Контакт

Соопштенија

Николовски: Членството во НАТО и ЕУ ќе значи повисоки откупни цени за грозјето, зголемена конкурентност и сигурен пласман на европските пазари

Објавено пред

Приближувањето кон НАТО и ЕУ ќе значи повисоки откупни цени за грозјето, сигурен пласман на европските пазари за грозјето и за нашето вино, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој е во посета на Демир Капија.

Николовски потенцира дека патот што Владата го трасира кон НАТО и ЕУ е историска можност за Македонија, а со договорот со Грција се отстрани најголемата пречка на овој пат кон европска Македонија и европско земјоделство.

„Државата носи многу мерки за поддршка на лозарите, но многу повеќе можеме да направиме заеднички со ЕУ и НАТО. Државата се наоѓа пред еден од најважните моменти, затоа ни се потребни ЕУ и влезот во НАТО. Тоа ќе значи многу и за македонската економија и за лозарството како најзначајна извозно-ориентирана стопанска гранка. Нашиот влез во НАТО и во ЕУ ќе значи повисоки откупни цени за грозјето, сигурен пласман на македонските производи, на грозјето и виното, зголемени европски субвенции, зголемен извоз, отворање пазар со 500 милиони потрошувачи. Затоа, 30 септември е денот кога треба да излеземе и да гласаме за европска Македонија“, изјави Николовски.

Mинистерот истакна дека секоја мерка што се презема во лозарството е во насока на зголемување на производството на грозје и воведување нови сорти кои се барани на странските пазари. Во таа насока се воведе нова дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за сортите „смедеревка“ и „вранец“, која ќе придонесе за поголема рентабилност на производството, 20 отсто се зголеми субвенцијата за одржување лозови насади за земјоделците со развоен потенцијал, лозарите што имаат од 1 до 10 хектари лозје, наместо 40.000 денари, ќе добијат 48.000 денари за хектар за одржување насади. Претворена во килограми оваа субвенција изнесува половина денар за килограм, што значи дека вкупната финансиска поддршка заедно со дополнителната субвенција ќе изнесува 1,5 денар за килограм. Во рамките на посетата на Демир Капија, Николовски имаше средба со градоначалникот Лазар Петров и ги посети откупните пунктови за грозје. Во текот на денот ќе има и средба со лозарите од овој регион, со цел да се види моментната состојба со бербата и откупот на грозје.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со безбедноста во сообраќајот е хаос

Објавено пред

Состојбата со безбедноста во сообраќајот е катастрофална. Граѓаните секојдневно гинат додека на Спасовски и Заев прв приоритет им е доделувањето на монополскиот бизнис со испитните центри на фирми без никакво искуство кои го исполниле единствениот критериум, а тоа е блискоста со картелот на власт, обвинува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните. Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира. Пред два дена во село Доброште, Тетовско, црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода. Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира. МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека сè уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани. Велат, Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто-мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс “, откако ѝ била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа ѝ била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена.

„Поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде што регистрација врши ‘Дурмо турс’ и по кои основи истата е вратена? Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца? Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност? Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту, пак, околностите во кои настанала“, прашува опозицијата.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Платена праксата за младите доктори

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение потсети дека една од новините во здравството  е воведувањето шестмесечна платена практична работа за младите доктори.  Веднаш по дипломирањето, односно добивањето лиценца младите доктори ќе имаат можност да  имаат 6-месечна практична работа во здравствените домови во Итната медицинска помош, вакциналните пунктови и во поливалентната патронажна служба, а потоа ќе можат да специјализираат.

„Ова е само еден од многуте чекори што ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава“, велат од СДСМ.

Додаваат дека претходно како дел од мерките со цел вреднување на трудот на медицинските работници било и зголемувањето на основната плата на здравствените работници, соработници и помошниот технички персонал во здравството, од 5 до 10 проценти. Од септември, додава СДСМ, предвидено е зголемување на платите и на административните работници во здравството.

„Промени се воведоа и во плаќањето надоместок и на приватните специјализанти и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд. Владата предводена од СДСМ, преземајќи ги овие чекори овозможи привлекување нови кадри во јавното здравство, каде што само минатата година се вработија 3.200 здравствени работници“, се додава во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски е симбол за непотизам

Објавено пред

„Вистинската адреса за прашања за непотизам е Христијан Мицкоски. Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговори како нивниот шеф станал асистент токму кај сопствениот татко и како добил бизнис со хидроцентрали од владата во која бил советник за енергетика. Мицкоски е симбол за непотизам и судир на интереси“, соопшти СДСМ.

Од партијата велат дека СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизам, притисоци и политика.

„Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана, а доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Во меѓувреме почна повлекувањето од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и сè уште е непозната категорија. Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите што им ги обезбедила за време на нејзиното 11-годишно владеење“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Заев и Димитов нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија59 минути

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Македонија2 часа

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на булеварот 1 Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при...

Регион2 часа

Непознат маж му се заканувал на Мицотакис со бомба

Лидерот на опозициската Нова демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сè уште...

Македонија2 часа

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа „за“, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција...

Македонија3 часа

Синот на пратеникот Мисовски: Поднесов оставка поради хистеријата, се надевам јавноста ќе здивне

Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија...

Свет4 часа

Ердоган: Турција не ќе може сама да се справи со нов бегалски бран од Сирија

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неговата земја нема да може сама да се справи со уште еден бран...

Свет4 часа

Најмалку четворица повредени откако лавина зафати швајцарски скијачки центар

Четири лица беа повредени, од кои еден е во критична состојба, откако лавина ја погоди скијачката патека „Плен мор“ во...

Свет5 часа

Французин осомничен за десетици убиства, се истражува дали е поврзан со исчезнувањето на 40 лица

Француските иследници идентификувале околу 40 нерешени случаи на исчезнати лица и други нерешени случаи кои се можеби поврзани со поранешен...

Свет16 часа

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата. Words...

Европа17 часа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според...

Македонија17 часа

Ѝ се слоши на обвинетата Стефановска – судењето за „Титаник 2“ одложено

Од 11 до 18.30 часот, со две паузи, траеше денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 2“. Денеска требаше да...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија18 часа

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток20 часа

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија20 часа

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија20 часа

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија22 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија23 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија23 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Досие