Контакт

Соопштенија

ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат

Објавено пред

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) соопшти дека е поништена резолуцијата 602 поднесена на 1 август 2018 од страна на сенаторите Крис Марфи и Рон Џонсон во Комитетот за надворешна политика на американскиот сенат, а за поддршка на преспанскиот договор.

„Резолуцијата 602 преку интерпретација на сите неистомисленици на преспанскиот договор како антизападно ориентирани активисти под проруско влијание, кои одбија да го валидизираат насилието со глас ‘за’ на консултативиот и манипулативен референдум за промена на уставното име и идентитет на Република Македонија, имаше за цел да ја оправда меѓународната интервенција во спроведувањето на преспанскиот договор. Преку повикување на основното човеково право на самоопределување и изнесување факти кои го негираат и анулираат руското влијание во Македонија, ОМД на правен и дипломатски начин на застапување на националните интереси успеа да издејствува поништување на резолуцијата 602, која имаше за цел да ја помогне присилната промена на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија како бесправна разрешница на 27-годишниот билатерален спор со Грција“, велат од ОМД.

Покрај резолуцијата 602, од таму велат дека оствариле победа и врз резолуцијата 804,  претставена на 22 март 2018 година од страна на прогрчкиот конгресмен Каролин Маноли, кој, како што велат, тврдел дека „Македонија е, била и ќе остане грчка“.

„Несогласувањето со резолуциите 602 и 804, ОМД, како и македонско-американската заедница, го изрази по правен и дипломатски пат на директни средби, проследување на официјални писма и телефонски разговори со сенаторите и нивните советници за надворешна политика, како и со членови на Претставничкиот дом на САД, од страна на тимот на ОМД задолжен за застапување на интереси со седиште во Вашингтон“, велат од ОМД.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина законското усогласување на пензиите, а денес глуми загриженост

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е партија што го укина законското усогласување на пензиите, манипулираше со пензионерите, а денес глуми загриженост за пензионерите, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на Владимир Ѓорчев.

Од таму обвинуват дека власта на ВМРО-ДПМНЕ со своитe лоши и, како што се вели, криминални политики зад себе оставила огромен дефицит во фондот на ПИОМ и директно им наштетила не само на сегашните туку и на идните пензионери.

„За разлика од таквиот неодговорен однос, Владата предводена од СДСМ обезбедува редовна исплата, континуиран и стабилен раст на пензиите. Ако во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2018 година таа изнесува 14.421 денари. Владата со закон дефинираше дека пензиите ќе се усогласуваат редовно, и тоа двапати во годината, а воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален раст повеќе од 4%“, стои во партиската реакција.

Од СДСМ истакнуваат дека уште од самиот почеток на мандатот, Владата носи нови мерки и законски решенија што се во интерес на граѓаните.

„Пензионерите кои примаат помалку од 14 000 денари пензија добиваат бесплатно болничко лекување. Рударите се пензионираат само со работен стаж. Со усвоените законски измени, жените ќе одат во пензија со 35, а мажите со 40 години работен стаж, што беше долгогодишното барање на рударите кое ВМРО-ДПНЕ го игнорираше“, велат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија

Објавено пред

Со секоја своја постапка ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски покажуваат дека се против заедништвото, против напредокот, против европските вредности и концептот едно општество за сите, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев, генералниот скретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неоснованите иницијативи, пласираните невистини и деструкцијата на антизпадниот Мицкоски, здружен со Јанко Бачев, нема да го поткопа концептот едно општество за сите, нема да го спречи напредокот на Македонија.

Не е точно дека Законот за употреба на јазиците е неуставен, како што тврди антинародното ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината е дека е во согласност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.

Законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година.

Прв официјален јазик во Македонија останува македонскиот јазик сега и меѓународно признат од целиот свет“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од партијата додаваат дека објавувањето на Законот во „Службен весник на РМ“ со потпис на претседателот на Собранието е единствено поради „безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов, кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по вторпат со потребното мнозинство во Собранието“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Откако Иванов го прекрши Уставот, како што додаваат од партијата, во надлежност на Собранието и согласно можностите коишто ги дава Уставот, објавувањето на Законот е правен, законски механизам.

„Не поминуваат деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните силно го поддржаа концептот едно општество за сите и одбраа иднина во ЕУ и НАТО. Нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темното минато на изолација, поделби, омраза и неизвесност“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Ѓорчев: Заев и СДСМ директно удрија врз пензионерите, се крати растот на пензиите

Објавено пред

Откако ги покачија даноците и давачките кон државата, донесоа закон за зелени пазари  што ќе ги остави поголем дел од пазарџиите без извор на егзистенција, сега СДСМ удри повторно и по пензионерите, обвини Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Зоран Заев повторно удираат по една од најранливите категории граѓани. Пензионерите годинава со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе земаат помала пензија отколку што ќе земаа со претходното законско решение  што го донесе ВМРО-ДПМНЕ. Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира“, рече Ѓорчев.

Уште еднаш, додаде тој, пензиите со оваа влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија. Значи, рече Ѓорчев, се анулира и се крати зголемувањето  што требаше да го имаат пензионерите, а  беше законско решение на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија4 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија5 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија5 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија6 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија7 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија8 часа

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија9 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски9 часа

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски10 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести10 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија10 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет10 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија11 час

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион12 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет13 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет13 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет14 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија1 ден

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Досие