Контакт

Соопштенија

Николоски во Стразбур на сесијата на ПС на Советот на Европа

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во следните три дена учествува на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбург. Николоски учествува по покана на Советот на Европа како почесен член, кој го стекна поради неговиот ангажман на високи позиции во Советот и резултатите што ги постигна, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На сесијата на ПС на Советот на Европа се одбележува 70-тата годишнина од Советот на Европа како најстара европска организација основана во 1949 година. Исто така, Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го избере новиот генерален секретар на организацијата. Денес, Амели де Монтхалин, францускиот министер за европски прашања, ќе има свое обраќање, а на 26 јуни пред Собранието ќе се обрати Марсело Ребело де Соуза, претседател на Португалија.

Точките на дневниот ред вклучуваат и дебата за убиството на Дафне Каруана Галиција и владеењето на правото на Малта, дебата за борбата против насилството врз жените и постигнување родова еднаквост, запирање на насилството врз децата, изјава на специјалиниот известувач на Обединетите нации за продажба и сексуална ескплоатација на деца, Мод де Бур Букикио.

Собранието исто така ќе разговара за ситуацијата во Сирија, постмониторинг-дијалог со Бугарија, ќе се разговара и за убиството на Борис Немцов и санкции и мерки од страна на земјите членки, како и за буџетот на Советот на Европа и Парламентарното собрание. Освен ова, ќе има и слободна дебата.

Николоски учеството на сесијата ќе го искористи за многубројни билатерлни средби. Денеска оствари средба со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, кој исто така учествува на сесијата.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Џабе сега Спасовски ветува кули и градови, кога неговата Влада беше неспособна

Објавено пред

СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека се неспособни ништо да изградат, велеат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, од каде ваквиот став го поткрепуваат со тврдење дека на актуелната власт ѝ требале две години само за да ги пушти автопатиташта што ги изградила претходната влада.

„Станува збор за Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица, каде уште без срам играа чочек во тунел. Три години еден метар асфалт не ставија на автопатот Кичево – Охрид и редица други директни показатели на нивното неработење“, се наведува во партиската реакција,

Во неа се додава дека тоа што Спасовски сега пред избори се слика и помпезно најавува проекти, не поминува кај граѓаните, бидејќи тие виделе дека СДСМ ништо не направил.

„Народот на овие избори поддршката ќе ја даде на Обновата, затоа што во неа се предвидени 1.000 конкретни и остварливи проекти, како изградба на автопат до Битола и експресен пат до Меџитлија, доизградба на автопатот од Кичево до Охрид, доизградба на експресните патишта кои СДСМ не беше способна да ги направи и реконструкција на над 1.000 километри магистрални, регионални и локални патишта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со Михајло Маневски, ВМРО-ДПМНЕ може да го обнови само сваровски-судството

Објавено пред

Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска-Давкова и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го обноват режимот на Никола Груевски преку најголемиот уништувач на правосудството – Михајло Маневски, велат од СДСМ.

„За што ли се советуваше Силјановска-Давкова вчера со човекот, кој заедно со Гордана Јанкулоска, е креатор на заробеното сваровски-судство, човекот што го партизира судството, кој нарачуваше судски пресуди, кој местеше партиски судии, само за да го заштити криминалот на Груевски и фамилијата. Дали Силјановска побара совет од Маневски како заедно со Мицкоски да ги спречат сите процеси што се водат против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како да го заштитат нивниот ментор Груевски, како да ги зачуваат парите што ги украдоа од граѓаните?“, прашуваат од партијата.

Од СДСМ велат дека Силјановска-Давкова, исто како и Мицкоски, одработува за Груевски.

„Таа е дел од шемата на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и очигледно ги дели истите вредности и ставови на Маневски, симболот на неправдата, со кого нема проблем да седи на иста маса. На 15 јули граѓаните масовно ќе излезат на гласање, целосно ќе расчистат со остатоците од режимот и ќе се определат за СДСМ и коалицијата ‘Можеме’, која носи европска иднина, стабилност и правда. Граѓаните нема да дозволат враќање на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски затоа што знаат дека тоа е опасно за државата. Граѓаните гласаат за сигурност, за стабилна иднина со СДСМ и коалицијата ‘Можеме’“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е балканска Ломбардија, затоа што парите ги јаде криминалната пирамида на Заев

Објавено пред

Во последното деноноќие има 168 нови заразени и тројца починати. Македонија поради неспособноста на власта на Заев е Ломбардија на Балканот и рекоред по смртност и заразени на еден милион жители, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Тоа е резултат на неодговорноста и криминогеноста на Заев и неговата власт. Тој беше посветен на градење на коруптивно рекетарски систем, наместо да се интересира за здравството или било која друга област во државата.

Народот слушна дека диктира истраги и одлуки на истражни органи. Народот слушна како бара евро за Вицето. Народот слушна како во државата се трампа правдата за милиони евра. Народот слушна сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршувале кај Зоран и Вице Заеви. Народот слушна сведоштво дека подземјето рекетирало и палело возила по наредба на Заеви.

Сето ова и уште многу други криминални шеми биле директно заштитувани од страна на Заев. Затоа Македонија тоне во секој аспект. Затоа сме најкорумпираната држава во Европа, затоа парите наместо во здравството, образованието, земјоделството завршувале на врвот на криминалната пирамида.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Заев и Филипче го посетија Иван, на кој му беше трансплантирано срце

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, утрово беа во посета на...

Македонија3 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија3 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија3 часа

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија3 часа

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија4 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија4 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион15 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет16 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион18 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија20 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија21 час

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија22 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија22 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија22 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија24 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет1 ден

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ1 ден

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ1 ден

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион1 ден

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Досие