Контакт

Соопштенија

Николовски: Патот кон ЕУ и НАТО ги отвора вратите за инвестиции на странските компании во земјоделството

Објавено пред

Патот кон Европската Унија и НАТО ги отвора вратите за инвестиции од странските компании во македонското земјоделство, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешните средби со земјоделци и претставници од бизнис-секторот во општина Босилово.

„Огласот што се подготвува за доделување државно земјоделство земјиште под закуп на три хектари ќе се однесува и на бизнис-секторот, односно на сите домашни и странски инвеститори коишто се заинтересирани за нови земјоделски капацитети. Условите под кои ќе се даваат површините е да се достави посебен деловен план за инвестиции и одреден број  вработувања. Нашата цел е секое слободно парче земја на државата да го ставиме во функција на земјоделците, на целокупната економија и максимално да ги искористиме сите потенцијали“, изјави Николовски.

Министерот додаде дека усогласувањето со европските регулативи и перспективата Македонија да стане членка во Унијата резултира и на приливот на директни странски инвестиции. Само во првото полугодие од годинава нивото на вкупните странски директни инвестиции во земјава изнесува 327 милиони евра, што е 3 пати поголемо од истиот период лани.

„МЗШВ активно работи и на мерки за зголемување на конкурентноста на земјоделските стопанства на домашниот и меѓународниот пазар. Следејќи ги европските препораки, МЗШВ поттикнува и формирање на земјоделските задруги и консолидација на земјоделско земјиште. Членството на Македонија во ЕУ и НАТО ја прави земјата привлечна и сигурна за домашни и странски инвеститори. Тоа значи повеќе инвестиции и повисоки субвенции, стабилен пласман, поголем пазар, сигурен откуп и повеќе приходи за нашите земјоделци“, заклучи Николовски.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да ги извади розовите очила и ќе погледне

Објавено пред

Заев да ги извади розовите очила и ќе погледне, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Факт број 1: Зоната во Сачево е пуста земја, без ниту една фабрика. Факт број 2: Ветувањето за 1.500 вработени и 16 нови фабрики е дадено пред 7 години, значи не 2, не 3, туку 7 години. Таму сега нема ниту една фабрика. Реакцијата на СДСМ не е ништо друго, туку безочно лажење, а фактите се во следните фотографии. Ако Заев лаже, сликите не лажат“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ контра Мицкоски: Сите парцели во Сачево се продадени

Објавено пред

Лицемерна и лажна е грижата на антинародниот пион Христијан Мицкоски за тоа како живеат граѓаните на Струмица. Особено затоа што токму неговата ВМРО-ДПМНЕ и неговиот ментор Никола Груевски 11 години не само што не вложија ниту еден денар туку дополнително ја опструираа работата на локалната власт, фирмите беа под постојат притисок и казни, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, на Мицкоски во тоа време не му беше важно што Струмица и граѓаните на оваа општина 11 години беа заборавени од централната власт на ВМРО-ДПМНЕ, единствено го интересира бизнисот со хидроцентралите што го доби од својот ментор Груевски.

,,Мицкоски продолжува да шири лажни вести секаде каде што се појавува. Вистината за индустриската зона Сачево е сосема поинаква од она што го тврди пионот Мицкоски.
Сите парцели од индустриската зона кај Сачево се продадени. Парцелите со вкупна површина од 396 илајдиквадратни метри ги купија 16 домашни и странски компании кои градат свои производствени погони. Општината веќе обезбедува патна и комунална инфраструктура, услови за градба и непречена работа на инвеститорите.

Компаниите што имаат подготвени архитектонски проекти веќе имаат и дозволи за градба. Сите активности се одвиваат во согласност со роковите, плановите и можностите на инвеститорите.
Наместо да шири лажни вести, Мицкоски може да учи што е економија и економски раст и развој. Рекордниот износ од 327 милиони евра странски инвестиции во првото полугодие од 2018, растот на БДП во третиот квартал од годинава и падот на невработеноста на 20,8 отсто се само дел од економските показатели што ги демантираат лагите на Мицкоски и докажуваат дека економијата се движи во добар правец. Очигледно е дека Мицкоски, ниту на граѓаните на Струмица ниту на граѓаните на Македонија, не може да им понуди ништо, освен измислици, лажни вести и одбрана на криминалот на својот ментор Груевски“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Црните лампиони најдобро прилегаат во кабинетот на Мицкоски

Објавено пред

Опседнат со црнила, Христијан Мицкоски им наметнува црнила и на младите од подмладокот од неговата ВМРО-ДПМНЕ. Подмладокот на Мицкоски ја погрешил адресата, црните лампиони треба да ги закачат во скапоцениот дворец на најбогатата партија во Европа и токму во неговиот кабинет, на Мицкоски, бидејќи таму најдобро прилегаат. Тоа е адресата за сите 11-годишни црнила во кои беше завиена државата, црнила што беа силно поразени од граѓаните, соопшти СДСМ.

Според партијата, најголемото црнило беше 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога младите беа целосно заборавени, маргинализирани и игнорирани. А во тоа црнило светлина единствено гледаше раководството на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник на Груевски, Христијан Мицкоски, кога впрочем и ги добил бизнисите со хидроцентралите.

,,За разлика од таквиот однос на антинародната ВМРО-ДПМНЕ, денес, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со младите и гради квалитетни младински политики. Гаранцијата за младите, зголемените средства за ученички и студентски стандард, зголемениот опфат на мерката за неповратни 10.000 евра за поддршка на младите земјоделци се само дел од мерките преземени во интерес на младите“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски2 часа

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток3 часа

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток4 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток5 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток7 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија7 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија8 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток9 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија9 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија10 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа11 час

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет12 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија13 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа23 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ1 ден

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Досие