Соопштенија
Николоски на средба со Сијарто: Работиме на продлабочување на односите на Македонија со Унгарија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Унгарија, Петар Сијарто.
Од партијата велат дека средбата доаѓа како продолжение на претходната дипломатска посета којашто делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја имаше со врвот на унгарската влада, како и во функција на реализација на заложбите за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, интензивирање на соработката на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕС и продлабочување на односите на Македонија и Унгарија.
„На средбата Николоски – Сијарто разговараа за продлабочената соработка и јакнење на капацитетите на двете сестрински партии Фидес и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската народна партија, како и продолжување на напорите на одблокирање на патот кон Европската Унија. Потпретседателот Николоски истакна дека исклучително важно е да не се губи време со интеграциите на Македонија и од голема помош е секоја поддршка и лобирање на пријателите како што е Унгарија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Левица: По чија мерка се прекројува образованието?

Неприфатливо е политичари да дискутираат за содржини во учебници и да најавуваат промени и цензура, реагираат преку соопштение од политичката партија Левица.
Осврнувајќи се на реформите во образованието од оваа партија велат дека основна особеност на образованието и науката е објективноста.
„Содржините во учебниците треба да бидат јасни, илустративни, соодветни на возраста и степенот на образование, засновани на потврдени и прифатени научни факти, а не дали тие се прифатливи или неприфатливи за дневнополитичките манипулации и трибалистичкиот популизам на одредени политички групации. Тоа што е неприфатливо е дневната политика и тесните партиски интереси да ги кројат наставните програми и учебниците, според кои ќе се образуваат децата и младите во Македонија“, велат од Левица.
„Да не заборавиме дека Арбр Адеми, довчерашниот министер за образование, денешен преговарач за квалитетот на учебниците, се има стекнато со научно звање надвор од законски дадената рамка на криминален начин, што ни малку не го препорачува за лице соодветно за преговори, освен ако и измените не подразбираат некое незаконско дејство“, стои во соопштението од таму.
Додаваат, дека Левица во својата изборна програма и низ своето дејствување се залага за образование и учебници по мерка на личноста, бесплатно, јавно и достапно за сите, затоа што само такво образование според нив може да креира личности кои ќе успеат да создадат пристојно општество за живот.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков бил во Србија, од таму преговарал со Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција за случајот со Сашо Мијалков.
„Крими-коалицијата Сашо Мијалков-Зоран Заев го урива системот. Мијалков од Србија преговарал со Заев, а Заев лаже дека Мијалков не го напуштил Скопје. Доколку е така, зошто е распишана национална, а потоа и меѓународна потерница? Заев ја претвори државата во тезга“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму прашуваат: „Доколку Мијалков бил во Скопје, тогаш зошто МВР не извршила претрес во станот или куќата каде што бил сместен Мијалков и што нашле таму?! Што крие Заев и дали мисли дека јавноста верува во приказните за качување и симнување на температура“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија идната година, како што велат „наместо на 111. би била на 150. место“ по стапката на корупција.
„Македонија тоне во корупција. Со Заев никогаш нема ниту да излезе“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Мицкоски ги злоупотребува заболените од коронавирус, пописот ќе се спроведе во согласност со сите мерки за заштита

Без срам и перде Мицкоски ги злоупотребува заболените од коронавирус во своите деструктивни политики, пописот ќе се спроведе во согласност со сите мерки за заштита, реагираат од СДСМ, на изјавата на лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Претстојниот попис на населението и на домаќинствата ќе се спроведе по сите светски стандарди и со почитување на сите протоколи и мерки за заштита на здравјето од коронавирусот. По 19 години, државата ќе спроведе попис со кој ќе се добијат релевантни, прецизни и точни податоци, важни за креирање и спроведување долгорочни, одржливи политики и стратегии. Христијан Мицкоски одново бара алиби, како што бараше алиби за да побегне од локалните избори во Штип“, велат од СДСМ.
Потрчкото на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Христијан Мицкоски, човекот што прв ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот, додаваат од партијата, денеска без срам и перде ги злоупотребува заболените и починатите од коронавирус во своите деструктивни политики на штета на граѓаните и државата.
„Тоа е Мицкоски, кога не шири лажни вести, кога не брани криминал, тогаш злоупотребува човечки несреќи во обид да ќари некаков политички поен во обид да си ја зачува фотелјата во белиот дворец. И додека тој бара одлагање на пописот глумејќи загриженост за здравјето на граѓаните, неговите соработници организираат јавни собири собирајќи потписи за спас на неговата фотелја во белиот дворец. Мицкоски не е загрижен за здравјето на граѓаните ниту, пак, сака државата да спроведе попис по цели 19 години. Сè што тој прави е само за да го спречи напредокот на општеството, државата да остане без попис и целосни податоци, но тој филм нема да го гледа. Граѓаните одамна го знаат тоа и затоа Мицкоски шест пати е поразуван, затоа е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму“, се навеува во реакцијата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер