или лично богатење? Кој или кои се тие што наредуваат да се гасат камери и да се премижува на граничните премини додека се одвива нелегалниот транспорт? Дали ваквите дела се во врска со изјавата на Заев дека сопрел истрага за корупција за членови во владата? Дали делата се врзани со фотографиите на Заев со звучни имиња од подземјето?
Дали Спасовски и конечно ќе ги расчисти низата убиства, како она на Партизанска во Скопје, додека убиецот на Мартин Јанушев се уште е на слобода?“, праша Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Голем број на домашни компании се на прагот на затворање поради лошите политики на Владата

Објавено пред

Додека двоецот Заев и Анѓушев се шетаат по регионални бизнис форуми и се појавуваат на домашни бизнис собири каде ветуваат решавање на сите проблеми на бизнис сектори, сведоци сме дека голем број на домашни компании се на прагот на затворање поради лошите политики на Владата. Заев и Анѓушев ветуваат незапаметена помош за домашните компании преку сет на мерки и инструменти што на крајот видовме дека биле креирани за да блиски луѓе до нив ги земаат парите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев ветуваше во 2016 на парламентарните избори и 2017 на локалните избори дека ќе ги реши проблемите со „Југохром“ и дека вработените во „Југохором“ ќе се вратат на работа во 2018 година. Да не заборавиме каков е економскиот ефект од работењето на „Југохром“ за регионот. Денес гледаме во изјава на премиерот дека тоа нема да се случи и дека ќе барал други инвеститори за комбинатот што само ги потврдува неговите лаги и неостварени ветувања. Да не заборавиме дека Вицепремиерот Анѓушев ветуваше решавање на проблемите на „Еурокомпозит“ од Прилеп што исто така се покажа дека е уште една манипулација.

Во периодот на владеење на Заев и СДСМ нема инвестиции на домашните компании, нема нови работни места во приватниот сектор, нема странски инвестиции во ТИРЗ низ земјата кои тој и Анѓушев ги најавуваа со влезот на земјата во НАТО, нема капитални инвестиции кои ќе ги подобрат условите на бизнис секторот и граѓаните. Оваа владата на СДСМ предводена од Зоран Заев е способна само да лаже, да манипулира и да се шета низ бизнис форуми ветувајќи дека само што во земјата не започнал економски бум. Единствено нешто што испорача оваа Влада се повисоки даноци за бизнис секторот и креативните млади претприемачи во земјата, правна несигурност и непредвидливост на законската регулатива што на крај резултира во нарушување на конкурентноста и забавување на економската активност во земјата. Најдобар аргумент за тоа е фактот што додека сите земји во регионот остваруваат рекорди стапки на економски раст, Заев и Анѓушев се фала со 0% стапка на раст.

Не можете повеќе да ги лажете и манипулирате граѓаните и бизнис секторот затоа што веќе видоа и се уверија дека сте неспособни да ги решавате економските проблеми во земјата и затоа мора што поскоро да си заминете за да може економијата повторно да почне да расте и развива“ порача опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести1 час

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа2 часа

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт2 часа

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија2 часа

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа15 часа

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет17 часа

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет17 часа

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија18 часа

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Топ20 часа

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Свет22 часа

Харви Вајнштајн постигна вонсудска спогодба со жртвите од 44 милиони долари

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со...

Европа24 часа

(Видео) Британската премиерка Тереза Меј даде оставка

Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската...

Македонија1 ден

(Видео) Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот...

Спорт1 ден

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потргата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време...

Економија1 ден

Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во...

Свет2 дена

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната...

Свет2 дена

„Фејсбук“ отстранил над три милијарди лажни профили

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека од октомври минатата година до март годинава, биле идентификувани и отстранети повеќе од три милијарди лажни...

Свет2 дена

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ2 дена

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски2 дена

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Досие