Контакт

Соопштенија

Општина Гази Баба: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваат граѓаните

Објавено пред

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваат граѓаните, залудни се нивните обиди преку деструктивно однесување да ја закочат работата на општината, се вели во реакцијата од општината на обвинувањата на Александар Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека општина Гази Баба под раководството на Борче Георгиевски стана пример за кршење на законите.

„Како член на Советот Александар Трајковски треба да знае дека во моменти кога претседателот на Советот одбива да свика седница, право да свикаат седница на Советот имаат и градоначалникот, како и членовите на Советот. Токму Александар Трајковски треба да одговори зошто ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира работењето на Советот на општина Гази Баба. Предложените точки на 16-тата седница, се истите оние две точки кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира уште од 28.09.2018 година, коа за прв пат се поставени на дневен ред на 14-тата седница“, се вели во реакцијата.

Од таму додаваат дека останува се уште нејасно како тоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ уште на 26.09.2018 година кога се одржувала седницата на Комисијата за урбанизам гласале за овие две предложени точки, со заклучок дека комисијата едногласно предлага Советот да ги усвои предложените две точки кои се однесуваат на деталните урбанистички планови.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лаги да ги замајува граѓаните и конечно да почне да работи во нивен интерес. Заборавете и на момент настрана оставете го интересот на поединци од вашето конфузно раководство. Доколку како советничка група немате сила да се охрабрите и да се спротивставите на тие штетни совети од вашето раководство, тогаш чесно е да им го кажете тоа јавно на граѓаните и да се повлечете“, пишува во реакцијата.

 

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски е единствениот кој го брани криминалот на Груевски

Објавено пред

Тоа што Христијан Мицкоски се обидува да го претстави носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски за жртва, уште еднаш потврдува дека антизападниот Христијан Мицкоски е единствениот што го брани криминалот на Никола Груевски, порачаа од СДСМ.

„Затоа Мицкоски не одговори за средбата со неговиот ментор, Никола Груевски, затоа не одговори ниту за неговите посети на Белград и Будимпешта во октомври 2018 година.

Јавноста ќе ја дознае целата вистината. Како што излегоа на виделина шемите на Мицкоски со Никола Груевски за неговите хидроцентрали токму во време кога му бил советник.

На антизападниот пион Мицкоски и на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде кристално јасно: криминалот на Никола Груевски не може да го одбранат, правда ќе има“ се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска пак ги излажа граѓаните, и по две години вработеноста не е намалена

Објавено пред

Владата на СДСМ и министерката Мила Царовска повторно ги излажаа граѓаните, се огласи со реакција ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Царовска.

„Две години поминаа откако тие се на власт во земјата, но нивото на невработеност се повеќе се зголемува. Нема капитални инвестици, нема отворање на нови работни места, а сето тоа е резултат на нивната неспособност и расипничко работење. СДСМ не исполни ниту едно од своите ветувања, а не успеа да креира ниту една нова мерка за вработување.

Со лошите економски политики на СДСМ и воведувањето на прогресивниот данок само ќе придонесат за зголемување на стапката на невработеност и затворање на голем број фирми што ќе остави голем број на граѓани на улица како во времето на транзицијата.

Поради лошите политики на СДСМ и неажурноста на Царовска се повеќе млади ја напуштаат земјата.

Лошото министерување на Царовска излезе на виделина и не и поминуваат бледите изјави пред граѓаните“ порачаа од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„ЕДС“: Компанијата нема земено ниту денар од УЈП, ВМРО-ДПМНЕ покажува несериозност

Објавено пред

„ЕДС“ веќе се произнесе во врска со искажаните невистини и е повеќе од смешно и крајно несериозно што политичка партија држи прес конференција за веќе демантирана информација, реагираат од компанијата на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека „ЕДС“ си го наплатила долгот од над 1 милион евра пред „Фени“ да отиде во стечај.

„Нашиот став ќе го повториме уште еднаш – ‘ЕДС’ нема земено ниту еден денар од УЈП по основ на наплата на каков било долг во однос на ФЕНИ. ‘ЕДС’ никогаш не ја реализира наплатата во споменуваниот договор и не се пријави во редот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител и бевме третирани како и сите останати обични доверители“, се вели во реакцијата.

Како што претходно кажавме, додаваат од таму, заради изнесени лаги и неосновани наводи, во врска со нашата компанија, „ЕДС“ преку своите правни застапници ги презема и ќе ги преземе сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на угледот и честа на компанијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски11 час

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија12 часа

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија13 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија13 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија14 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate16 часа

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести16 часа

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести17 часа

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски1 ден

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија1 ден

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија1 ден

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија1 ден

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски1 ден

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски1 ден

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет2 дена

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Бегството на Груевски2 дена

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Бегството на Груевски2 дена

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Досие