Контакт

Соопштенија

НСДП: Инсистирањето воено лице да раководи со МВР ќе ја засили перцепцијата дека Мицкоски е уплашен од изборните резултати

Објавено пред

Инсистирањето воено лице да раководи со МВР ќе ја засили перцепцијата на јавноста дека Христијан Мицкоски е уплашен од изборните резултати и не сака соочување со гласачите на 12 април, изјави пратеничката и потпретседателка на НСДП, Соња Мираковска.

„Во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ функцијата технички министер за внатрешни работи да ја преземе воено лице, сакаме да го соопштиме следниот став: прво, не постои ниту едно правно толкување според кое изричната уставна одредба дефинирана во член 97 може да се избегне. Дискусијата за наводни преседани е неодржлива, несериозна и го доведува во прашање уставниот поредок на Република Северна Македонија. Второ, инсистирањето воено лице да раководи со МВР ќе ја засили перцепцијата на јавноста дека Христијан Мицкоски е уплашен од изборните резултати и не сака соочување со гласачите на 12 април. Имаа предлог за брзи избори во декември Мицкоски го одби со образложение дека роковите за техничката Влада не смеат да бидат покуси од 100 дена. Токму заради тоа беше договорен 12 април. Сега ВМРО-ДПМНЕ нека си го одржи зборот“, рече таа.

Мираковска кажа дека пратениците на НСДП нема да гласаат за евентуалниот предлог армиски полковник да биде на чело на МВР.

„Не навлегувајќи во биографијата на Драган Ковачки, сметаме дека е недозволиво оној кој ќе има обврска да го штити уставот, законите и безбедноста во наредните 100 дена до изборите да биде изгласан со кршење на уставот“, рече таа.

НСДП апелира до опозицијата да не се обидува да ја држи земјата во заложништво. „Знаеме дека вистинската кадровска политика се крои од Будимпешта, но се надеваме дека во ВМРО-ДПМНЕ сè уште има сила и разум да го разубеди Мицкоски во неговите намери да ги опструира изборите. Граѓаните се уморни од блокадите и сопките на ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваме да предложат ново решение, кадар што ги исполнува уставните критериуми и утврдените принципи за да се одржат изборите на 12 април“, рече пратеничката.

Соопштенија

ФРОДЕМ: Обвинителството да провери дали ВМРО-ДПМНЕ има нови докази за „Рекет“ или дава лажни искази

Објавено пред

Во Република Македонија одамна функционира на дело т.н. свето тројство – сваровски-судство, Русковска-обвинителство и Долче и Габана-политичари, велат од политичката партија Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

„Навидум сите се за ред и поредок, а цело време сме сведоци на анархија. Капак на сето тоа се и случајот ‘Рекет’ и торбите ‘луј витон’ . Сите вмешани, а на крај сите чисти“, се наведува во соопштението на партијата чиј лидер е Јове Кекеновски.

Во него понатаму се цитира изјава од Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој рекол: „ако судот не ја заврши својата работа за случајот со СЈО и ‘Рекет’, тогаш ДПМНЕ ќе објави нови сознанија за тој случај“.

„Сакаме да ја потсетиме јавноста дека и партискиот шеф на Николовски пред неколку месеци даде изјава со слична содржина, а кога тоа ќе се чуе од првите двајца луѓе на засега најголемата опозициска партија, тоа треба серизно да се земе предвид“, велат од ФРОДЕМ.

Од таму повикуваат Обвинителството да го сослуша раководството на опозициската партија во врска со овој случај.

„За да се открие целата мистерија за случајот ‘Рекет’ и да се стави крај на сите шпекулации и нејасности во врска со него, ФРОДЕМ ги повикува (какво-такво) надлежното Обвинителство и судот итно да ги повикаат и да ги сослушаат гласноговорникот Николовски и неговиот шеф и да видат и чујат што е тоа што тие го знаат, а не го знаат обвинителот и јавноста и, конечно, да стави крај на сите идни манипулации, калкулации и игри за престолот“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека само на овој начин судот и надлежното Обвинителство имаат ретка можност да ги проверат, но и да дојдат до евентуално нови сознанија, а во спротивно доколку повиканите лица немаат нови докази, тоа е убава можност првпат во земјата да се поведе постапка против политичари за давање лажен исказ.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Димков: СДСМ со денови ја опструира работата на постојаната анкетна комисија

Објавено пред

СДСМ со денови ја опструира работата на постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Императив за секој пратеник е претставничката улога што ја има во законодавниот дом и заштитата на правата и слободите на граѓаните би требало да биде на прво место, изјави Трајчо Димков, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно ги повикуваме пратениците на СДСМ да одговорат зошто не доаѓаат на оваа значајна комисија и со тоа ја попречуваат нејзината  работа. За информација на јавноста, на СДСМ не му одговара заклучокот што неминовно ќе произлезе доколку заседава оваа комисија, а се однесува на скандалозниот закон за управување со Охрид како заштитено подрачје под УНЕСКО, што го поднесе во Собранието, па експресно го повлече и отиде со лажен закон пред комитетот на УНЕСКО во Баку.

Освен тоа, на заинтересираните, поточно невладината ФРОНТ, им е оневозможено слободен пристап до информации од јавен карактер. Собранието не може да донесе заклучок за да се утврди одговорност на носителите на јавните функции и да помогне во заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Ги прашуваме пратениците дали само она што ѝ одговара на власта е од јавен интерес и зошто тие како претставници на граѓаните не овозможуваат штитење на јавниот интерес. Преку оваа анкетна комисија СДСМ си ја покажа дволичноста пред целата македонска јавност“, порача Димков.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Црните сценарија што ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните

Објавено пред

Исплашен од поразот што му следи, Заев се обидува да ги заплаши граѓаните дека доаѓа крајот на светот ако не се согласуваат со неговиот капитулантски договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека се ближи денот кога Заев ќе треба да одговара за тргувањето со државните и националните интереси за продажбата на јазикот и историјата.

„Тој се служи со апокалиптични сценарија претставувајќи дека единствениот начин за преживување е неговото виткање на ‘рбетот. Македонските граѓани се свесни дека единствената причина поради која Заев го потпиша капитулантскиот преспански договор беше за да ги покрие сопствените криминали преку кои тој го оштети државниот буџет за стотици милиони евра. Граѓаните знаат дека тој договор беше обид за спас на Зоран Заев и неговите пајташи, а не за спас на Македонија и граѓаните.

Преспанскиот договор, наместо подобар живот, на граѓаните им донесе заробени институции, секојдневни престрелки на улиците и афери, како „Рекет“, „Сархемс“, „Леонардо“, но и крвави тендери и концесии за марихуана, од кои единствена корист има Заев и врхушката на власт околу него.

Ни трага ни глас нема од нови болници, училишта, студентски домови и студентски град, 500 километри автопати, големи инвестиции, како „Гугл“ и „Фејсбук“, а нема ни почист воздух. Нема ништо од тоа што го ветуваше кога на плоштадите ветуваше живот за сите, а животот дојде само за него и функционерите на власт.

Наместо живот, донесе сиромаштија и беда, јавниот долг вртоглаво расте, а повеќе од половина милион граѓани на Македонија едвај преживуваат. Затоа, граѓаните ќе го казнат Заев. За сите овие злодела и порази што ги испорача изминативе три години.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство, ќе стори сè што е можно за да ги коригира штетите што Зоран Заев ѝ ги направи на Република Македонија. Toa не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега. Црните сценарија што ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните. Заев повеќе никогаш нема да биде премиер и ќе биде жестоко поразен на 12 април, а после тоа следува обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од опозициската партија преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, едно кило месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет34 минути

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет59 минути

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13 часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп, вклучувајќи...

Свет1 час

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион1 час

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос, поради владиното справување со мигрантите кои пристигуваат од...

Свет3 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет4 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет5 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија5 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура16 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет17 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт18 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет19 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион21 час

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет23 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија24 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија1 ден

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија1 ден

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија1 ден

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет1 ден

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Досие